1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се плашам од породување

Дискусија во 'Бременост' започната од XstrongerX, 10 јули 2010.

  1. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    3.804
    Не сфаќаат дека секој е со своја судбина, она што му се случило на еден не значи дека ќе се случи на сите. А форумиве постојат за делење мислења, ете јас после тоа што го слушнав не ни отидов на скрининг кај Димчев а не па да ме пораѓа тој. Затоа е добро да се слушнат искуства, мислења, да се избегнат одредени доктори. Решиле мајки да бидат а се плашат и паничат за секакви муабети.
     
    На joy1 и emkaemka им се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Па темата е отворена од девојчиња полни со прашалници, како изгледа породувањето и немаат благе везе од бременост и породување а ете ги интересира...

    И нормално е да има секакви прашања и муабети тука, а и тие муабети тешко може да се избегнат, никој не и праќал лични пораки на трудниците па да ги плаши туку форум на кој луѓето разговараат на секакви теми без намера некој да плашат и не знам што е толку страшно и неосетливо..

    Ова ти е исто како тие што си бараат дијагнози на интеренет и се преплашуваат, сигурна сум и дека многу трудници сами гуглаат за породилни приказни, а нормално е дека има секакви приказни.
     
    На Oscar Lady, MilaP, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.019
    Пол:
    Женски
    Sekoe dobro mami ali kako sto I nekoja pogore pisa sekoj so svoja sreka I ksmet. Mnogumina imame losi iskustva I opet sme trudni pa znaci koga se desava se desava, ne sme so mislata ednas taka I pak taka :)
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Ајде доволно е, не ја носете и оваа тема оф-топик со непотребни расправии, нека си остане за тоа што и е намената.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Идни мајки кои ве чека порагај....
    Прво и основно:на порагај не се умира.На порагај се донесува нов живот на овој свет.Живот кој ке го обои вашиот со сите бои на виножитото.

    На оние кои за жал им се случило ,искомплицирало нешто на порагај верувајте тоа влече корени од порано.Некој пропуст направен од старт,аномалија кај мајката не откриена на време,итн итн.Сите си имате уредна бременост ,некој ете полесна некој потешка и сите ке си имате уреден порагај.Некој поболен некој помалку.

    Јас два пати се породив со брзина на светлината.Ни сечена ни ништо.А исто се плашев.100 сум била присутна на порагај а кога дојде време за мене се испаничив :) Жив човек де..

    Се поминува се се заборава
    Самп храбро,позитивно
    Лошо искуства има секаде.Но не се потпирајте на нив.Туку на позитивните
     
    На Едно Чупе, Annath, Eli23 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Да речете дека ви е страв од пораѓај оти некоја умрела на пораѓај е исто како да речете дека ви е страв во кола да се возите оти некоја умрела во сообраќајка.
     
    На podravka, Viktorijaaa5, zalosna и 9 други им се допаѓа ова.
  7. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    samo pozitivno razmisluvanje zeni, toa e moment koj pominuva za sekunda i bolka koja se zaborava vo istiot mig koga ke go vidite sopstvenoto dete.
    uzivajte vo bremenosta i relax, ne se polnete so negativni misli, sekoj so svojata sudbina.
     
    На zalosna и joy1 им се допаѓа ова.
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Ete vo pravo ste se se zaborava posle guskanketo so maloto kolku da bilo stresno i traumticno bar kaj mene. Jas bi rodila uste 5 :) no znaete sto imam drug problem mm se plasi pak da zabremenam neznan kako da mu objasnam deka ete vtoriot moze nema da e kako prviot i zapnal da sobirame pari za privatna klinika a jas pak bi odela vo gak. On e po potresen od mene :) sovet za idnite mamicki sto i da e ke pomine kako vleglo mora da izleze :) da fakt e nekoj polesno nekoj potesko no smetam deka se naoga kadar vo gak koj ke zrtviva se za da spasi covecki zivot
     
    На ines.h, Sunshine_1979 и <3 pleza4e <3 им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Jas pominav najloso sto moze nekoja majka da zamisli (imam vo porodilni prikazni napisano), a bi se vratila pak da go iskusam toj najubav moment i ne se plasam bi rodila uste 2 deca prirodno :) Eden den e toa i vredi da pomine taa bolka, pa nov zivot iskaca od nas be majki, kako da go izvadat bezbolno? :D a carski, a prirodno pak si boli toa... Ama bebeto vredi za site bolki, ah kolku e najubav na svet toj moment koa kje go vidite... Pa i takvo zgrckano najubavo kje vi bide :D Teloto vi se trese, vozbudata pa pravi bolkata vekje da ne ja ni osekjate :)
     
    На podravka, karak, LUCERKA и 2 други им се допаѓа ова.
  10. BELUGA1986

    BELUGA1986 Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Неплашете се воопшто од породување бидејќи тоа значи ќе донесете нов живот, вие ќе станете посилни, похрабри и секако поиздржливи. Некој има супер искуство, некој така-така, друг лошо, трет трауматично, но секој со својата среќа и ксмет, од судбината не се бега. А и се вели немисли на лошо нема лошо да те снајде. Позитивно идни мајки носите благослов во вас, почитувајте го тоа бидејќи на многумина им е скратено, не е фер да се прават непотребни стресови, а секако правите и стрес на бебето во вас.
     
    На podravka, karak, flower30 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Нормално е да се плашите, особено ако не сте доживеале, страв од непознато. А после за врот пат, страв од познато:) Па и на забар кога одиме се плашиме не пак во ситуација каде животот и на мајката и бебето се на некаков ризик кој секако породувањето го носи. Но кога ќе дојде Д МОМЕНТ-от е тогаш се се случува некако набрзина, самотот тело си се прилагодува, се лачат некои хормони, самите контакции се на интервали а неконстантна болка со саати. Јас прв пат кога раѓав и кога добив болки на болница се јавив пресреќна и насмеана , ме пречекаа со не смеј се, ќе плачиш за брзо. Навистина страшно поминав, а најмногу од се иритираа сестрите и докторите кои се понашаа нехумано со мене, не го оставаа мм да влези, една сестра ми го фрли телефонот а си бев со мм на линија цело време ме бодреше. Јас пред крај готова да излезе бебето напони добивав а сама во претпородилна соба ми се смееја на кукањњто, ко го праеше уво ти беше ми викаа и сл. некои коментари и на крај мм им влезе и парче ги направи, ја крена цела болница и конечно се сожалија да ми направат царски. Бебето било заглавено со носето наготе во некоја коска и притискало да излезе, а јас до 6 прсти и неуспеав повеќе да се отворам. Цела ноќ и до утре пладнето ич ни на ехо не ме видоа за да го видат порано тоа! Но кога се разбудив и си ја видов ќерќичката .... заборавено беше се. По две години си го родив синчето, со закажан царски, а зимава здравје и живот, ќе си го родам и третото душиче!
     
    На muchacha_a, podravka, Viktorijaaa5 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски

    Леле аман ко го праеше убо ти беше, ама комнтар, демек тие не праеле деца и не им било убо. Засрамота.....Ми се згрози....И јас сум трудница, бремена со прво дете, имам само 21 год. и незнам како би изреагирала на ваков коментар, сигурно би се осетила навредена, понижена, и би плачела, таква сум, а и плус од хормоните се ме вреѓа, ама ова е многу. Нормално дека и јас се плашам од самиот чин на пороѓај, пошо ќе ми е прв пат, и скроз непознато, имам уште 3 месеци до самиот чин ама пак ме копка помислата. Се зависи каков ќе биде пороѓајот од позоцијата на бебчето, искрено би сакала да е природен пороѓај ама ќе видиме. Се тешам со помислата дека и на таа болка ќе заборавам веднаш штом ќе го видам бебчето. Само Господ да е со нас и тоа е. Бебчето мора од некаде да излезе.
     
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Единствено ќе те советувам не читај туѓи искуства пред прв пораѓај, само филмови лоши ќе си правиш , ем самиот факт дека е нешто ново, ризичнио, болно е доволно застрашувачко па и од искуства негативни. Но ете јас уште едно родив и трето чекам, па не било толку страшно:) А такви коментари имаше, еве ќе кажам јавно, пред 4 години во струга, зошто во охрид немавме болница и таму беше гунгула. А сестрите вреѓаа од уживањето при правење, па кога викам уморна сум не можам повеќе, помош дајте царски, тие со каферо во рака па и ние сме уморни, ееехехе ајде како се станувало мајка, шо мислешети... па до леле мори, така не се дои бебе, леле така ли се преслекувало и сл. па кога ја молев џам да затвори ми рече како шо си го отвотила затвори си го!!!!!! Овде сакам да потенцирам дека самиот чин на раѓање е болен, страшен, непознат, и плус ако те третираат како животно од персоналот лошо е се на се. Сите 4 дена на болница не спиев воопшто и само плачев, неподвижна со царски, со бебето до мене..... Наравпучение, НЕ Е ИСТО ДРЖАВНО И ПРИВАТНО!!!! кој може да си приушти приватно, да физочки ќе боли, но топол збпр и насмевкс прават да боли помалку а третман како кон животно те доугнетува умствено!
     
    На podravka, Cuci81 и Fatalnata им се допаѓа ова.
  14. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Драга моја многу добро знам како изгледа и природен проѓај и пороѓај со царски, одев цела година на пракса на гинекологија и тоа баш во Струга во тој период кога во Охрид болницата се реновираше и беше преполно во струшката, и баш се согласувам дека таков е персоналот за никаде, арогантен. Можеби сме се сретнале по собите, можеби сум ти прозбоерла, можеби сум го погалила бебчето твое. Уживав да одам секој летен ден таму на пракса ради вас жените и ради бебчињата, а кога ќе ми текнеше низ што поминуваа жените таму меѓу кој и ти ми се плачеше. Особено оние кои се сметени во предродилно, таму е најтажно никој не ги погледнува, јас како ученичка седев со нив да правам моабет да ги храбрам, да им кажам убав збор. Еве кај што го пишувам ова очите ми се насолзија бидејќи ми текна на една мамичка која имаше многу јаки болки и ме молеше да одам да викам доктор отидов и ми се равикаат како демек може да почека и онака 20 сати таа се пораѓала. Се вратив со предродилна и кога видов што да видам кутрата целата во крв лежеше на подот од болки неможеше ни на нозе да седи. Сум присуствуалаа и на пороѓај придоден и царски и двата се посебни чинови во кои од мајката се дели нов живот, се осеќав како јас да сум се продоила, кожата ми се ежеше, а на бебињата се радував како да се мои. И од самата помисла дека сега јас треба да се пораѓам во таа болница ми се плаче, ама тоа е, ќе издржам, се за бебчето.
     
    На Sunshine_1979 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BELUGA1986

    BELUGA1986 Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    @Fatalnata леле мајка нормално е да имаш страв од непознатото, али па не си прави уште сега сценарија. Што ќе чекаш да ти каже па што ти текнало волку млада и неискусна........ Ајде глава горе и да ти речат било што тогаш, твој си е животот и ќе си го живееш како сакаш, тогаш мисли си само на бебушка како силно ќе ја гушкаш и се ќе помине убаво и побрзо и побезболно.
     
    На Fatalnata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски

    Можеби сме се сретнале, јас бев таму од 31 мај до 4јуни:) Ти си значи стружанка?? Вториот пораѓај ми беше во Охрид во тазе реновирано, и на истина осетив малку разлика во персоналот од ко ги рено ираа кои тие на ремонт да биле хехе, а сум била кај нив пред 7 години со спонтан, а сега пак со крварење лежев со третово и болницата е пак ко запуштена, искршено, се лупа се дерат... ама мене ме знаат веќе, пријателки сме хехе. А ти чим си медицинско лице ваљда те познаваат па ќе те третираат подобро ;)
     
  17. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Да од таму сум. Ваљда,се надевам на подобро, и да не е така ќе издржам тие неколку дена. :)
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Da vi kazam pravo mene ova mi e vtora bremenost i kako se blizi vremeto jas se povekje se plasam. So prvata bremenost ne mislev skoro ic na toa kako kje pominam, kako treba taka i da vi kazam moze se izmaciv malku ne se otvarav, 18 saati se otvarav i so bolki, ama edna sila vo meneee lele ni za moment ne zaplakav nitu se isplasiv, samo cekav da dojde casot koga kje si go vidam i gusnam bebceto i nitu anestezija ne mi stavija, se porodiv epten prirodno so 2,3 napona izleze sinceto i pak ne mislev na najlosoto neli sto potsvesno barem ednas sekoja trudnica pomisluva, znaci super pominav bez nikakvi crni misli.
    A dodeka pak sega mnogu si mislam kako kje bide, kje se otvaram li, kje me boli li povekje, prirodno li kje bide, so carski rez li....ufff uste od sega nekako ne mozam da se opustam ne znam zosto taka :whew:
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Јас кога го родив бебето и не знаев да.го дојам една докторка ми рече шо си го раѓала кога не знаеш да го чуваш?
    П.С.и јас многу се плашев од породување а поминав лесно се породив за 3саати,сум требала.да се плашам од периодот кој следеше до 40дена бидејќи ми беше псхички најтежок.Многу пешачев заборавив да споменам.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Имајте на ум дека породувањето е природен процес, колку и да ви се чини тежок и дека вие тоа неможете, кога ќе дојде тој миг сето тоа ќе се случи спонтано. Потоа ќе се чудите како се можеле да се оптеретувате со такви глупости.
    Јас имам доста роднини и пријателки кои беа толку лигави, пагаа во несвес од обично вадење крв, но кога дојде време да се породат тоа се случи сосема нормално и природно.
    Затоа опуштете се и размислувајте на убави работи наместо на тоа а воедно и одморете затоа што откако ќе се породите тешко дека ќе имате време за одмор.
     
    На joy1 и Fatalnata им се допаѓа ова.