Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се плашам од породување

Дискусија во 'Бременост' започната од XstrongerX, 10 јули 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Луѓе јас можеби ќе излезам смешна со прашањево ама така една комшика ми кажа и страшно се испаничив.
    Вистина ли при природното породување ви ставаат некоја цефка во задникот за да се олесните и пуштале вода да тече низ таа цефка ? :o :tmi:
    Леле ако е така незнам, страв ме фаќа како тоа кога ќе останам бремена и кога ќе треба да се породам цефка да ми стават ќе умрам таму јас. Па уште и вода да пуштат да тече :tmi:
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    lele darkii ama me nasmea sea. :D ne se plasi toa ne e cevka golema,tuku edno malecko cevce i ne ti go pikaat mnogu tuku malce nema ni da go osetis so se vika i ti pustaat topla vodicka.znaci ne e nisto strasno.se pravi pred poragaj ili pred operacija za da se procistis,za da ne go izvalkas podocna operacioniot stol koga ke si pod anestezija.zabe te uplasila komsikata. ;)
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.476
    Допаѓања:
    201.310
    Пол:
    Женски

    Мислам дека секогаш прават епизиотомија (засекување) при природно породување, без разлика колку си отворена долу. И секако тоа е подобро од царски рез, побрзо поминува. А царскиот рез може понекогаш да предизвика компликации.
    Како и да е, и јас имам страв, како и секоја жена, но здравје Боже, кога ќе дојде време, сакам спонтано породување, ако е можно. Па и без епидурална, колку и да не сакам да трпам болка. Едноставно, имам уплав од анестезија. И тоа од секој вид на анестезија. Поарно да чувствувам болка, отколку да не знам што се случува.
    А сега слушам дека жените си закажуваат царски рез неколку месеци пред породувањето - значи буквално, си го знаат терминот (отприлика, нормално) и некаде пред тој датум им се закажува операција без оглед на тоа дали може или не може да се породи спонтано. Според мене, тоа е глупост, бебето само ќе си каже кога му е време да излезе. Ама изгледа на повеќето жени им одговара да го знаат точниот датум, па си го планираат времето.



    Тоа клизма беше, колку што се сеќавам. Па не е ништо страшно - го прават и кога имаш запек - ако не можеш да одиш по голема нужда одреден (подолг) период.
     
    На Afrodita12 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Не знам, за царски рез не мора да постои медициннска индикација ?
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.476
    Допаѓања:
    201.310
    Пол:
    Женски

    По правило да, ако бебето не е свртено како што треба, ако се близнаци, тројка и повеќе бебиња, ако има проблем со мајката, ако му е загрозен (скраја да е) животот - мислам дека така нешто беше... значи обично се работи за ситуации кога мора побрзо да се извади бебето. А денес мислам дека повеќето се решаваат на царски рез поради анестезијата - ем безболно, ем побрзо... ама јас мислам дека тоа не е во ред.
     
  6. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    52
    Клизмата со топла вода колку што знам е практика на клиника. Прочистувањето е вообичаено ама мене ми ставија чепчиња па така е подобро мислам а и непријатно е да ти ставаат цевка.
     
  7. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    очистителна или евало клизма се дава за прочистување на дебелото црево индикации се пред операсија , пред подорување и пред снимање на ренген ( на одредени делови од гастро-системот ) ништо страшно млака вода и изрендано сапунче , тенко црево кое оди во анусот течноста си го прави своето ја забрзува перисталтиката и ..ете ти повик на природата ќе излезе се за да не се случи буум на пораѓајот од толку напињање :rofl: :lol: ..знам бидеќи по професија сум иден здравствен работник ( да се надеваме дека ќе бидам :) ) е сега некој спомна чепчиња ...јас знам дека по правило треба да се даде клизма па сега колку е тоа употребено во реалната практика незнам .. :)
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Уф, добро е. Па мене цефка ми кажаа и замислував дека е нешто големо боже си викам црево ќе ми пикаат :rofl: :rofl: :rofl: Ај па и ве насмеав малку :tmi: :lol:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Не знам од каде ти е идејата дека царскиот рез е напредната медицина и многу подобар од природното породување. Мајка ми е анестезиолог и многу добро знам какви се компликации може да има било каква анестезија,може да се случи анафалактичен шок и многу други компликации,чести кај продилните операции. По анестезијата ,колку и да се усовршени анестетиците , се јавува мачнина,повраќање, гадење,а да не зборам за пост оперативниот период, не можеш ни да мрднеш ни седиш нити да одиш, закрепнувањето трае со недели. јас сум правела операција, многу добро знам како ми било, и не фала. Ќе си се породам здравје по природен пат, евентуално ако ми даде мајка ми со епидурална ,пошто вика дека нема да ми даде, ваљда има зашто не ми дава.
     
  10. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Здравје боже кога ќе дојде денот јас да раѓам сакам да е по природен пат.Не сакам ни царски рез,ни епидурална,ни ништо.Поарно да ме боли,отколку не дај боже да дојде до некој големи компликации.Е сега,ризик има и вака природно,ама сепак....
     
  11. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    Јас се породив со провокација ,ама веднас стом почнаа болките си побарав епидурална ,па зошто да ме боли кога можи да не ме боли ,татко ми е анестетичар и ми препорача епидурална ,па ако беше лоша тој немаше да ми препорача.Нели сите го сакаме најдоброто за своите деца.А толку имав страв од порогај што решена бев дека сакам царски ,ама само ке речам госпо здравје да му дај на тој шо ја измисли епидуралната(ако е усте жив)хиихихи.Најсилните болки ги преспав ме разбудија кога бев целосно отворена за порагај.После 5 минути го доев син ми ,после 1 сат се туширав а после 2 сати бев надвор на воздух.Епидурална му е мајката....Барем за мене
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Девојки, иако ќе се повторам со муабетот од една друга тема сепак ќе напишам и тука.
    Прво, царскиот рез претставува оперативен зафат, а не природен начин на доѓање на светот. Е сега нели демократија е и кој како си сака. После него најчесто имаат проблеми со воспоставување на доењето, а за компликации не дај Боже и за тоа дека цел живот при промена на времето ќе Ве штрека раната да не правиме муабет!
    Второ, епидуралот не е анестезија туку е аналгезија. Тоа значи дека при аплицирање не се пробива спиналниот канал и не ,,влегува,, во `рбетот туку само прави спинален блок, тоа значи дека болката која се јавува во карлицата од контракциите нели продолжува преку `рбетниот мозок до ценралниот нервен систем и ти за време на ,,отворањето,, на матката умираш од болки. Е муабетот кај епидуралот е што таа болка нормално си постои, но ти не ја чувствуваш бидејќи аналгетикот не дозволува да ,,оди нагоре,,.
    Засекот на меѓичката е всушност епизиотомија и е добро решение бидејќи во спротивно може да се случи распукување/расцепување на ректумот и неговата околина и скраја да е милион други компликации. За онир кои се породуваат природо без аналгезија самото ,,сечење,, не се чувствува бидејќи бебето ,,бутка,, за да излезе. За шиењето се става локална анестезија во околината на резот нелии истата се аплицира нормално со шприц и игла. Предноста при природното породување со епидурална аналгезија т.е. при шиењето е што не се аплицира тој локален анестетик заради епидуралот.
    Демократија е, секој си одлучува, ама ќе кажам СЕ ДА МУ СЕ ПОЗЛАТИ НА ОНОЈ КОЈ ГО ИЗМИСЛИ ЕПИДУРАЛОТ!!!
    П.с. син ми го родив природно со епидурал, а оф топик и на стоматолошка столица не седнувам без анестезија.....
    и за клизмата...на клинина, на ГАК, имаш избор клизма или чепче што си сакаш тоа.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.102
    Допаѓања:
    258.512
    Пол:
    Женски
    УбавкаБубе дали на ГАК породуваат со епидурална? И ако да дали се плаќа дополнително?
     
  14. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95

    Да, породуваат. Епидуралот не се плаќа, ама ако сакаш да го избираш самата анестезиологот тогаш се плаќа 6.000 денари. Ако ти го аплицира тој што е на смена не се плаќа ништо. АМА мој совет ти е уште додека си 7-ми, 8-ми месец бремена да отидеш на ГАК, да се информираш што и како, да најавиш дека таму планираш да се породиш и со тој/таа што ќе разговараш, доктор гинеколог секако, да ти гарантира 100% дека ќе те породи со епидурал. Дека знам неколку случаи кои ги убедувале кога дошло времето дека не треба, па да почнеле природно, па кај 2 на крај заради интензитет на болките од контракциите муабетот бил касно е сега нема време... :envy: А, епидурал се аплицира на 4 сантима отвореност. Можеби и три да може ама не сум баш сигурна. ...Поздрав! :)
     
    На MiiLla, slavicapos и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  15. mamababa

    mamababa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Нема потреба од страв, сите сме рагале и сме среќни со децата. Не е воопшто страшно да се породиш по природен пат и без анестезија. Па немојте да гледате од филмовите, каде се е преувеличено и .......всушност е глума.Имам две деца родени без никаква анестезија.
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  16. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95

    Не е муабетот за преувеличување или не. Болката е присутна и тоа не може да го оспори никој. Правото на избор е лично и зошто секој да не си реши. На крајот на краиштата зошто тогаш воопшто е измислен епидуралот? Немојте да се лутите, секој си има став, но 21-ви век сме. Зошто ако нешто може да помине полесно и понетравматично и за бебето и за мајката да не се одбере како можност?? Па...оффтопик..пред 10,20 години криопрезервазијата била science-fiction, а сега има и такви кои своите тела после смртта ги "вложуваат" во истата со надеж дека еден ден повторно ќе се разбудат....
     
  17. mamababa

    mamababa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1

    Е, имам идеја........ :rofl: :rofl: :rofl: .........нека ви направат клон, во епрувета, и одгледајте си го како дете........не се породувајте........... :!: :!: :!: ..........
     
  18. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95

    Извини, ама муабетов буквално ти нема врска. Не знам дали се смета или не за навреда ама ќе ти кажам. Според тебе бидејќи ,,ние,, кои би сакале и ги применуваме современите придобивки на медицината сме киборзи, можеби, или не знам како не доживуваш....ама па од таквите како тебе со вакви верувања се чувствувам како во 16-ти век. Страшна работа ! демократија е знам... :rock:
     
    На slavicapos, sosmooth, happygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  19. petra

    petra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Devojki jas sum 34 nedela i kade i da e se pripremam psihicki za najvazniot cin koj so netrpenie go ocekuvam....Bremenosta ja vodam vo Sistina i iskreno ne bi se poragala bez epiduralna.....smetam deka doaganjeto na svet na bebceto ne treba da go doziveam kako trauma tuku kako nesto volsebno....mnogu e nevkusno koga ke ti recat "pa mora fa boli,da vidis kako e da stanes majka".....ova mi e malku zastareno mislejne bidejki sega e 21 vek ima metodi da bide se bezbolno.......a inace realno bi odela na carski,ne zaradi mene tuku zaradi sigurnosta na bebeto....
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  20. georgina-mila

    georgina-mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Petra i jas se porodiv vo sistina kaj dr. Petrevska, megutoa koj i da te vodi, koj i da te porodi ne se sekiraj, timot od doktori e neverovatno dobar. Jas se porodiv so carski i moram da ti kazam deka bas mi bese carski...ranata voopsto ne me bolese, a i ne dozvoluvaat da cuvstvuvas bolka...vednas dobivas soodvetna terapija za sekoe tvoe of...taka da uzivaj i ne se zamaraj...te ceka najubaviot i najnezaboravniot moment vo zivotot...so sreka i so lesno!!!!!!!!!
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.