1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се плашам од породување

Дискусија во 'Бременост' започната од XstrongerX, 10 јули 2010.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Нека не чува господ велам..
    Кај мене нема ни ехо ни цтг ни ништо.
    Навистина ме загрижува оваа ситуација и се чудам како некаде се толку ангажирани и се пратат под контрола а кај нас ништо воопшто освен стомакот со метро и слушање на срце.
    Се надевам добро ќе поминеме и ние без цтг и следење.
    Дали сите одите на тоа фамозно цтг или не?!
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.223
    Допаѓања:
    76.216
    Пол:
    Женски
    А која недела си и каде ке раѓаш?
     
  3. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.023
    Пол:
    Женски
    Vo mk site odime da. Mosne e bitno za da se vidat srcevite tonovi na bebe koga ima kontrakcii, duri i dodeka ragame sme prikluceni na ctg. Ehoto e bitno od aspekt na toa da se sledi zrelosta na postelkata, dali postelkata seuste funkcionira , dali ima dovolno plovoda voda, dali bebe e postaveno dobro za priroden poragaj, kaj mene poselkata prestana da funkcionira, plodova voda ne ostana ni kapka i itno me porodija istiot den.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Ете баш затоа бидејки сум запознаена со овие процедури се плашам бидејки немам никакво цтг. 9 ти сум веќе во странство ќе се породувам.
    Баш следната недела ќе ја прашам докторката што и како па да го видам нејзниниот одговор.
     
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.586
    Пол:
    Женски
    Не знам витамина кај си, но според мене е важно.
    Знаеш како - оние кои биле еднаш - два пати и се породиле супер ќе ти речат дека не е важно.
    И тие жени се во голем број - и навистина убаво е што е тоа така.

    Но што правиме со оние неколку жени на кои цтг-то им го спасило животот на бебето?
    Се бројат на прст на раката. Најверојатно нема да си ти таа.. но и тие се молеле да не се.

    За што?? За 20 минути некој да те приклучи на цтг? Што ќе изгуби?
    Е од тоа се нервирам од болниците надвор. Оти тоа не чини воопшто многу а може да спаси живот.
     
    На mariz, joy1 и vitamina им се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Среќа што првиот пораѓај не ми беше како вториов....страшно. Како што сум паничарка ќе беше трескање. Сега си велам....ааа ќе размислам дали би одела на трето 8)
     
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.585
    Пол:
    Женски
    Јас колку породувања имам гледано, знам што се случува и како може да биде, но за чудо не ми е страв, можеби уште е рано, и дека кога ќе дојдат болките ќе дојде и стравот, ама уште сега си се тешам дека се ќе помине во најдобар ред.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Штом немаш страв пред породувањето, тоа е добро, самиот чин на породување воопшто не е страшен, паниката и стравот се обично пред да се породиш.Од мене поголем паничар и страшливец мислам нема, неспиев со вечери пред да се породам, мисли,мисли и кошмари постојано, но откако се породив видов дека немало потреба од тој страв и паника, воопшто не е страшно, поминав супер,, џабе тие паники предходно.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.585
    Пол:
    Женски
    На почетокот кога ги гледав сите тие жени како се пораѓаат ми беше језиво, но после се навикнав и сфатив дека тоа е раѓањето и дека мора така да биде. Иако секоја жена има различно искуство, некоја полесно минува, некоја малку потешко. Сега кога јас сум бремена сфатив дека тие се болките, дека тие болки сите ги чувствуваат, дека мора така да биде и дека тоа не трае вечно, минуваат и болките и се' кога ќе ти го стават на градите она што живеело во тебе 9 месеци.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Јaс гo дoбив следниoв сoвет oд мaјкa ми: " Се штo се движи нa плaнетaвa е oд мaјкa рoденo. Акo мoжеле тие мaјки, мoжеш и ти"
    Oд пријaтелкa нa мaјкa ми: " Се е вo твoјoт мoзoк"

    Немa пoтребa дa се плaшите.
    Тoa е нaј убaвиoт мoмент oд живoтoт нa секoјa женa.
     
    На elcezelce, vitamina, Antebellum и 6 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.223
    Допаѓања:
    76.216
    Пол:
    Женски
    Скроз скроз ги имам заборавено болките од првиот пораѓај, но го памтам адреналинот кој ме удри кога го извадија и го ставија на мене, цело тело ми играше и плачев од среќа (солзи крокодилски), прв пат така да плачам толку од среќа. Ме фати срам дури цело тело ми играше, нозете горе на бокс лево десно ми се тресеа :D Не се поминати којзнае колку години, дури 2... а јас ич не се плашам и овој пат, после искусено се како е... Се надевам дури и побрзо да помине вториот пат... :)
     
    На vitamina, Lolipop23, simonka93 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Taka e, sekoja zena so razlicno iskustvo, sekoj organizam e razlicen i stepenot na trpelivost na bolka e razlicen. Nemoj nikoj da slusas i da citas po forumi koj kako pominal, samo ke te zbunuvat, nekoj pominuva super, nekoj potesko. Jas taka citav i slusav sekoj sto ke mi kaze kako pominal a nemozes da se baziras na toa kako nekoj drug pominal, nekoi prirodno pominuvat odlicno, a nekoi pak imaat komplikacii odposle, nekoi so carski imaat ubavo iskustvo, nekoi ne. Se e individualno, no voglavno ic ne e strasno, da boli ne e bez bolka, no ne e nesto nepodnoslivo, se trpi, a pak samo kolku brzo se zaborava taa bolka e cudo, stom pomine poragajot odma zaboravas kolku te bolelo, sega imas poteska zadaca da go ucis bebeto da cica, i vednas si preukupiran so doenjeto nemas vreme da mislis dali te bolelo i te boli seuste :) ..poragajot ne e strasen i minuva brzo, odposle e teskoto, psihicki i fizicki zamor, skroz nov nacin na zivot, nespienje....noo sepak tie se slatki maki.
     
    На forumce и mariz им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.223
    Допаѓања:
    76.216
    Пол:
    Женски
    Јас баш гледав една емисија со мајки што требаа да раѓаат, раѓаа. Баш таму се зборуваше дека после породувањето се лачи хормон на среќа кој ствара амнезија/заборавање за цел шок што го поминала мајката, а и кај бебето исто... Стресно било и за двајцата, па затоа така брзо се се заборавало, абе природа тоа е... :)
     
    На karibian, sunmoonstars и Kitten им се допаѓа ова.
  14. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    И јас се плашам. Не сум ни бремена а коса ми се крева кога ќе помислам на породување. Многу сакам деца, исто и мојот партнер и колку посериозно зборуваме на таа тема толку ми се зголемува и стравот. По природа сум тип кој не трпи болка а и никогаш во животот нешто не ме болело многу. Паничам и за ситни работи. Не сум имала ниту јаки менструални болки ниту ништо, единствено како појака болка паметам кога ме болеше уво еднаш. Кога ќе рече некој не е страшно, се заборава и сл. мене ме фаќа нервоза. И да испадне на крај така дека не било толку страшно, мислам дека ќе ме убие самата помисла на тоа и исчекувањето. Тоа што може психата да ти го направи, ништо не може. Што да правам, и јас не сакам вака но тој страв е посилен од мене. Сакам тој период да ми биде прекрасен а познавајќи се себеси ќе ми биде пеколен. Им се восхитувам на мои другарки кои уживаа во текот на својата бременост и не се замараа. Вака што имам разговарано со други жени, не сретнав никоја толку да паничи како јас. :worried:;(:@
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.223
    Допаѓања:
    76.216
    Пол:
    Женски
    Има решение и за тие што се плашат многу, без гајле.. :) Епидурална анестезија, крај краева ако толкав уплав имаш царски... мада во двата случаеви има болка, но верувај со мило најмило човече до тебе таа болка многу лесно ке ја поднесеш бидејки вниманието ке ти биде кон бебето, не кон болката толку :) Друго ке биде тогаш, ке гледаш за доброто на срценцето што е во меше.. и стварно брзо се поминуваа и се заборава.. Незнам како е со царски, но најверојатно и таа болка се заборава :)
     
    На sunmoonstars и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  16. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.901
    Пол:
    Женски
    еве јас ќе кажам. Ја заборавив одма. Уште 10 да имам само царски би одела! :D (значи у двата случаи се се заборава) :)
     
    На sunmoonstars и mariz им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.533

    Ijjj pted 4 god sum go pisala ova. Sega so dete do mene... istoto go mislam. Poubav cin od raganjeto nema. Boli ama sto ako. Ne e strasno. Sekoja bolka e mig poblisku do svoeto cedo.
     
    На cat-woman, MilaP, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Па вака што имам разговарано со жени кои имаат искуство и природно и со царски, велат дека породилните болки биле далеку појаки одколку оние после царскиот. Баш пред некој ден жена на еден пријател на дечко ми рече дека двете дечиња ги родила со царски и се изјасни дека на таков начи би родила уште 10. Што се однесува до природно, знам и за најубави а знам и за најнеубави искуства. Се си е до човекот ама ете јас изгледа не сум за
    Леле баш истото ова ми го рече една жена пред некој ден, двете ги родив со царски и уште десет така би родила. Ама џабе, страв пусти... Се плашам што би било потоа, што ако станува збор за страшни болки со огромен интензитет... Знам дека на многумина ќе им биде смешно ама што да правам кога стравот е поголем од се. ;( Ме фаќа паника затоа што веќе сериозно размислуваме на оваа тема со партнерот.
     
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.033
    Пол:
    Женски
    Јас цел живот викав дека ако еден ден бидам трудна ќе го родам со царски, но откако останав и после многууу изгледани природни пораѓаи на јутјуб сакам природно и немам страв. Иако сум сигурна дека кога ќе дојде времето, а е многу блиску, стравот сам ќе дојде, паника, едно, друго, но ќе помине и тоа, што не поминало до сега. :D

    Царски не сакам бидејќи не сакам да ме сечат, а за природно само се молам да не мора да ме сецнат, мислам дека ако не мора би била најсреќната личност. :lol:
     
  20. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Eve @mariz bas ubavo i tocno ti kazuva, ima resenie za tie sto se plasat tolku (,jas bev taka ne spiev od strav cel 9ti mesec) i samiot doktor mi kaza majka ti nema da sorabotuvas pri poragajot, pritisok krevav od strav 200, pa morav carski rez da se porodam samo od strsv. I navistina kolku i da ne ti se veruva se se zaborava za mnogu brzo, a pak ako se odlucis za carski so celosna anestezija se budis i op bebe do tebe :D Ako imas finansiska vozvoznost pa i u nekoja privatna klinika da se porodis, ke ti fali i bolnicata i tretmanot vo nea koga ke se vratis doma:D. Poragajot so carski rez trae sevkupno pola saat i ne e strasno voopsto kako sto ti pravi psihata pred toa, strasnoto ide odposle ( govoram za ovie slatki maki) Primer za mene najstresno e procesot na ucenje bebeto da cica e toa kako mava na psiha ako ne fati od prva, taka da toa te optovaruva do toj stepen sto za den zaboravas na samiot cin na poroduvanje kolku i da bil tezok ;)
    ...zdravje ako dade Bog uste edno dete pak carski bi odelo, da boli ranata odposle koga ke si doma (zosto vo bolnica ne boli ranata non stop si so infuzija vo koja bockat analgetici) no ne e takva bolka sto ne se trpi.
     
    Последна измена: 3 март 2017
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.