1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се плашам од породување

Дискусија во 'Бременост' започната од XstrongerX, 10 јули 2010.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Нормално е сосема да се плашиме од пораѓај. Да не се лажеме дека не е мала работа тоа.
    Еден куп хормони, болки, предизвици, несоници, тежини, многу солзи итн.
    Голем, огромен предизвик е тоа за една жена.
    Жените што ниту еднаш не родиле се плашат од непознатото, а жените што родиле од познатото.
    Пред се се плашиме дали ќе биде се во ред..
    Се друго е пропатно.
    Но натурално.
    Никој не умрел од болките фала богу :).
    Од самиот пораѓај па се до еден начин пркнувањерто на детето и враќањето во нормала на жената и детето е многу напорно.
    Пораѓај, рана, болка, доење, несоница, тежина на телото итн.. се тоа е болно но премногу емотивно.
    Дури после некоја недела свакаме дека се е ок, дека сме тука на белиот свет, се чудиме како тоа човече излегло од нас и сваќаме дека вреди, вреди многу. Вредат тие очи, таа душа, тоа срценце што чука, тие насмевки и прегратки..
    Се вреди.
    После тоа сваќаме всушност колку сме богати и среќни.
    И си велиме дека вредело премногу. Премногу за овој свет.
    Чудно и клише, да, но многу вистинито е дека се се заборава :). После некој месец едноставно сваќаш дека си имала една дупка, еден флеш од тој момент и просто таа болка не можеш ниту да ја сетиш колку огромна била.
    Тоа е вистината.
    Џабе паника, страв и непроспиени ноќи бидејки таа болка што секоја жена ке ја почуствува ќе ја нема назад во моментот, тоа ќе помине за миг, буквално за миг.. до излегувањето на вашето бебе.
    Се се истрпува и заборава, но само љубовта, вечната љубов и најслатката обврска кон чедото останува.
     
    Последна измена: 3 март 2017
    На Schwanger, tamarce.j, Skorpija25 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Мислам дека голем дел сме биле со тој пусти страв од сечење, од било какво сечење :)

    Или како што вика Витамина, страв од непознатото. Непознати ми беа породилните болки, неможев ни да ги замислам, непозната ми беше и болката од сечено па шиено ткиво...За среќа се' се издржува.

    Кога бев 18-19 годишна прв пат разбрав од мајка ми дека и при природен пороѓај сечат таму доле, и толку бев згрозена и уплашена и прво што ми падна на памет е- па како јас после тоа ќе можам пак да имам секс? :rofl: Психички спремна за издржување на тој момент мислам дека станав мнооогу години покасно. Кога се случи бременоста и отидов да раѓам бев тотално опуштена за начинот на кој треба да се случи раѓањето. Си реков- како требало, ќе биде! Ни глас не кажав. Но затоа после дојде моментот млеко и доење! Не сум плачка ама тоа беше вистинска мака за мене, па на мајка ми и поплакав по телефон. Е доењето ме фати ептен неспремна :tmi:

    Се е до психолошката спремност, ако сме доволно информирани за чинот полесно се справуваме со стравот и очекувањата.
     
    На mariz, Viktorijaaa5 и vitamina им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Јас гледав све и свашта од пораѓаи и бев максимално опуштена. Т.е како што вели киттен со тек на годините едноставно бев спремна за се што ме очекува, што пред тоа не беше така :). Ама човек расте и созрева па да така и стравот на еден начин исчезнува. (Добро не велам дека нема жени што паничат и тотално се во страв и бунило :) сепак до карактер е и сите сме различни) но сепак не е кога си на 15 или 20 години :).
    Порано како дете дури си велев дека јас нема шанси да си создавам обврски и да станувам во 4 нокеска тоа ми беше невозможна мисија додека ја гледав мајка ми колку се жртвува. Си велев дека јас не сум за тоа ..
    Ама.
    Ама се има ама.
    Созреваш и отпосле ти е нормално.
    Дури сега со муабетиве ги сваќам жените а претходно ќе прочитав и не ставав на ум што би можело да е, сега сликата ми е доловена.

    Сакам да кажам има жени што не се си ставаат до толку при срце, ете јас не сум таква. Се научив со годините да не размислувам многу и да не паничам или стравувам, едноставно јас не мислам.
    Се сум гледала пред пораѓај дури и тие на тлс :) и нити еден момент не мозгав ете.
    Знаев дека многу ќе боли, не можев да го осетам тоа нормално, појма немав. Ама си реков кога ќе дојде момент како сите така и јас.
    И така и бидна :).
    А у а у а у бидна ете..

    Прашај ме сега какви се болките нема да знам да ги кажам ниту замислам како биле ;)
     
    На eli25, mariz, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. SamovilkaH

    SamovilkaH Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    2.037
    Пол:
    Женски
    Се е психа женички, само треба да се опуштите и да уживате. Па вие ќе дадете живот, ќе дарувате љубов, зар има нешто поубаво?
    Јас да бидам искрена, уште сега би си родила и четврто, со задоволство, ама маж ми не сака вика доста се три (facepalm) Ама ако бе, го оставам нека одмори малку од ѕверкиве па за едно две три години има да прави и четврто и оро да игра :rofl: ајт останете ми со здравје, чувајте се, гушкајте се и се ќе биде во ред :l: ве сакам :makeup:
     
    На pianogirl, simona_baby, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  5. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    29.039
    Пол:
    Женски
    Може ќе ви звучи чудно, но не де плсшам од природниот пораѓај, јас се плашам од царски.. Од операции, анестезии.. Оперирана сум од крајници пред години со стариот начин на анестезија со маска со етер.. Луѓе уште ми е во главата сликата од тогаш.. Мирис, се мислам имам запамтено.. Се плашам од разбудувањето после општа анестезија зошто и тоа ми е трауматично искуство.. Сега бар и а опција за тоа, одбираш спинална но сепак... Првото го родив природно, со издржани болки дома, буквално ќе си се породев дома.. Чекав да дојде часот кога докторот ми рече да се вратам на болница, а се се одвиваше многу побрзо.. Дај боже да биде така и овој пат, со Господ напред, сите да де олесниме и да поминеме што е можно подобро
     
    На eli25, mariz и Emana им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.223
    Допаѓања:
    76.216
    Пол:
    Женски
    И мене повеќе страв ми беше од царски, зашто на 17год завршив на итна операција на слепо црево, рана од која една недела неможев да се движам, ниту пак да насмеам... одма сечеше болката, па си реков ако таа рана боли, од царски којзнае колку ке ме боли (facepalm)
    Првата бременост почнав со високо железо, после пораѓај бев страшно анемична не ме пуштаа од болница, си отидов со потпис. Оваа бременост ја почнувам со не баш сјајна крвна слика, тоа повеќе ме загрижува... не ми е страв од болка, повеќе страв ми е дали ке биде се во ред.. страв ми е да не се онесвестам како на првиот пораѓај и од други проблеми поради крвта... сега појачувам продукти со железо и се надевам нема така лошо и тешко да ми биде :muscle: и да се надоврзам на @Kitten дека доењето ми беше стварно и мене шок, никој ништо не ме подучи, болка, плачење, стискање заби... не било лесна работа како што мислев, се раѓа бебето цица и тоа е тоа :rofl: ама не..
     
    На eli25 и Kitten им се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.834
    Пол:
    Женски
    Дали некој постои на овај форум што барем малку ќе сака да се потруди околу мојот страв за породувањето? (инаку живеам во Скопје сама со мажот ми а не сум од Скопје,немам со кој да разговарам на оваа тема, а не сакам тоа да го правам по телефон па затоа пишувам овде) Женски мислам дека мојот страв преминува во патолошки...Нема ден да не мислам на тоа и ме оптеретува психички а и ме прави расеана.Премногу се радувам на бебето и во никој случај не сакам царски рез(уште повеќе ми е страв од него). Од кога дознав дека сум бремена до сега (14та недела сум моментално) имам прочитано МИЛИОНИ (ама буквално!!!) стории, страници, совети, туторијали на јутјуб и сл.и не можам да престанам. Ми доаѓа да плачам од страв (не дека ќе смени нешто де) ама се воздржувам заради бебето. Секоја прочитана приказна навечер ја сонувам реално. Од ден на ден се повеќе и повеќе ми е страв и не знам како е можно да си помогнам околу тоа.:worried::(;(
     
    На H&J му/ѝ се допаѓа ова.
  8. H&J

    H&J Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Леле немој така лошо си правеш и на себе а и на бебе уживај во бременоста а тој страв ке го надминеш кога ке влезеш во болница јас така се велев став ми е страв ми се една вечер си лежев на кревет и ми пукна водењакот,а сама мм не беше тука тогаш не мислев ни на страв ни на ништо само како ке си го гушкам синчето,кога отодовме во болница ме примија во петок вечер,а јас се породив во недела сабајле неможев да се отворам,а и бебчо беше високо само јас останав непородена од тие што дојдеа сите чекаа на мене докторката дури остана заради мене преку времено за да ме породи и верувај кога излезе бебчето од мене сите болки ми престанаа,кога го видов го бакнав на ножето и отидов да одмарам знаев дека веќе е готово и дека следат среќни денови а тоа што се помачив и имав болки го заборавив верувај 7 месеци како сум породена.Кога веќе ке дојде моментот немаш време да се плашиш тука да размислуваш да дадеш се од себе да се породиш и да се олесниш.Уживај рано е уште за тој страв и одмарај многу размислувај како ке се гушкате со него и на среќата која доаѓа затоа што тоа е дар е бога и нешто најубаво :l:

    бакнежи и :hug::hug::hug: ти праќам и тебе и на бебчето.
     
    На Melinda85 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.585
    Пол:
    Женски
    Престани да гледаш и читаш било што со породување, ако ти е страв. Гледај си сликички и видеа од бебенца и замислувај си што би правела со твоето бебе, како ќе изгледа, како ќе го облекуваш, како ќе се гушкате заедно, ќе ти биде полесно верувај. Не си стварај уште сега непотребен стрес и страв од породување. Вежбај си јога дома или оди на часови ако има, научи техника на дишење, бидејќи дишењето е најмногу важно во процесот на породување. Само позитивни мисли и ќе видеш дека и стресот и стравот ќе се намалат. Секое породување не е исто кај сите жени, напротив, она што за тебе е болно или тешко за друга не е. Се е индивидуално.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Тоа е чин што поминува додека трепнеш. И да, не е ништо страшно. Секоја жена поминала и ќе помине низ тоа.
    Можеби е болно но за среќа таа болка е многу кратка и навистина вреди најмногу на овој свет.
    Ти во тој момент нема са размислуваш на болката џабе се плашиш туку ќе размислуваш на бебето и на самиот чин да излезе живо и здраво без проблем.
    Стравот ти е сега бидејки немаш друга работа па мислиш и гледаш ама во тој момент единствен страв и преокупација ќе ти биде и дали тоа е добро дур излезе.
    Во иднина фокусирај се на потребни работи да гледаш на интрнет. На пример како се одгледува бебе како се храни како спие како се бања облекува итн гледај такви видеа бидејки ќе ти бидат навистина многу од корист наместо да гледаш пораѓаи на различни жени.
    Секоја жена си е приказна за себе и нејзиниот пораѓај.
    Може ќе се породиш за 3 часа и ќе се смееш.
    Сигурно ќе се смееш после пораѓај оти пораѓајот ќе го доживееш како флеш од 1 минута ;).
    Нема причина од страв за нормална и природна работа.
     
    На Kaetana и gjoker4e им се допаѓа ова.
  11. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    2.828
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам во темава и јас , од утре почнувам 36 недела и како се доближува времево се повеќе и повеќе ме фаќа страв . Цела недела сонувам сонови како ми почнале болки , како ми пукнал водењак , како не стасуваме до болница и ред други работи што ми предизвикуваат стресови . Многу се радувам за бебето , ама оти ми е прво и сум исплашена доста .
     
  12. H&J

    H&J Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Јас се породив во 38 неделаа од кога влегов во 36 недела нон стоп размислував како ке биде ама кога дојде моментот а имав уште 10 дена до терминот немав време да размислувам и да се плашам единствено што ме јадеше одвнатре е кога ги гледав сите жени што доааѓаа после мене а се пораѓаа пред мене со брзина на светлнина хахах и затоа сите ме запомнија оти останав само јас непородена,плачка и со нетрпение чекав да си влезам во соба со бебчето бидејќи сите во соба беа со бебчиња.Болките и ги заборавив кога ми велеа се се заборава не им верував единствено мака видов бидејќи бебчето беше високо инаетчија како и сега и на сите болки правев и вежби да се спуште подолу.Болките се страшни точно,но дојде ли чинот на порагање даваш се од себе и одма исчезнуваат.
     
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.033
    Пол:
    Женски
    @fana и останатите кои сте пишале. Помислете на тоа само колку жители има на планетава во моментов, а замислете пак со генерации колку имало. Значи толку многу милијарди жени што значи дека не е ништо страшно, природно е и минливо. Јас само еден ден се плашев од пораѓај ете така нешто ми дошло на умот. Немав никаков страв и си гледав видеа на јутјуб од природен пораѓај онака смирено колку да видам што како се случува. И верувајте од толку изгледани видеа и прочитани приказни кога ке дојде моментот нема никаква сличност. Јас го надносив и едвај чекав да се породам, само си велев нека ме фатат болки нека бидат многу јаки само нека дојде моментот. Кога ќе помине со насмевка ќе се сеќавате на стравот. Нормално е и да се има страв, сепак прв пат нели, но да е во граници барем. Не знам како подруго би те утешила. Ете и јас се породив, ништо страшно нема. :D :hug:
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.901
    Пол:
    Женски
    Срце, не се плаши воопшто. Еве јас пред скоро 6 месеци се породив, на крајот веќе ме фати паника голема, не знаеш колкав коркач сум и само тоа сањав и препрашував искуства како тебе. Но прерано се оптеретуваш беспотребно, јас замисли и царски се породив бидејќи така мораше, мислам на маса ќе им се онесвестев од страв, ама никаква баш никаква болка не осетив за време пород. После тоа имав мали болки но ништо не се споредува со среќата која ја доживуваш во моментот кога ќе го донесат она малечко суштество - твоето бебе, твојот сон, твоето СЕ... Верувај ми и од срце ти посакувам природно да одиш, ќе видиш како се во миг се заборава. Јас сега пак би била бремена и пак би уживала во бременоста и би планирала што да купам за бебето, пак би се радувала како ме мазат и пак сакам да го доживеам тој момент на пород. :inlove: (ем царски бев па ќе ти кажам) .
    Без грижи, уживај во бременоста и никако ама баш никако не гледај по јутјуб породи и глупости, за џабе ќе се оптоваруваш мила. Нема потреба. Тука сме ние за поддршка кога и да ти треба. :*
     
    На pianogirl, karibian, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.471
    Допаѓања:
    201.262
    Пол:
    Женски
    Душо, сосема нормално е да ти е страв, сите сме поминале низ тоа. Ама гледам дека си прилично потресена, а сè уште си тазе трудничка. Немој да читаш и да гледаш ништо околу породувањето, затоа што си создаваш дополнителен стрес кој ти штети и тебе и на бебето. Ако не работиш, излегувај повеќе (освен ако не ти е од лекар препорачано поинаку), движи се меѓу луѓе, мешај се со народ да не мислиш на тоа. најди си хоби кое ќе те исполнува, гледај лесни филмови, читај лесна литература.
    Ако и понатаму имаш проблем со стравот, можеби и психолог да консултираш не ќе е лошо, ќе ти помогне да се опуштиш и ако има потреба ќе ти препорача нешто за смирување (не верувам дека ќе има потреба).
     
    На fana, eli25, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.834
    Пол:
    Женски
    Фала мамички на издвоеното време и на советите :l::inlove::*
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mistres

    Mistres Нов член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Majki veke sum vo 39 nedela i se poveke i poveke mislam na poroduvanjeto..kako da go nadminam stravot i postojanata misla od toa kako ke bide..sto ke bide..dali ke izdrzam..sakam da se opustam i ve citam non stop ama pak me sovladuva stravot..
     
  18. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    16.951
    Пол:
    Женски
    Јас вака размислував:тоа бебе некако мора да излезе од мене дали природно царски небитно.Верувај кога ќе почнат болките ќе немаш време за размислување.Само речи си мора да сум јака слушај доктори што ти кажуваат и самооо позитивни мисли за убаво е.Со лесно
     
    На buba4e89, Melinda85, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Замислувај го какво ќе е и ќе заборавиш на се'
    И ова на сите го кажувам. При природен пораѓај, моментот кога бебето конечно ќе излезе е неопислив. Не можам да опишам кое олеснувачко чувство е тоа... Прекрасно
     
    На V.odolija, Melinda85, Mistres и 4 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.033
    Пол:
    Женски
    Кога ќе дојде времето нема да имаш ни С од СТРАВ. А тој страв кој сега го имаш е нормален и сите сме го имале ама ете за џабе што се вика.
    Кога ми почнаа болките во мојата глава не постоеше ни зборот страв, ни стрес, ни ништо. Едноставно одиш и се пораѓаш.
    Со лесно.
     
    На Kaetana, buba4e89 и Mistres им се допаѓа ова.