Јас баш во оваа тема имав пишано дека многу се плашам од пораѓајот , во смисла дали ќе биде се во ред со бебе , да не се искомплицира нешто па недај боже да ни се случи нешто на двајцата. Кога дојде моментот , завршив на царски со спинална анестезија и посигурно никогаш не сум се осеќала . Имав доверба во докторот и ни во еден момент не помислив што ако ова или ако она. Така да од сопствено искуство ви препорачувам да не се размислувате за тоа , само си создаваме дополнителен стрес.
Majki prvorotka sum..ke se poragjam vo sk a e 3h pat od mestoto kaj so ziveam..sto mislite dali vo slucaj na puknat vodenjak ili bolki ke imam problemi dodeka stignam do sk..dali da rizikuvam da cekam vo gradot kaj so ziveam ili da se snajdam vo sk da prestojuvam..dali ste imale slicno iskustvo..ve molam za sovet..pozdrav
Подобро ти е да си поблиску до Ск... Јас дур лежев во болница имаше случај од Дебар,жената по пат в кола се породила
Мој совет ти е да престојуваш во Ск или во близина, не поради тоа што нема да стигнеш на време, туку за да не се малтретираш по патиштата кога ќе почнат болките. Породувањето не е како на филмовите, фанат ја жената болките и одма се породе. Барем не кај прворотките. Тука може да поминат дури и 24 часа додека роде.
Следната недела во Аџибадем Систина има бесплатно предавање за трудници на тема спонтано или царско породување, а после таа пак за безболно породување и типови анестезија. Јас сум била на едно за задолжителни скрининзи и многу ми се допадна.
Луѓе ќе треба уште малку да се породам јас а ме фаќа многу страв....Се мислам дека нешто лошо ќе се случи на мене или на бебето
Нормално е да имаш страв од непознато. Пренасочи си ги мислите кон моментот кога првпат ќе се гушкате со бебе
jas se imam zapoznaeno so poragaj i mnogu loso si pominav i imam trauma i strav sega neplanirano ostanav so vtoro janzi me tresat uste od prviot mesec koga ke se setam niz sto pominav inace prvoto prirodo go rodiv ama se iznamaciv celi 2 dena i uplav imam dali vtoriot poragaj e polesen ili nemora da znaci?
Па немора да значи... јас со првото 9ч бев со болки и природно се породив, не поминав сјајно.. но секогаш има полошо, па мислам и не беше толку лошо... А со второво 3-4ч бев со болки, со провокација беа директ на 3мин, па после некое време и на 1мин и беа страшни.. но ми се замати многу водата и итен царски... Мислам да не се заматеше водата, скоро исто време ке ме фатеше од 9ч, но ке земев епидурална ако беше се во ред за природно раѓање Зашто како и со првото, така и со второво во исто време ми пукна водењак на 3 прсти отворена, после 3-4ч болки. Каде раѓаше и каде ке раѓаш?
Со првото и јас бев 19 часа со болки А сега со второто во 12 почнаа болките и за нецели 2 часа се породив И јас се плашев многу ама поминав многу лесно и брзо Нормално кога ке дојдат напоните не боли ништо помалце од првиот пат ама макар брзо беше
prvoto go ragav vo veles vo drzavna bolnica nemav vrski tako odi po drzavnite pa me iznamacija im pobarav epiduralna mi rekoa ako sum sakala epiduralana da sum odela vo privatna bolnica posledica imav puknato debelo crevo i prosiren mocen merur fala bogu seto toa se sanirase jas umiram gubam vozduh nemozam da disam oni mi vikaat ete taka dete se raga ti sto si mislese doktorkata dodeka se poragav gore spiese pa koga stana ja karase babicata zosto ne ja viknala na sestrata koja i zavrsi smenata si zamina i me ostavi sama vo rodilna sala koga stanav po dva saati od poragajot bev kako zombi koga se vidov na ogledalo od sama sebe se isplasiv od dva dena sto sum se macela sega nema sansi da se porgam vo drzavna ili ako odam tamu ke si pustam pari oti bez vrski ne gi interesiras zatoa sega imam strav mi napravija trama za cel zivot
Леле Ништо барај врски или ако можеш да дозволиш приватна болница, најубаво... Јас во државна бев првиот пат, второво во приватна...
Мамички здраво, 5 пати одам на контрола бидејќи сум со поминат термин и 4 пати ми се слошува штом влезам во болница. Не можам да дишам паника ме фаќа. Му реков на докторот јас нема да можам да издржам, ќе ми се случи нешто при пораѓај. Ми вели не се секирај затоа сме ние тука. Што ако се онесвестам, ако изгубам сила ако не можам да дишам? Додека ви пишувам ми се тресат рацеве, што ли ќе правам кога ќе дојде моментот? Си велам смири се полека диши ама не можам никако да си влијаам на стравот. Дали ви се има случено вакво нешто??
Пак јас, малку сум досадна знам, ама некој нешто да пише? Воедно честит празник на сите феминки од православна вероисповест.
Нема да ти се случи нешто такво бидејќи ти во тој момент нема на себе да мислиш.Опушти се и размислувај за најубавата средба на светот, како ќе изгледа бебето пример дали ќе има многу коса или ич какви очиња ќе има, како ќе мириса прекрасно, колку малечки ќе се неговите рачиња како силно ќе го прегрнеш. Не се оптоварувај со такви мисли, мисли позитивно и така ќе биде. Со лесно и среќен празник и тебе.
Devojki me interesira iskustvo za priroden porogaj dali "dolu" se si se vraka na mesto posle nekoj den ili ke se plasam samata od sebe?
Не се секирај, све се враќа на место само после некој месец. За да не се плашиш, не се погледнувај и готово