Се плашам од породување

Дискусија во 'Бременост' започната од XstrongerX, 10 јули 2010.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.830
    Пол:
    Женски
    Ич да не се плашиш за епидуралната воопшто не боли и после тоа ништо нема да остане белег ниту ќе те боли грбот. Јас се породив царски заради карлично бебе ама ако раѓав природно повеќе од сигурно ќе раѓав со епидурална.
     
    На anas23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Zosto bez epidural ... veruvaj deka bolkite se pregolemi 21vi vek sme nema potreba da se trpat tie bolki koga ima nacin i resenie ...
     
    На anas23, Lolo5 и fana им се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.585
    Пол:
    Женски
    Не можат сите да си дозволат раѓање со епидурал во приватна болница, оти во државна епидурал е научна фантастика. И да, боли, ама од тие болки не се умира.
     
    На natash.a, @Verba, ❤️Sneze❤️ и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Тој начин и решение чини 2000 евра. Убаво е приватна, ама не може секој да си дозволи. А и плус нема секој толку јаки болки. Братучетка ми за три часа се породи и тоа болки појаки имала само кога се отворила 9 прсти.
     
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    31.300
    Пол:
    Женски
    Јас завршив на царски заради и добив спинална. Ништо не осетив кога ме боцнаа, нити имав белег после тоа. Не ме болеше глава после интервенцијата како што викаат дека боли.

    Јас се отворив 9 прста без скоро никакви болки. Нешто малку појаки од менструални, се зезав со маж ми дека ако вака ме болат почетни болки како ли болат за вистински пороѓај. Кога разбрав дека со тие болки сум се отворила за час и пол 9 прста останав зачудена. Се породив со царски заради други индикации ама болките за отварање мене ич не ми беа јаки или страшни.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    2.828
    Пол:
    Женски
    Тоа е разликата. Јас имам висок праг на толеранција на болка ама тие болки што ги имав... страшни беа ( со пукнат водењак и вагиналета ) а бев само 3 прста отворена.
    Кај секој е различно.
     
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    31.300
    Пол:
    Женски
    Кога се отварав немав никаква анестезија. Се отворив до 9 прста за саат и пол без многу болки. КОга ме прегледа доктрот се чудеше како јас така смирена и со дишење ги поминувам болките а се отворам така брзо. Ме боцнаа дури во сала. Затоа добив спинална не епидурал (ако имав епидурал од претходно само ќе ја зголемеа дозата).
     
    На Aneta92 и tincemajmunce им се допаѓа ова.
  8. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    15.589
    Јас пак воопшто немав страв од породувањето.Некако психички се спремив добро и реков дека нема да се плашам и паничам и баш така и беше,ме фатија болки,си отидов на болница одма во родилна и за неколку часа се породив.Болките си ги издржав со стиснати заби и дишење,глас не пуштив,беа појаки од менструалните ама издржлива сум на болка така да може и тоа беше пресудно.Искрено со породувањето не видов мака,ама после со епизиотомијата ,олеле мајко беше работава.
    Се на се ,треба психички да сте спремни за тој чин и мислете дека доаѓа нешто најубаво,тоа да ве води.
    А сега за второ мислам дека би имала поголем страв ,незнам зошто мислам дека веќе знам што следи:)
     
    Последна измена: 21 март 2018
    На Kitten, gjoker4e, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Јас се породив без епидурал и ништо не беше страшно. Болки си се болки. Не сакав во грб да ме боцкаат. Шиењето беше ок. Вториот пат како да не бев шиена. Ако се издржат контракциите, пораѓајот е гола вода.
     
    На Mari(u)ana, gjoker4e и Kitten им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    https://www.epino.de/en/epi-no.html
    Ова е апарат со кој се вежба за породување од 36-37 недела. За време на породувањето велат ќе се чувствувате посигурни и поспремни.
    Продукт од Германија препорачан од повеќе од 50% од корисничките.
    За прво бебе верувам дека може да помогне во самодовербата особено кај трудници со низок праг на толеранција на болка.
    Плус пред породување се препорачуваат вежби Дамм масажа од 36 недела со кој се вежба мускулот на отварање. Толку од науката досега :)

    Ако и овие две не помогнат за надминување на стресот ( плус старата епидурална ) нема трето. Бебето секако мора да испадне на било кој начин.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Teja26

    Teja26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2018
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Женски
    Некоја што искусила да каже Дали од епидуралната има несакани последици?
     
  12. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    13 месеци после пораѓај немам никаков несакам ефект од епидуралот, не се секирај нема зијан од него само тебе полесно ќе ти биде ептен на пораѓај. Со лесно :)
     
    На Teja26 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.762
    Допаѓања:
    33.566
    Пол:
    Женски
    Исто како елчезелче немам несакани дејства по 26 месеци од пораѓај.
    Јас само имав несакано дејство кога ми го ставија ме чешаше многу стомакот а не осеќав ништо кога се чешав.Сигурно некоја алергиска реакција.Мене малку касно ми го ставија до дека фати јас се породив. Поарно беше отколку без.Со лесно(fingers)
     
    На Teja26 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    101
    Поради болките појде на лекар или од контрола увидоа дека е моментот за раѓање? Други симптоми имаше?
     
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    31.300
    Пол:
    Женски
    Ми пукна водењакот дома. Отидов во болница до благи болки. Ме приклучија на ЦТГ и фатија јаки контракции на ЦТГ. По саат и пол веќе бев 9 прста отворена.
     
    На jance му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mamacita00

    Mamacita00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2022
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Мамички јас бидејќи треба да раѓам царски ми рекоа дека треба минимум 38 недела да сум за да нема никакви компликации со бебчето, ама овие денови почнав да имам силни болки и во половините и напред на левата страна долу кај препоните како менструални болки и не знам да не се контракциии. Бев претходната недела на контрола и ми рекоа дека не сум отворена но скратено било грлото, оваа недела пак треба да одам а 36 недела сум. Дали некоја од вас се има породено 36 недела и дали се било како што треба мн ме фаќа страв ;(;(;(;(
     
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Ако се сомневаш на нешто, оди на преглед, цтг. Подобро да си мирна одколку да се плашиш. И не се грижи, се ќе биде ок
     
    На Mamacita00 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Телетабиска

    Телетабиска Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    45
    Жената не се плаши од породување, се плаши од болки, од тоа дали детето ќе е ок.
    А зада нема болки треба да има уреден живот.
    Да пази на органите стомак, матка и сл.
    Да не пие, да не пуше, да избегнува стрес.
    Најважно е да е отпуштена најмногу што постпи додека се пораѓа,
    да мисли на тоа што излегува од нејзе.
    Бидејќи мускулите на матката се опуштаат кога таа е опуштена и има позитивни мисли.
    Размислува на тоа дека е мајка, дека ќе си го види детето.
    Кога ќе го прави тоа, нема ни да има болки и ќе нема потреба од царски рез и било какви компликации од тој тип.
     
  19. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Женски
    @Телетабиска Некогаш има потреба од царски па колку сака опуштен да си :) Не е до тоа едноставно.

    @Mamacita00 Се родиле бебиња и пред 38 и со царски и природно што се супер така да не се паничи. Само смирено, ако имаш болки, контракции, јави си се на лекар, а во меѓувреме одмор, лежење повеќе и мисли како ќе гушкаш бебе за кратко. Во безбедна зона си, само секогаш гледаат што подолго да остане бебе во стомак, особено ако е прво. Со лесно!
     
    На Mamacita00 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    802
    Јас сум породена 36+3 дена ми пукна водењакот, природно сум, беше ситно бебе 2800, ама оценките му беа супер, еве го сега скоро уште малку дечко од 10години
     
    На Mamacita00 и Thinkerbell. им се допаѓа ова.