Воопшто не се слагам. Има еден куп жени кои водат здрав начин ,исхрана и вежбање и пак имаат болки и пак мораат на царски.
Не не е точно.Некогаш нема избор мора царски.Јас за моето викам го родив и природно и царски.Издржав болки и не се отварав,тоновите почнаа да паѓаат,фетал дистрес и мораше да завршам на хитен царски.Тоа пиење ,пушење,пазење ау свашта,нема кој не пази на себе во бременост,ретки исклучоци.Не е точно ништо од ова,и сум пазела на себе и тоа многу.Некогаш се нема избор мора царски.
Јас сум царски во 36+1 . Ми пукна водењакот, немав контракции ниту бев отворена ама водата цела истече и мораа да ме породат за два часа . Ми ставија инјекција за зреење на белите дробови на детето додека ме спремаа за операција . Бебето не беше во инкубатор немаше потреба ,се роди 2930 и се си беше најнормално .
Морам царски заради голем очен диоптер, не дека јас така сакам или од страв од природно раѓање, едноставно немам избор
Нема врска со матката, туку со напоните и воопшто големиот напор што ќе го вложиш за време на породувањето. Има жени на кои им е забрането да раѓаат природно поради тоа што постои можност да се одлепи ретината.
Има врска со напонот, може да ти се одлепи ретината. Така ми објасни офталмолог. Исто ми е забрането екстремни спортови пример банџи џампинг,ради притисокот....
Здраво ја вифов темата па и јас да си кажам дека имам многу голем страв од породувањето, 22недела сум и како си довагаат деновите се повеќе ср плашам. Оти кажуваат дека многу болело, не се издржувале болките а јас сум таква паничарка и незнам какп ќе поминам многу ми е страв
Не треси глупости. Секоја жена има страв од породување. Не верувам да нема некоја што потсвесно се плаши. Коментаров ти нема врска.
Не верувам дека има жена што не се плаши, некоја повеќе, некоја помалку. Стравот е најнормално нешто. Посебно ако и е прв пат, страв од непознато, не знаеш што да очекуваш, плус и некоја како тебе без осет ако ја има исплашено “ леле не знаеш што те чека”.
Нормално е да се плашиш, ама гледај вака: цело тело во тој момент е синхронизирано за успешен пораѓај. За многу работи не се чувствуваме спремни, еве на пример сигурно не се чувствуваше спремна за бременост, но кога забремена едноставно самото тело ти помогна да го прифатиш тоа. Јас кога бев бремена си размислував вака, денес е најдобро време од сите претходни времиња за пораѓај. Медицината е најнапредна, цело време се следи бременоста од многу аспекти, и има решение за секој потенцијален проблем што може да искрсне. Болката е таа што е, кога ќе дојде време можеш да се договориш за епидурална, ама дури и да се одлучиш за природен пораѓај ако има услови, без никаква анестезија, сигурна сум дека ќе ја издржиш. Посилни сме него што мислиме. Читни или погледни некое видео за тоа што се случува за време на пораѓај и што се' телото прави за да излезе бебето надвор, мислам дека ќе ти е полесно да го прифатиш тој процес.
Еве јас се уште немам деца, се бориме за потомство, планирам ин-витро, уште не сум ни добила одговор од фондот, па страв ми е, што не значи дека не сакам деца. Исто и да одиме на стоматолог ни е страв, па сепак одиме, и на било кој лекар.
Што и објаснувате, мислењето е чиста провокација што не заслужува никаков одговор. Целта и е само да изнервира неколку рандом жени, зошто не знам, можда си лечи фрустрации. Стандард прича.
Da za prv pat ke stanam majka i imam mnogu raboti sto ne mi se jasni, a najvekje imam strav od poragajot kako ke bide dali ke mozam da izdrzam i tn. Jas sakav samo da znam dali moze da se izdrzi primer so epiduralna dali pobrzu moze da se porodam da ne se macam oti vikaat deka podobro e prirodno odkolku carski.
Нема два исти пораѓаи. Никој не може да ти каже како ќе поминеш, дали ќе се отвараш, дали ќе фати епидуралот, болките како ќе бидат зошто сите имаме различен праг на толеранција на болка, различна конструкција на тело, различно бебе. Она што за сите е исто е дека поминува. И искрено се заборава. А за издржување, секако ќе издржиш. Колку милиони жени во свет секој ден се пораѓаат, сите издржуваат