Епа вака мајки јас многу се плашам од породување… се мислам дали приватно или Чаир. Ако постојат услови во Ремедика со епидурал и ете брзо се отворам може би пробала природно кај Котларова или некој др добар но сепак не верувам. Е сега прашањето ми е за во Чаир ако успеам со врски да се породам царски би имало некоја разлика со породување царски приватно? Затоа што нели болките не се осеќаат за време на царски, е после третманот каков е за раната и помош во Чаир не знам. За природно да, би имала тинтрања на приватно… ама за царски мислам тоа е тоа. Па да не ги фрлам џабе парите, стварно не можам да се одлучам што да правам доколку се решам за царски. Многу се мислам дали да одам на договорен царски во Чаир или Ремедика. Преголем страв имам и сакам да поминам без траума.
Јас бев во истава дилема и го одбрав Чаир, со врски. Се породив царски и ден денес имам трауми. Не од самото породување, туку од третманот после. Мој совет ти е доколку имаш можност, да си одбереш приватно и што полесно да го поминеш тој период. Баш со царски ти треба поголема нега и помош после породување, а во Чаир тоа го нема. Е ако имаш врски кај сестричињата, тогаш можеш да поминеш подобро.
Избери доктор на кој ќе му веруваш. Не постои првородка што не се плаши од породување, за второ можеби е поинаку ради претходното искуство. Настрана што го ,,продаваат,,царскиот како побезбедна опција, што нема да го коментирам. Убави аргументи ти даде Емоушнал за постпородилната фаза. Затоа на твое место би одбрала природно, со епидурал, под надзор на доктор на кој му верувам, ако не е можно (што не секогаш се знае) останува опцијата царски.
@snowwhite.24 Знам дека прашуваш за друго, ама сакам да ти кажам неколку работи. Јас премногу се плашев од пораѓај, со години читав за тоа и мислев на тоа. Непланирано, а посакувано останав бремена. Првата помисла ми беше како ќе го родам. Со читање книги и учење техники на дишење дојдов до моментот искрено да верувам дека тоа е нешто најприродно, дека никој не останал нероден, дека моето тело е подготвено за тоа, дека треба да му верувам на сопственото тело за да си ја заврши работата за која природно е наменето. На крај, се породив природно и без анестезија, на приватно. Во мојот случај приватното се исплатеше бидејќи имав компликации по пораѓајот, но самиот чин воопшто не беше страшен, ни болен, ни долг. Ниту зедов анестезија, ниту бев шиена. И совет за крај, имај наум дека повеќето луѓе сакаат да се во улогата на жртви и пишуваат хорор приказни на форуми, за кои жалам што јас ги читав порано бидејќи секое искуство е индивидуално и сите имаме различна перцепција за истото нешто. Не плаши се. Сега често се смеам: Леле, да знаев дека туркањето на бебето е најлесната работа од мајчинството, ќе си заштедев многу време и енергија!
За се ќе те поддржам и ќе речам така е, ама за делов дека некоја трудница изиграва жртва и ќе пишува хорор приказни… те молам, не сме им биле во кожа и не знаеме како поминале они, баш како што кажа, секоја жена е индивидуална за себе. Мило ми е што супер си поминала на пораѓај и жалам што се искомплицирало нешто после тоа и мило ми е што се супер поминало.
Не велам дека е намерно, туку дека повеќето луѓе се фокусираме на негативните работи и потоа нив ги кажуваме како најважни. Тоа е човечко, и јас го имам, но за пораѓајот одбрав да не зборувам и пишувам за компликациите иако завршив на целосна анестезија со цел да не исплашам никого, бидејќи и покрај се', тоа е најубавото искуство во мојот живот. Воопшто не мислам дека некој свесно и намерно ќе преувеличува лоши работи за да се направи жртва во очите на другите.
Не се плашев пред да го родам првото дете. Болки имав преку 18 саати на 2-3 минути пред да се породам, а прелесно поминав со заздравувањето. Најголем проблем ми беа испукани капилари во очи и хемороиди. Не се плашев пред да го родам и второто дете. Спремна бев дека ќе биде тешко и долго. Траеше 12 часа и добив епидурална. Имав прекрасна докторка, прекрасен персонал, на државно, без врски. И потрауматично искуство не сум имала и се надевам нема да имам повторно. Некогаш не е до болницата, докторот, сестрите, анестезијата. Некогаш не е до тоа колку си спремен. Кој ме познава лично, ми се чудеа како лабаво си ја раскажував првата породилна приказна иако нив им звучеше хорор. На повеќето не сум ја раскажала втората приказна зошто не можам ни до пола да стигнам без да плачам. Не дека е пострашна, него дека мене ми е потрауматична. И сама не знам зошто. Какви последици има по психата таквото искуство не сакам ни да размислувам, ниту да споделувам да читаат трудници. На крајот од денот оправдано е се што ќе направите за да (психички) здрави излезете од породилното одделение. Зошто нашите деца заслужуваат здрави мајки. Конците паѓаат, лузните бледеат. Траумите се засекогаш. Не сум за создавање долгови само да се породиш приватно, за да имаш културен персонал после пораѓај. Си има прекрасни луѓе и на државно. Повеќе би рекла читајте, учете, припремајте се, и барајте помош од стручно лице ако ви треба. Сами на себе да си помогнеме, зошто иако е природен процес, не значи дека е лесен.
@snowwhite.24 Ние сме создадени да можеме да го издржиме тоа,немој да се плашиш.Вака од дома е се по друго,чудно ти е,страшно,непријатно,кога ќе отидеш таму гледаш дека околу тебе има уште многу жени што во тој момент го минат истото како и ти.Првиот пораѓај ми беше природен,закрепнав многу лесно и брзо,буквално после 6 саати си станував сама,туширав,одев .. Сега го чекам второто мое малечко,се молам повторно да имам природен пораѓај,без епидурална и се од модерната медицина..Сепак тоа е некоја моментална болка,мине,после немаш последици..Сите со различни мислења но јас не би одбрала никогаш епидурал,како и да е би ги издржала контракциите(како порано жените раѓале додека не постоела епидурална)на царски би отишла едино ако веќе мора..Но ја почитувам секоја одлука на секоја жена,сите имаме различен праг на толеранција,тоа што мене ми е страшно на друга и изгледа по лесна опција и така..Го памтам моментот кога ми ја ставија на стомакот ќерка ми,како пред 5 минути да беше,веруј ми кога ќе го видиш тоа се ќе заборавиш,а после тоа од среќа нема ни да обрнуваш внимание на болката,ќе гледаш само да му угодиш на тоа мало душиче. Ти посакувам лесен пораѓај тебе и на сите идни мамички
Страв има и мислам дека е нормално. Ама кога ќе дојде моментот тоа е, нема назад и мора да си фокусирана на тоа што следи. Опција за спинал имав и на Гак. Ама толку брзо се одвиваше се , што немаше простор за да ја добијам. Буквално додека дојде анестезиолог, јас стоечки добив напони и стоечки почнав да буткам. Легнав на бокс и за минута ипол две, веќе бев породена. Незнам како е по приватните и колку анестезиолози имаат, ама државно тие со царски се приоритет и нема да ги остават за тие со природно, макар имала врски. Баш ситуација беше каде што имаа компликација со жената што беше на царски и неможеа да ја остават без надзор и ја чекаа да се стабилизира. Моментот кога доаѓа да гураш, веќе знај дека е завршено се. Клише или не, заборавив на болките што ми беа кога буткав.
Ако сум поминала како Биби нормално позитивно ќе пишувам. Или ако сум поминала лошо ете како Спиди нема да напишам или ќе си пишам. Јас колку сакав такво искуство како Биби, ама... Секое тело различно, не верувам некој да преувеличува како поминал. Па која не би сакала убаво позитивно искуство од кое нема да има траума...
На цимерката и беше докторка, ја следела и породила она. Секојдневно и доаѓаше да ја види, плус и додека беше во болница и пишуваше на вибер на цимеркава да ја праша како е. Многу фина и мене ми се виде