Зависи од бременоста, некои се породуваат после 9 ти месец, тоа се рачуна дека преносиле, некои не ги износуваат цел 9 ти, кај секоја е различно.
Зависи како рачунаш 9 месец, (т.е дали бременоста ја рачунаш 9 - како порано што правеле или 10 месеци, како што е сега) Инаку, терминот се одредува вака: го земаш датумот на првиот ден на последната менструација, додаваш 7 дена, а потоа уште 266 дена (38 недели) и се добива датум на кој треба да се породиш. Според ова сметање, бременоста трае 40 гестациски недели, т.е 10 месеци. Понекогаш се поместува терминот порано или подоцна зависно од развојот на бебето. Терминот ти е граничен датум околу кој би требало да се породиш (може порано или подоцна). А инаку, штом се влезе во 37 недела (значи кога ќе помине тој 9 гестациски месец) се очекува породување во било кој момент.
И јас се плашам од породување не од самата помисла како и што ќе биде,туку пред да останам бремена имав како забрзување на срцето во некои ситуации и на почетокот на бременоста го имав истото,читав на нет нешто како тахикардија,сум била на преглед и едниот доктор ми има речено дека имам како шум на срцето,кај друг лекар дека немам ништо дека тоа е пролазно зошто сум имала многу стресни ситуации,и се мислам дали да одам на природен пораѓај или со царски рез,пак планирам да се консултирам со лекар за тоа,па сакам и ваше мислење поздрав
Обично бремените жени некаде до 8 ми месец имаат страв од самиот чин на раѓање,а веќе во 9ти едвај чекаат да се породат затоа што се станува потешко,тешко ти е да стиош,да седиш,да се избањаш и.т.н. ,а и како се ближи крајот се поголема е желбата и љубовта кон бебето кое треба да дојде на свет(ова од мое и од искуство на мои блиски). @Елеонора :Мислам дека најпрво треба да се одлучиш каде ќе се пораѓаш и евентуално да си одбереш доктор кој ќе го изврши чинот.Со него ќе се консултираш околу проблемот со тахикардијата и заедно ќе одлучите што е подобро дали природно или со царски рез.Според мене кога веќе има некаков проблем добро е да се знае се и да не се оди на случајности. Среќно и со лесно (кога ќе дојде време се разбира)
Многу ти благодарам за твоето позитивно мислење,јас се ќе оставам во раците на мојот гиниколог па како ќе одлучи тој така ќе правиме,инаку планирам повторно да одам на ехо на срце и екг па ќе се консултирам и со тој лекар за состојбата,инаку многу сакам природен пораѓај,али ако се мора царски така ќе правиме ,многу благодарам поздрав
имам 2 деца и на двете породувања беше ептен различно Со првото дете бев толку исплашена односно ме исплашија кога стигнав во државна болница.Отидов на преглед бидејки терминот ми беше поминат веќе 2 недели.Докторот што ме прими ме погледна на ехо и ми вика па твоето дете не е во ред има кратки нозе кратки раце мала глава а голем стомак кога ми кажа така нозете ми се пресекоа.Дотогаш одев на редовни прегледи и се беше ок.Ме ставија да лежам на патологија ме врзаа со инфузија и провокации кои предизвикаа неиздржливи болки никако не се отварав од стрес и страв.Моите контракции траеа 3 дена од сабота до понеделник кога конечно се породив.Детето се роди здраво-право се како што треба и сега е прекрасно девојче.За разлика од првото породување со второто дете отидов чисто онака на преглед затоа што ми помина терминот еден ден.Кога стигнав таму докторот ми вика ајде горе во сала ти си веке 5 см отворена мислам без болки без ништо.И горе се беше ок додека траеа подготовките за породување јас веке бев отворена 8см дури се чудев самата на себе после лошото искуство со првото дете.За 2 часа се породив без да ме сечат без да пукнам самата од напон без да ме шијат СУПЕР !!! Се помина во најдобар ред и бебето и јас бевме одлично.Така да само мој совет од целава моја приказна ако сакаат да ве прикачат на провокации НИКАКО чекајте сами да се отворите со природна болка која е ептен мала и без никаква паника зашто кај мене на пример на крај се утврди дека докторот кој ме испаничи за првото дете и не бил доктор туку стажант
Не плашете се од породување. Контракциите болат, не дека не болат ама кога доаѓа моментот се се одвива спонтано, поминува и се заборава. Се што оди на земјава е од мајка родено. Како шти напиша АИТ, веке во 9 месец се чуствувате мизерно и едвај чекате да се породите. Со првото дете ги истрпев болките а таа не сакаше да излезе и ме прашува докторот: може ли царски да не чекаме повеке, да не направиме беља? Му реков да ја вади како знае и умее веднаш Така да ем си ги истрпев болките, ем го кркнав ношчето При првото породување имав страв од непознато, со второто од познато. Ако се пораѓате нормално, имате болки пред породување. Ако се пораѓате со царски, имате болки по породување. Сега има опции и со анестезии, епидурална и како да сте биле на козметички третман.... Туку породувањето е еден ден, после е потешко. Кога ке го донесете вришталцето дома и така 3 килограми ве стројат дење - ноќе Информирајте се и не размислувајте многу туку уживкајте дури можете
Нормално е човек да се плаши од болка. Ама кога ќе помислиш што следува после таа болка Јас цело време си мислев дека конечно ќе си го гушнам бебушот и навистина ништо не ми беше страшно. За првото отидов многу рано во болница, па повеќе си го окркав За второто па претерав, за да не одам рано, си шетав ден и пол дома со контракции и кога отидов бев девет прсти отворена, се шокираа на приемно . За два саати си бев породена, од тоа имав едно 20 минути со мнооогу силни болки, ама реално, што се 20 минути? Цело време дури траеја си викав дека кај и да е ќе помине... Ќе видите и сами, на породување цело време ќе мислите само бебето да е ОК, за вас најмалку ќе ве интересира
Tолку многу се плашев од болката што заборавив да мислам на бебето, на тоа што ке се случува после породувањето. Толку многу читав искуства и кога бев спремна за порогај докторот ми кажа дека мора ЦР и незнам зошто некако ми олесна. Кога влегов во предпородилна бев повеке збунета отколку уплашена. Внатре имаше една трудница со контракции и се гледаше дека ја боли но не толку многу што не би можела да издржи. Кога јас требаше да влезам во салата таа веке беше породена, насмеана како ништо да не било, а кога јас се освестив од анастезијата да вистина боли но не е некоја болка за умирање се издржува. После тоа ми беше криво зошто толку многу читав за породувањето и болката, а не за доењето и сите работи поврзани со бебето. Но мајчинскиот инстинкт проработува многу брзо и се е во ред не се плашете, одете позитивни, насмеани и се ке биде во ред! позз
Точно е мене веке се ми е тешко , за во вц станувам стопати навечер , малку повеке да постојам на нозе се изморувам лесно.. кај и да е веке сум близу па кога ке и се излегува на малата тогаш се надевам се ке помине во ред
и мене така ми израчунаа ама се чудам бре 10 месеци ли ќе ја носам инаку точно 9 месеца полнам сега 8 април и како што викаат женско таман пуни 9 одма раѓаш а мшкото се носело малку повеќе (2недели)ич незнам ќе видиме кога ама многу се плашам како што се доближува времето се повеќе и повеќе страв ме фаќа.
Не мора да значи дека само момчињата се преносуваат, може и девојчињата да почекаат малку. Моево се роди три дена пред крајниот термин, а јас самата немав поим дека ќе излегува баш тој ден. Инаку, и јас се плашев. Имав контракции кои не ги чувствував, само на ЦТГ се регистрираа. После тоа почнаа болките, јас шетав по дома да си олеснам... се' си мислев дека спонтано ќе се породам, ама бидна царски рез и тоа со општа анестезија, оти не можеше да се чека. Малку повеќе треба за опоравување после цезареа, ама ако имате волја да станете (а ќе имате штом си го видите бебчето ), брзо ќе се опоравите!
Не е муабетот за преувеличување или не. Болката е присутна и тоа не може да го оспори никој. Правото на избор е лично и зошто секој да не си реши. На крајот на краиштата зошто тогаш воопшто е измислен епидуралот? Немојте да се лутите, секој си има став, но 21-ви век сме. Зошто ако нешто може да помине полесно и понетравматично и за бебето и за мајката да не се одбере како можност?? Па...оффтопик..пред 10,20 години криопрезервазијата била science-fiction, а сега има и такви кои своите тела после смртта ги "вложуваат" во истата со надеж дека еден ден повторно ќе се разбудат....[/quote] Е, имам идеја........ .........нека ви направат клон, во епрувета, и одгледајте си го како дете........не се породувајте........... ..........[/quote] Извини, ама муабетов буквално ти нема врска. Не знам дали се смета или не за навреда ама ќе ти кажам. Според тебе бидејќи ,,ние,, кои би сакале и ги применуваме современите придобивки на медицината сме киборзи, можеби, или не знам како не доживуваш....ама па од таквите како тебе со вакви верувања се чувствувам како во 16-ти век. Страшна работа ! демократија е знам... [/quote] Bravo UbavkaBube,istoto go mislam i jas,ako nashite babi predhodno se machele zasto toa istoto da ni se sluci i nam.Jas sum 2 meseci pred poragaj,pa eve sega odlucuvam za nacinot na poraganjeto.Ali koga veke postoi moznost poraganjeto da ne bide ko da me stavile na machenichki stol,zasto da ne otidam na polesniot nachin,da ne bidam pod stres i ednostavno da uzivam vo doaganjeto na bebenceto ...Pozdrav [mod-kirilica:4wruro28][/mod-kirilica:4wruro28]
леле незнам дали да се смеам или да плаЧам не сакам никој да навредам ама пред 50 години баба ти се породувала дома дали сама или имало некој со неа не му било многу битно а исто така и заби си вагала сама со коноп без анестезија без нисто,знаЧи кога напреднала току медицината зосто да не ја искористиме таа моЖност незнам јас некои луге како се одлуцувват да трпат болки а за тоа има лек ама тоа си е нивно мисленје секојси знае за себе сто е најдобро
gi procitav povekjeto mislenja za temava i ne mi se veruva kolku neinformirani se mnogu trudnici..epizotomija ne mora da se napravi,carski treba samo po potreba da se pravi,a bolki ima vo sekoj slucaj. modernata medicina navistina go olesnuva poragjajot(vo sporedba so porano)ama jas ziveam i mi ja vodat bremenosta vo germanija i vo site moderni kliniki tuka se preferira prirodnoto,retko koja bolnica pravi carski po zelba, se nudat podgotvitelni kursevi vo koi ti go objasnuvaat poragjajot do najmal detal,za da mozes da svatis sto ti se slucuva ,a so toa i da se namali stravot i stresot i da se izbegne (po moznost) epiduralna ili carski.moe mislenje-ako umiram na boks i ako na bebeto ne mu e dobro togas carski,a epiduralna so znam,mozam bolki da izdrzam,sakam sto poprirodno da bide [mod-kirilica:2o5xyebf][/mod-kirilica:2o5xyebf]
Ќе ви споделам што преживеав јас...На 6 март сабајле во 5 сатот се разбудив, ми се одеше во WC. Кога се вратив во кревет почнаа леки контракции...засичав ги, беа на 3 минути, почекав пола сат за да се убедам дека стварно секоја контракција е на 3 минути и се редовни. Го разбудив Миле му велам „Станувај, син ти иде“. Предходно им бев кажала на Миле и на мама дека неќам паника, сакам да са смирени и концентрирани, не да трчат напред назад, да викат, да се плашат...аман... Тој стана, разбудив и мама, наместив креветот, се измив, се средив, чантата си ја наместив нешто да не заборавам, маж ми кафето си го изпи викнавме такси и во 7 патувавме на кај болница... Ме видоа на ЦТГ, после видоа и колку сум отворена, ми кажаа дека сум 4 санти отворена дека тоа ќе е срекниот ден. Ме качиа горе, ме прашаа разни прашанија, податоци..ми кажаа да отидам во една соба да почекам да ми зачестат болките и да станат посилни. Се шетав во входник за да се отворам побрзо. Почнаа се по силни болки да ми идат. Воденјакот не ми беше пукнат. Се качив на столот и со една шипка ми пукнаа воденјакот. Усетив како ми потича жешка вода. Тогава ми беа потребни влошките. Ми течеше вода и крв дури 40 ден после пораѓането Ставиа ми инфузиа за да се породам побрзо да не се мачам цел ден. Од нејзе си немате појмна колку многу ме болеше, но се тешев со тоа, дека нема да е секогаш таа болка, ќе е само сега, уште малку, уште малку ќе потрпам, за убо е, не е за лошо...толку многу ме болеше, че кога си отварјав очите прво гледав црно, после почнував да гледам чисто ... Веке беше 12 и нешто по пладне, кога докторката дојде да ме види колку прста сум отворена. Ми кажа само ајде готова си за пораѓане. Кога го слушнав ова Легнав на голем кревет, се наместив за пораѓане, докторката ми кажуваше се како да застанам, каде да се фатам, што да праам, се! Прв пат кога се напнав ме заболја многу,се заправ и таа ми рече да не се запирам зш го задушавам детето, се уплашив и се напнав пак. Тогава усетив како лекарката со нож ме порјаза и бебето излезе од мен за 1 секинда, наеднаж. Ова е нешто неописуемо. Бев СРЕКНА! Целото породуване ми беше има нема 5 минути. Кренав глава и го видов нај убавото и мило мое бебенце. Заборавив и на болка и на се! После тоа ми извадиа и плацентата, беше малку непријатно, но беше брзо. После тоа ме шиеја. Ова исто не беше никак пријатно. Имав анестезија за шиенето, но пак го усеќавав. Оставиха ме во соба 2 сати да си лежам и го гледав бебето и си мислев со што сум заслужила овој благослов...?!? со што и да сум, ќе го напраам нај срекно мало човече на светот...После тија 2 саати ме симнаа доле во соба со други жени. Бевме 6, секоја со бебето си. Не можев да се кревам, да седвам, ништо не можев да праам, зш шевовете ми сметаа и по цел ден и цела вечер си го гушкав...беше убаво Со задоволство пак ќе го преживеам истото, ако даде Господ.
Мене ми е сеуште многу рано за вакви работи, но често размислувам на оваа тема. Болката при породување е присутна, тоа никој не го оспорува. Но сепак мислам дека е подобро природното породување, отколку царски рез, на тоа би се согласила само ако мора. Ако има можност за епидурална, сигурно би ја искористила-зошто да трпам болки ако знам дека има шанси сето тоа да помине по безболно.
Поради високо ризичната бременост, кај мене мораше да се прави царски рез, меѓутоа, сета таа радост, чувството, првиот поглед и допир со бебето и јас ги почувствував.Бев будна за време на самиот чин, со спинална анестезија во кичма и се тоа што го доживуваат родилките по природен пат и јас го доживеав.
Jас се породив со епидурална анестезиија,иако не очекував или сакав туку морав пред да се породам бев преплашена,и млада уште Kога дојде моментот верувајте,бев престрашена,а пред тоа како дрогирана и ми дадоја ipod да си слушам,за да се опуштам,и туркав туркав имав доста сила,се породив за некаде 30-40 минути иако мене ми се чини дека беше за 1о минути Mи ја дадоја буцката мала в раце,и имав чуство дека на заболекар сум имала поголема болка отколку породувањето Mногу сум срекна како се породив,но за второ дете т.е бебе сеуште ми фуфка
Јас се породив со царски рез. Здравје нека е за второ-однапред ќе си закажам царски ако бебето е крупно. Со малиов само се измачив 10 саати со болки, и таман да ме качат на бокс да раѓам имав обилно крварење и за 2 мин сите се спремаа за царски. И покрај поминат еден пораѓај, се плашам од втор.