Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се плашам од породување

Дискусија во 'Бременост' започната од XstrongerX, 10 јули 2010.

  1. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    о блонд сега ми ствараш страв јас пак си сакав природно да се породам..
     
  2. Sweety81

    Sweety81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Да и тоа многууу :( :(
     
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Породувањето е најприродна работа. Се погрижила природата за тоа. Јас имам две дечиња, двапати се пораѓав природно, без никакви анестезии. И двапати си мислев колку убава работа ме чека после тоа, дека конечно ќе си се гушнам со бебето и болките и се ги сметав само пат да стигнам до тој момент. И се се издржува. После бременоста тоа е толку природен редослед на настаните, телото цела бременост се подготвува за тој чин.
    Првото породување не знаев што ме чека, ама имав позитивен став и се радував (иако бев и збунета). Во болница бев 12 часа пред да се породам, сите фази на болки ги поминав, и јас и сите други таму. Не е дека не боли, но таа болка има различни степени и кога ќе стигне до највисокиот степен, ќе се породиш и ќе заборавиш на се, ама буквално, кога ќе си го видиш бебенцето.
    За второто породување сите болки ги истрпев дома, имав и гости дента и никој не забележа дека имам породилни болки :D, одев малку потешко, ќе се бутнев во купатило кога ми идеа контракции и излегував насмеана ;) . Ноќта цела вечер бев будна, шетав, дишев и едвај чекав да дојде време за во болница. Маж ми повеќе се насекира кога виде какви болки имам :D . Ама воопшто не се плашев (не дека ми беше сеедно, ама тоа беше некоја позитивна трема). Во болница отидов готова за породување (дури и предоцна), отворена цели 9 прсти и се помина брзо, за два часа од одење принцезата на мама беше родена...
    Нема потреба од страв, навистина. Боли, да, ама не боли со ист интензитет цело време и не е тоа болка што не се издржува. Не мисли на болката, мисли на тоа што следува, мене тоа многу ми помогна.
    И со лесно на сите кои ќе се породуваат :).
     
    На trtla, oceana, Lepaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  4. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    прекрасно написано за позитивна мисла за тоа што ме чека.. абе со господ напред и се ќе биде ок
     
    На baki-dk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ама нема зошто да те фаќа страв. Јас си кажувам за мене,лош распоред имав јас :D јас ситничка, бебе крупно, се намачив со болките, активно болки на 2 минути имав најмалку 3 саати. Жалам што не можев природно да родам. Затоа велам здравје нека е за второ бебе, ако е крупно ќе си закажам царски, ако не ќе се обидам природно.
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.521
    Допаѓања:
    106.035
    Пол:
    Женски

    нема зашто да те фаќа страв. еве јас се породив природно и многу лесно поминав за 20 минути искочи керка ми :lol: а за крупна она не беше , се роди 2600 гр :)
     
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Како да не те фати страв од породување со нашиве лекари и медицински сестри? :?:
    Сите се ветар во магла :tmi: , со чест на преретките исклучоци (за кои не сум чула :lol: ).

    Знам дека ова е поширока дебата, секоја различно поминала, зависно од болницата и познанствата (веројатно и во друга тема е), но јас од моите породени другарки не сум слушнала ниту една пофалба за персоналот, туку само жалење, што и го причинува стравот, од тој однос, како на колење да одиш!
     
  8. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    И мене ме фаќа страв од породување како доаѓа времето така се повеќе ме фаќа страв ;(
     
    На trtla му/ѝ се допаѓа ова.
  9. baki-dk

    baki-dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    jas voopsto ne se plasam, tocno deka prirodata go sredila toa, i teloto e spremno za sveceniot cin, :) na drugi forumi naidov na apsolutno negativni kritiki za mojov stav i za toa kakvi se komplikacii mozat da nastanat , no jas veke planiram moeto dolgogodisno cekanje za dete, i negovoto donesuvanje na svet da go napravam tokmu vo mojot dom, zaedno so soprugot i dve babici.
    pozdrav
     
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Како во твојот дом со 2 бабици?
    Каде го има тоа?
    Или во странство живееш.
    И не плаши се. Повеќе ќе те боли стравот, отколку реално самото породување.
     
    На trtla му/ѝ се допаѓа ова.
  11. baki-dk

    baki-dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    da nadvor od mkd ama kako sto razbrav kaj nas bilo zabraneto so zakon poraganjeto doma, fala ti na sovetot :)
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Ок, поштујем и тоа, секоја чест на храброста ама би ти препорачала и Д-р да си имаш при рака за недај боже. Факт е дека бабици пораѓаат ама ако нешто тргне наопаку :x
    Бидејќи си во странство и таму е забрането породување дома, прашај си како ќе го упишеш детето во матична книга на родени (кај нас со извештај од болница кој службено го носат во МВР и вадиш Извод на дете)
     
  13. tara83

    tara83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    69
    не да се плашам - ХИСТЕРИЈА МЕ ФАЌА !
    Темава не е баш активна, но ме интересира што размислуваат останатите феминки кои се во слична ситуација како мене или пак веќе ја поминале истата.
    Неможам да разберам еве конкретно што е работата со мене - неможам да Ви опишам колку многу е чекано ова мое дете ( 4 години! ), неможам да Ви опишам што се не не поминав додека останав бремена и сега кога треба да се стави финиш на се јас се понашам како "зајак" , шала на страна огромни паники ме фаќаат од самата помисла, до толку што во последниов период неможам да спијам навечер како што треба :P - ужасно!
     
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.417
    Пол:
    Женски
    И мене ми се ближи времето за породување , исто и јас имам страв .. ама мора .
    Ја посетив клиниката во која планирам да се породам , имаше презентација од главниот докор и сестрите што породуваат , и малце се подопуштив . од другата недела поЧнам со курс за подготовка за порагање па се надевам ке поминам лесно . Пријателки исто така посетувале курс за подготовка и лесно им било порагањето .Така да ти советувам и ти да си посетиш таков курс . :)
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Нормална појава кај сите прворотки затоа што не знаат што ги очекува од аспект на самиот чин на породување. Имаат чуено секакви искуства и понекогаш се ставаат во таа улога дали и нив ги очекува исто или слично. Кај секого е различно и секој си различно поминува, нема некое универзално правило а и породилните болки се со различен интензитет кај секого.
    Не мисли многу, опушти се и спиј додека можеш затоа што со доаѓање на бебето на светот ќе ти биде скратено тоа задоволство (будење на бебе преку ноќ). И да мислиш по цела ноќ, нема што да измислиш, Бог си ја оправи работата како што велат старите.
    Додека да се освестиш што се случува ти веќе ќе држиш бебе во раце.
     
  16. LaFemina

    LaFemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    34
    Уффф колку се плашам и јас од самата помисла на ова :) Од секогаш ми било многу страв, но сега единственото нешто што го сакам е да останам трудна, па си викам за ова ќе размислувам, здравје Боже кога ќе дојде време за тоа :) Инаку размислувам, кога ќе дојде и тој ден, да се породам со епидурална, иако повеќе ме плаши помислата на тоа како ја ставаат во кичма :sweat: и незнам зашто, повеќе си набивам некое глупо мислење и страв дека тоа боли повеќе од самиот чин, пораѓањето :worried: Би ги прашала феминките кои веќе имале искуство со епидуралната анестезија, да го објаснат чинот како се става и дали боли, зашто ова ме плаши многу, и кај кој доктор се пораѓале, т.е. кој доктор ја ставал истата.
     
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    Нема место за паника,медицината е токлку отидена напред ,што нема потреба ниту за страв ниту за паника.

    Јас кога се пораѓав со двете(на второто беше присутен и мм)ниту гледав ниту слушав некој или нешто околу мене освен докторот чии упатства дословно ги следев.И мислата при породувањето е многу битна.Ако си мислиш туго леле,ме боли ,дрн-дрн-дрн-ништо не правиш.

    Со самиот чин на започнување со пороѓајот започнува твојата вечна битка за доброто на детето.
    Значи борбата треба да ја издржиш храбро-мајчински.Замисли дека за некоја минутка ќе си го држиш златото во раце -стисни заби и ....туркај.
     
  18. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    И јас сум на крај од бременоста и меме нон-стоп во глава ми се врти како ќе биде, што ме очекува...итн, но се надевам дека се брзо и лесно ќе помине и едвај чекам да си го видам бебето.
     
  19. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    Браво грл ,ова ми се допаѓа, како размислуваш ,само храбро и со позитивна мисла
     
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.417
    Пол:
    Женски
    леле мене ми се ближи денот ... ´Терминот е во петок , а јас ни б од Болки . :?:
    Се повеке и повеке размислувам како ке биде Чинот Порагање ...
    иако посетувам и гимнастика и таму не подготвуваат за порагање сепак има некој страв во мене како ке биде :sweat: :sweat:

    не ми е лесно и на мене :|
    А сите го Чекаме ова Чудо од бебенце со душа да го гушкаме :inlove: