Имам уште 4 месеци некако далечно ми се гледа,си имам расчистено во главава дека еден ден болка па можам јас да издржам спремна сум за соработка со лекарите сто ке ми речат тоа ке правам не се бунтувам и нема да кукам ,што од ова ке се овистини после пораѓај ке муабетиме ама битно мене нека ме боли само бебето да е живо ,здраво па после едно мазење гушкање се ке заборавиме едвај чекам да дојде тој ден .
Еве ја ни бремена, ни мажена, најдов некое инфо Пребарувајќи по интернет за лековити својства на овошјата, прочитав дека чајот од лист од малина, ако се пие во последниот месец од бременоста, значително ги намалувал породилните болки. Само не смеел да се пие претходно, во пораните месеци. Колку е точно, неможам да знам, ама за тие плашливите може да си прашаат кај постручно лице (обавезно, зашто на рекла казала наопачки може да испадне работата). Јас знам дека јас, здравје, кога ќе се пораѓам, ќе стиснам заби, се исплати маката
Мене ми беше страв заб да извадам најискрено ама кога дојде моментот да се породам стегнав заби ни оф не реков се си помина во најдобар ред , болките се тие и се многу јаки посебно последните ама знаеќи што ве очекува после сето тоа вреди навистина да сте храбра мајка и да ги издржите тие болки без многу паничење и страв. Родив бебе скоро 4кг имав голема епизомија ама се се заборава кога ќе си го видите ангелчето ....
Јас многу се плашам од породување ни самата не знам зошто .. ама премногу ми е страв имам уште неколку месеци здравје се надевам се ке помине во најдобар ред
Немој да се плашиш.Истата бев и јас,ке си полудев кога ме фатија болки,ама си викам зошто да е вака,не сум прва ниту последна што родила,се опуштив максимално,не мислев на болките и помина се во најдобар ред..Кога ке влезеш во 9ти само опушти се и биди си смирена,ке видиш колку полесно ке помине све и после да ни се пофалиш дека се поминало супер позз
Јас родив бебе 2 кг,а бев баајги сечене,пошто не се отварав ни 2 прста,ама по 3 дена ми помина и рана и се,нити се познава,нити ништо.... а и не мисли на тоа,може и без сечење да се помине
Немаа зашто да ти е страв се е нормална работа. Кај секоја жена е разлиЧно . А за спиењето немај гајле , исто и јас го имав тој страв , ама си спиев убаво на страна Јас пример имав проблем со притисокот ама само насабјле ,така да гледав да мирувам сабајле А се породив природно , прво сакав царски ама самата помисла на сеЧење не не Јас од толку болки што имав анестезијата не ми беше проблем да ми ја стават .А и не осетив кога ми ја сставија епидуралната анестезија ... После тоа лесно беше Така да немај страв нема ништо страшно ... После породувањето се заборава и самата болка
Не ги намалува болките,баш напротив,чајот од малина се пие да почнат болките односно контракциите тука даваат еден коктел од тој чај и други состојки,помагало да почне процесот на породување,ама и тоа не е секогаш 100% сигурно. А бремена си или ова онака си го кажа?ако си веќе бремена размисли уште еднаш,многу ќе се каеш! Стравот од породување е нормален,ама треба да се опушти жената колку толку,мене до кај 7ми месец ми беше страв,знам дека тогаш ја спремав торбата за во болница и кога ги пеглав бебешките алиштенца срцето ќе ми излезеше од страв,после тоа не,одвај чекав,и супер поминав,ни анестезија ни сечење ,шиење ни белези некакви ни крв,после 3 дена можев пак да раѓам Со лесно на сите мешиња,и не се будалете со царски поради стравот,пораѓајот е најјакото нешто што сум го направила во живот,таква енергија само тогаш имам осетено,од тогаш многу повеќе си го сакам телото и имам многу повеќе почит кон природата,за се си мислела
Сега за сега не се плашам мада рано ми е. Читав искуства на мајки кои се пораѓале во истата болница во која ќе се пораѓам јас и сите имаат само пофални зборови. Плус, последниот триместар има подготовки за пораѓај во кои се се објаснува и се даваат инструкции за полесно преживување на самиот чин. Маж ми ќе биде со мене за поддршка па се надевам дека се ќе биде како што треба. Сега за сега си уживам во летото
многу сум испласена мислам ке плудам не знам повеке што да правам бремена сум 2 месеци и несто значи оклу 10 недели дознав кога бев во 8 недела чувствата ми беа испомешани со дечкоми сум 7 год тој е пресреќен а јас уништена се убивам од плаченје знам дека вака нема ништо да решам но толку сум депресивна и разочарана и не знам повеќе што да правам тој сака да се земеме но јас не сакам живеам со неговите освен да бидеме оделен од нив не можам да ги смислам тие не се добар пример не сакам моето дете да расте во нездрава оклина плус тој не работи рече ке се вработи и се ке биде во ред но мене зборови не ме смируваат,на работа кога дознаа дека сум бремена ме отпуштија светот ми се сруши си ја сакав работата премногу и имав добра плата навикната сум да имам се не можам да се откажам од ваков живот и да живеам во мизерија и не со луѓе како неговите прости родители ке умрам не можам повеќе...бременоста ми е тешка постојано ми се лоши а и сите тие мисли што ќе биде ме убиват не сакам да се здебелам знам звучи себично но цел живот го поминав со дечкоми немам ништо изживеано како да бидам мајка би била лоша мајка не можам барем не уште две три години сакам кога ќе имам бебенце да можам да му пружам се и да не мислам како и што се плашам и од породуванје уште од мала се плашам од болници а не пак да бидам во болница и да трпам болки не неможам сакам да умарам нема решение против абортус сум била од секогаш не би можела да зивеам со тој грев и затоа не гледам решение освен да умрам да ме снема
секси барби со извинување ама немој да тресеш зелени, како можеш така да гледаш на работите? имаш 24 години, имаш човек кој те сака 7 години и јас сум сигурна дека си спремна да бидеш мајка. многу млади парови се земале живееле под кирија, се снаоѓале некако. немој да се секираш, се ќе биде добро.немој да правиш грев на душата и да посакуваш смрт зошто не си само ти во прашање, веќе чука уште едно мало срценце во тебе. немој после да се каеш.. послушај ме немој да очајуваш
Зошто бе да умреш БОГ ДА ЧУВА тоа сега ти е затоа што хормоните ти работат и затоа се и сешто прежививаш не видов колку год имаш ама кога веќе викаш дека ти е 7годишна врската значи не си мала. А и од др страна викаш дека дечко ти е пресреќен..........колку други имало на твоето место кога ќе му кажеле на дечкото па тој да изреагирал како што ти сега го правиш тоа. А што се однесува до неговите родители па ти си во долга врска ако си ги гледала редовно и не си ги поднесувала тогаш требало да ја прекинеш врската порано а и не се толку тие битни ако тој тебе ти е погоден не ќе се мажиш ти за неговите родители........а за тоа со дебелењето па има секакви фитнес центри, диети и ред други работи што можеш да ги правиш за да се вратиш на твојата линија по породувањето. ДЕТЕТО Е ДАР ОД БОГА знаш дека многу други на твоето место ми скокале од радост за таа состојба во која си ти. Немој да се полниш само со црни мисли гледај малку и поинаку на работите и ако сега се тешки времиња и ете тебе те избркале од работа заради бременоста (СТРАМ ДА ИМ Е) ама можеби дечко ти ќе најде добра работа па ќе можи да си овозможи да изгледа едно бебенце. А за стравот и мене ми беше многу страв уште од мала и тој страв ми траеше до 5месец од бременоста.....бевме на гости кај штотуку породена (на колега од мажот ми) жена. Тие заминаа на работа а јас останав со неа и си правиме муабет нејзе тоа и беше второ дете и како оди,што оди, таа ми кажува корисни совети и јас и викам "а не ти беше страв?" И во тој момент се погоди свкрвае на врата а таа акушерка во пензија и ми вика "вие стравот сте го победили кога сте решиле да останете бремени". И мене ко до тука да ми беше стравот не можев и сама да си поверувам како така лесно ми помина.Се надевам нема да ти здосади ова што ти го напишав оти малку и претерав ама спoред мене сето тоа ти е од хормоните кои сега ти дивеат а и ќе ти диваат и понатаму Само напред и извади ги умирачките од глава.
Епа и сама кажуваш дека дечкоти не работи, знаеш какви се неговите.. и тоа сите овие работи не се од вчера или од кога остана бремена . Јас би те прашала што правеше до сега со него?? И сама кажуваш дека само со него си била, не си изживеала ништо.... што не му раскина до сега?? Незнам како така розево си го имаш замислено животот, уствари фино што е така, ама каде досега се вклопуваше дечкоти во овие розови рамки? Мене не си ми ама ич јасна :geek: И на сето тоа, овој проблем не е “страв од породување“ туку ти имаш проблем “како понатаму во животот“
Ти млада дамо, очигледно е дека не си подготвена да станеш мајка. И тоа не е за осуда. Едноставно не си. Очигледно е дека имаш повеќе причини против отколку за во поглед на тоа дали ќе го задржиш бебето или не. Не сакам да те осудам, и не го сваќај тоа како осуда туку како добронамерна забелешка- ти веќе не си сама, треба да мислиш и за тоа мало душиче што расте во тебе. Затоа не би требало да има ни зрно од твојата себичност што сега за сега за има и тоа како.Ако се сака се се може.