1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се плашам од породување

Дискусија во 'Бременост' започната од XstrongerX, 10 јули 2010.

  1. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    Ги исчитав сите постови и големо браво за сите храбри мамички и ви посакувам убави мигови со вашите бебуши.
    Со мажето се почесто разговараме на тема бебе,и се надевам ке се случи тоа,но ќе сакате ли да ми објасните малку повеќе за таа епидурална инекција?
    За што служи?
    Обавезна е или по желба?
    Што се случува со неа?
    Едноставно малку по опширно околу тоа,ако има некоја желба за објаснување. :)
     
  2. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Еве јас ке се обидам на кратко иако не сум баш многу запознаена но знам дека постојат две анестезии спинална и епидурална..и двете се ставаат во кичмата, со тоа што разликата е во тоа дека со спиналната се намалуваат болките, но сепак се чувствуваат, а епидуралната е комплетна анестезија од половината надоле и не се чувствува ништо. Незнам како и на кој начин се добиваат, нешто имам читано дека демек ако имаш врски можеш да се договориш (зборам за на ГАК) е сега сепак не сум сигурна.. Јас сум утре на контрола и во план сум да разговарам со д-рот за порагај и бидејки последниве денови ме факаат некои стравови, како се ближи времето па веројатно психата си го прави своето и исто така планирам да барам или царски или евентуално да видам што ке каже за некоја од овие две анестезии. Знам дека природното си е природно, но се плашам дека толкава болка не би имала сила да ја поднесам.. Здравје, ке видиме утре што ке каже..
    Незнам дали правилно објаснив за анестезииве, можеби нешто згрешив, но јас тоа го знам.. :) Поздравче
     
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Си ги смешала анестезииве. Јас како што знам спиналната е целосна анестезија, односно не чувствуваш ништо од половината надолу. А со епидуралната не ги чувствуваш болките, туку само напоните.

    И јас имам страв од породување и тоа бааги, иако не сум бремена и не планирам во блиска иднина :lol: ама се знам себеси, како што сум страшливка од игли :x :x А за операции да не зборам. Ама ај се тешам со епидурална, иглата нема да ја видам, а па од болки верувам и дека нема ни да осетам кога ќе ми ја стават. За царски да не правиме муабет. Ептен ако нешто се искомплицира, е тогаш ќе мора царски. Инаку, во секој случај сум за природно породување, па колку и да ми биде страв. Ќе си се тешам мечка страв, мене не страв :D :D Но, живи и здрави да исчекаме, па ќе коментираме :lol:
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    си ги смешала анестезиите
    епидурална е за природно порагаже без болка осекаш се само болка не јас се порагав така на гак со врски дебели
    а спиналната е за царски рез позз

    јас бев ко изгубен германец таму сега ми е смешно али тогаш па и тогаш ми беше смешно забавна им бев на сите и на тие што се порагава и на сестите кога ме однесоа на бокс жените што беа во предпородилна сала не ми даваа да одам на бокс оти само ломотев знаеш така мислите од болките ги тргав ме и се смеевме цркуз беспари
     
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Дали дека неможам да забременам некое време, воопшто не се плашам. Знам дека ќе боли, знам дека ќе биде тешко, се ми е јасно. Знам дека ќе биде болка што ќе сакам да му ја скршам главата на некого, ама ич не ми е гајле! Како ќе влезе, така треба и да излезе. Башка имам ненормален праг на толеранција на болка, имав неколку операции што беа мноооогу болни, и докторите се крстеа како издржувам без онесвестување. И тоа болка што е константна со денови. Само да даде Господ златен да забременам, а после ќе му ја мислам за другото! ;)
     
    На Lolo5 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Страв не страв кога дојде денот да раѓате ќе ви помине и страв и едвај ќе чекате да се олесните, тоа си доаѓа спонтано колку и да се плашите се заборава се во истиот момент и Ви гарантирам дека после породувањето ќе раскажувате колку сте биле глупави и сте се плашеле, од искуство ви кажувам ;)
     
    На Katalea и SimonaTino им се допаѓа ова.
  7. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    :| И јас мислам исто
     
  8. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    Ви благодарам на одговорите,искено јас не се плашам толку од болките отколку од она најлошото и знам дека со таква мисла не се ни поаѓа на тој пат и самата си викам дека тоа нема врска и дека многу читам и гледам глупости на телевизија,но мене ми е премногу страв од тоа. ;(
    А какви недостатоци има епидуралната и има ли некои последици после тоа?

    Каталеа,ако немаш потреба од царски рез не му давај непотребни стресови на организмот,болките ќе ги заборавиш штом го видиш милото лиценце на бебушот. :)
    Со лесно нека ти е и за брзо да си се гушкате со бебулето :)
     
  9. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    А какви недостатоци има епидуралната и има ли некои последици после тоа?


    незнам какви се последици ама би родила уште 10 со епидурална
     
  10. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Знааам, но многу ми е страв :( :( И веке незнам што да мислам. Работата е во тоа што предходно цело време си викав идам на царски и крај, и некако си бев помирена со тоа, но сега некако се предомислувам затоа што знам дека природно е подобро. Во петокот бев на кпнтрола и разговарав малку со докторот, му го кажав моето размислување, па ми рече ајде ке видиме, како и да е или спинална или епидурална ке биде. :) Па гледам малку да не мислам на тоа, да се релаксирам уште малку, зашто уште малку ми остана и сакам да си доуживам во овие последни денови од бременоста :) Само здравје, ке биде некако, мора да биде, само да ни е со лесно на сите :*
     
  11. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Јас сум со царски,со спинална незнам дали користат епидурална за царски како што знам таа е за природен пораѓај без болки.
    Не е лошо да си се породиш со спинална,ќе присуствуваш на пораѓајот на твоето бебе,без болки,напор...
    И не трае долго за 30 саат се ќе заврши...Сечењето е брзо дури си замислуваш какво ќе ти биде бебето и на кого ќе личи,ќе го слушнеш плачот,потоа и ќе го видиш најмилото суштество на планетата и од возбуда и среќа мислиш ќе ти пукне срцето...Па ќе го однесат и тебе ќе те шијат е тука веќе ич не ти е гајле што ти прават и колку трае(а и тоа е брзо)сега мислите ти отпатуваа онаму кај тоа љубовче :inlove:
     
    На Katalea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75

    Ајде мечка страв мене не страв,и на тоа бебуле сигурно му е страв па дури и мамичка ако се плаши,која појако ке плаче на породување? :)
    Стравот постои,ама ако може со полесно,а при тоа не мислам на царски рез (доколку не се потребен нормално),бидејќи и самото породување е голем стрес за организмот и царскиот рез уште повеќе.
    Немам родено но како што читав а и од разговор со мајки не е исто чуството веднаш да си го почувствуваш бебенцето и после неколку часа. Но ако е царскиот рез нужен и во опасност недај боже е нечии живот тогаш сум за,а за другото како што пишав мечка страв мене не страв и со лесно нека е...зошто вреди секоја болка за таа радост ;)
     
    На Katalea и SimonaTino им се допаѓа ова.
  13. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам искрено, мене страв ми е само од тоа дали ќе сакаат да ми стават епидурална... да не ме остават без анестезија. Бидејќи сигурно во државна ќе се пораѓам, имаме нешто ситно врска ама не е којзнае што..па се плашам од тој момент многу.. :( Да викам и плачам и се кинам од болки и како што читам какви се тие безобразни, да ме остават да се мачам и да не сакаат да ми стават епидурална..
     
  14. lavica31

    lavica31 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Не да се плашам,умирам од страв :( Сега сум во 21 недела и сум преоптеретена со тоа,со самиот чин на породување,само читам искуства и го замислувам тоа што ме чека.Сите ме советуваат дека не треба да се плашам,ама...не се искоренува пусто стравот така лесно.Се плашам да не му наштетам на бебчето со тоа,или не дај Боже се онесвестам таму и направам некоја глупост,оти мноооооооооогу ми е страв :(
    Си се тешам дека ке земам епидурална да поминам полесно. :sweat:
     
  15. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Исто, само што мене ми е стравот и ако барам епидурална да не сакаат да ми стават. Слушам во државна не ставале баш по барање..
     
  16. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    I jas sinojka ne zaspav do 3 poradi ovaa tema,a koga zaspav horor film sanjav,ama poucen
    Da koga legnav mislev samo na sebe kako ke me boli,ke umram li,gluposti,a sonuvav deka sum ragala bez bolka a bebeto ne mi bilo zdravo I mnogu placev taka se razbudiv...
    I sega koga razmisliv od dr gledna tocka...veke znaete sto mislam
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lavica31

    lavica31 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Jaс сум во Белград и знам дека тука се плаќа од 100 до 150 евра за епидурал...Па се надевам дека ако си платиш ке си добиеш,а да тоа не зависи од нивната желба дали ке ти дадат или не,а за во Mакедонија не сум слушнала како е...
     
  18. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Tука како што читам по интернетов, без разлика за пари се случувало дури и на договорено 1 недела однапред, да отидеш и да ти кажат дека немаат анестезија. Или нема моментално анестезиолог, па пораѓај се природно..
     
  19. lavica31

    lavica31 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Страшно..никаков однос! A во странство читам ги прашувале,сакаш со или без епидурал...Kаде сме ние и нашиот Балкан?
     
  20. Hestija

    Hestija Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Мојот најголем страв коски ми се тресат иако не сум ни бремена :sweat: сите викаат нема да си прва ни последна,како родиле сите така и ти,се се заборавало кога ке си го видеш бебушот...да верувам дека е така :) живеам за денот коа ке станам мајка ама најмногу страв ме фаќа од неодговорни доктори :x