Ме фати голем страв денеска, ама денеска сум извадена од памет. Јас ќе се пораѓам на државна, нема шанса на друго место, свекрва ми има некои врски, ама луѓе ако не ми стават анестезија јас не можам да издржам болка. Мене при операција на заб пред некое време ми се крена притисокот крварев толку што забарот прекина да работи и ми рече да се смирам пошто од крварење не може да работи. Јас не можам да издржам вакво нешто природно без анестезија. Не знам како да се смирам, како да бидам сигурна дека ќе добијам епидурална по барање на ГАК?
ако ти кажам дека јас 9 месеци скришум си плачев од пусти страв од пораѓај и секој ден хорор филмови правев ,и мајками се плашеше дека сум премногу нежна како ке сум поминела ,а јас супер поминав и после искрено ми беше криво што си го расипав најубавиот период од животото со толку негативни мисли и непотребен страв а плус кога ке почне цуцето да турка ке си речеш ајде само побрзо нека излезе да го видам и на се ке заборавиш
Lele luge kako sto se blizi finisot,se' poveke me faka panika.I Jas isto taka sonuvam nekoi glupi sonista,pa se razbudam i ne mozam da zaspijam poveke.Razmisluvam sto,kako ke bide...pogotovo sto ke nemam pomos od nikoj(svekor,svekrva)
И јас не се плашам многу како ке биде нека биде не дека сум храбра него едино што се думам деновиве е како ке ми бидат болките и дали ке ги сетам дека се тие тие оти се нешто ме боли П.С и јас немам помош од никого каталина освен од мм
јас имам пријаетелка во Австралија,која ми соопшти дека си бирале предвреме дали сака епидурал,царски или природни маки.Таа си одбрала епидурал и не платила ништо,значи само Македонија е земја на дерење пари и немој као демек од џеб им ги земаш тие инекции амн веке со ниското понашање на луѓево!!!
Ееее Австралија, јас едно девојче што запознав се породила во џакузи во болницата со милион сестри и докторки и кога ја прашав колку коштало, ме погледна чудно: Ништо бе, како да кошта, па државно е! Стварно да ти се згади од Македонијава, како во Зимбабве да живееме. И иди после не се плаши.
И мене ми е истото страв, не толку од моментот на раѓање туку од нивниот однос. Да отидам да се пораѓам и да не сакаат да ми стават епидурална, да ме остават да се мачам со саати и саати и после пак природно без анестезија да си умрам таму на бокс. А се нема пари за приватно и некако принудена сум да идам таму на милост и немилост во ГАК. Дај боже само да отидам преку ден, да не ги чекам да се наспијат вечерта и дај боже да најдам некој доктор со чувства и да ми стави анестезија, да не ме лажат дека немаат анестезии или анестезиолози во моментот. Моја другарка ја оставија 24 часа да се мачи со болки и на крај ја породија царски. Сега не сака да чуе за второ дете. Знам дека ми е рано за паничење, ама мене ме фати страв уште кога го направив тестот и видов позитивни резултати
И мене ми се ближи денот, ама ич не ми е страв, ни гајле како ќе се понашаат. Битно ми е да ми е жива и здрава буцка кога ќе излезе. Кој што ќе ,и рече или ќе ми се понаша таму нека му стои, па нема вечно да седам во болница, за два дена ќе излезам и ќе го искористам секој можен социјален медиум за да ги изругам, комплет со поплака писмо до Министерство за Здравство. Не се замарам пред време за тоа. Нека ги, нека си ги искористат нивните 5 минути, ама после ќе видиме како ќе им наплатам Не се замарајте со глупости пред време. Уживајте со мешињата, кога ќе дојде денот да си го видите буцето или буцката, ништо на светов нема да биде важно.
Во Австралија се оди на закажан царски само доколку е тоа потребно, за страв од природно породување не. Инаку да бесплатно е здравството, ништо не се плаќа, затоа ни земаат данок на секоја плата, а односот на медицинскиот персонал е на највисоко ниво.
Барајќи една друга тема наидов на оваа, и баш си го побарав мислењето што сум го напишала пред неколку месеци, кога се мачев да забременам. Сеуште си стојам на истото, ставот не ми се смени. Немам апсолутно никаков страв! Барем не за себе, болки и чуда. Моја блиска пријателка со мнооооооогу врски на ГАК помина одвратно на пораѓај само и само затоа што не соработуваше ни со бабица ни со доктор од страв, се блокираше цела. Не успеаа да и стават епидурална од некоимити технички причини. Комшиката пак, исто како мене ваква со став за себе гајле ми е, само со беблак се да е ОК, без жив човек во ГАК, помина за 2 саати од пукање на водењак. Докторот и кажал дека се породила лесно и такаречи безболно само и само затоа што не го оптеретила организмот со болките, туку ги користела за побрзо породување. Некако стравот излишен ми доаѓа после ова?
Јас сум веќе 39 недела, не ми е воопшто страв од самиот пораѓај а ми е прва бременост. Па тоа се конструктивни болки, кои треба да не насочат како најлесно и најбрзо да донесеме на свет здраво бебе. Возбудата дека ќе имам ќеркичка е многу поголема Сепак ќе си барам епидурална во ГАК, иако сега докторот ми кажува дека не смееле туку така да ги даваат по желба туку биле само за посебни случаеви. Главната причина е уствари што сега епидуралната е бесплатна во ГАК... Како што обично бидува кај нас ќе мора изгледа некоја врска да се фати инаку ништо не бидува.
draga lady luck bi sakala da te prasam sto vsusnost znaci ova epiduralna??? moze ke zvucam prosto no navistina ne znam i zatoa te prasuvam , ti blagodaram odnapred
^ Во акушерството епидуралната аналгезија се користи за да се намалат породилните болки. Тоа е процедура со која анестетикот се вбризгнува во епидуралниот простор на ‘рбетниот столб,со што се намалува болката во долните делови на телото, а притоа не се одразува на контракциите на матката. При овој вид на анестезија мускулната сила е зачувана,што овозможува активно учество на родилката во актот на породувањето. Епидуралот е процедура каде анестезиологот дава мала доза на анестетик и наркотик преку катетер во епидуралниот простор околу ‘рбетниот столб на родилката, што помага кај самото породување. Постапката се изведува на начин што во епидуралниот простор, меѓу четвртиот и петтиот лумбален пршлен, со помош на игла се вбризгува анестетик во комбинација со лекови. Исто така, постапката може да се изведе со помош на тенок катетер, кој се поставува во епидуралниот простор, при што лекот се дава во неколку дози или континуирано. Епидуралната анестезија може да се користи за ублажување на болките во првата ивовтората фаза на породувањето. Анестезијата почнува да делува 20 минути од вбризгувањето на лекот, а пациентката чувствува дека контракциите стануваат помалку болни и го губи чувството во долниот дел на телото. Може да почувствува дека нозете и стануваат топли и тешки. Лекот ги блокира корените на нервите и потполно ја блокира болката. Анестезијата престанува да делува по неколку часа. Во бројните прирачници може да се прочита дека епидуралот ги отежнува напоните кога ќе дојде до самото породување. Некои дури предупредуваат дека вкочанетоста на карличната регија го зголемува ризикот од царски рез, операција која бара подолго закрепнување, опасност од инфекција и компликации во наредната бременост. Од друга страна, гинеколозите и акушерките во породилиштата сметаат дека епидуралот е потполно безбеден. Тврдењето дек епидуралот ги отежува напоните можеби билоточнопред 20 години,кога била користена поинаква концентрација на анестетици, која можела да ја оневозможи комуникацијата помеѓу мозокот и мускулите. Меѓутоа, денес работата е многу поинаква и такви проблеми не постојат. Сите истражувања во врска со епидуралнатаанестезија покажале дека не е поштетна од другите лекови кои се даваат за олеснување на болките и непријатностите. Анализата од 2011 година опфатила шест студии спроведени во период од 1995 до 2011 година, во кои биле опфатени вкупно 15.000 жени. Утврдено е дека дури и кога се дава во текот на раниот стадиум на породувањето (кога грлото на матката е отворено 4 см), епидуралот не носи поголем ризик од царски рез,во споредба со останатите лекови против болки. Епидуралот поволно влијае на психата на жените, притоа снижувајќи го крвниот притисок и го одложува последниот стадиум на породување за околу 15 минути. Се препорачува за ризични бремености и за пациентки со зголемен крвен притисок. КАКВА Е ИНТЕРВЕНЦИЈАТА? Интервенцијата се изведува така што трудницата легнува на страна или седнува на кревет, со брадата спуштена кон градите и со благо свиткани нозе. Местото на убодот на грбот се пребришува со раствор задезинфекција, а потоа се дава локален анестетик, така што интервенцијата не боли. Потоа се воведува игла со дебелина како она со која се вадикрв од вена,само што е многуподолга. Низ неа се поставува цевка преку која се дозира епидурална аналгезија по потреба, така што трудницата може да лежи на грб. Катетерот останува на местото во текот на целото породување за, доколку е потребно, повторно да се вбризгаат одредени лекови. ПРЕДРАСУДИ Со епидуралниот метод не се отстранува болката потполно, туку значајно се намалува. Се применува кога грлото на матката ќе се отвори најмногу 4 см.и кога болките стануваат се поинтензивни. Дозирањето на епидуралната престанува кога ќе почнат напоните, односно кога трудницата е доволно отворена да почне породувањето. Може да се случи анестезијата да не делува онака како што сте очекувале, односно болката да не се намали во потполност. ПРЕДНОСТИ Предности на породување со епидурална анестезија е тоа што жената која се пораѓа на овој начин,многу подобро соработува при раѓањетона бебето бидејќи не е исцрпена со повеќечасовни болки. Исто така, аналгезијата влијае на полесно отворање на грлото на матката,па со самото тоа се забрзува и времето на отворање и на породување. Со давањето на анестетикот болката значајно се намалува.
Многу ми е страв од тоа со врските. Згрозена сум. Најдов врски ама не се нешто значајно, може и да ме извисат и не знам што да правам, се побудалувам!!!
потполно те разбирам .како ми се ближи времето и мене паника ме фака.поготово што сега знам што ме чека.ама ај со божја помош се ке помине и ке заборавиме.и јас ја имам истата недоумица како тебе .што ако ме фатат болки во ниедно време.насреде нок не ке му звонам на докторот? белким ние што одиме без врски нема да не остават да се прпеламе по ходници.и онака не очекувам вип третман во државната болница каде што ка се порагам а ниту има услови за такво нешто.само живи и здрави да излеземе
Точно така ќе не остават ако немаме врски. На некоја ќе и стават епидурал и ќе си нана мирно со контракции, а ние ќе викаме од болки како животни низ ходници, па уште и сестрите ќе ни се придераваат. Ова ми е потврдено од милион пријателки кои завршиле во ГАК на породување, која со врска која без врска.