Што се' носи животот, страв ми е да не не ја доживеам, а не обратно. Од брчки и од седа коса не се плашам, достоинствено ќе си ги прифатам и носам кога ќе дојде времето. И онака како старее човек цртите од карактерот му се пренесуваат на ликот, така барем ми делува...се надевам само дека со текот на годините нема да се претворам во олош Најмногу ме плаши осаменоста во староста и сите луѓе кои што ќе си отидат , многу тешко прифаќам и реагирам на такви работи. Од друга страна и многу нови доаѓаат, тоа е и животот, ама гледано од оваа точка каде што сум сега, најмногу ме боли тоа.
Никој не сака да старее, но не се плашам. Едноставно е потребно да се одржувате и да бидете позитивни.
И да и не. Се плашам од физичката немоќ и постепеното " гасење". Не се плашам да го живеам животот... по можност квалитетно...
Да Знам да помислам на тоа што ќе биде после смртта. Дека повеќе нема да гледаме бои и убавини околу нас. Дека ќе згасне се. Самата помисла на тоа ме плаши.
Не. Се плашам само да не ја "изгубам" младоста на начин на кој не сум замислувала. А ако животот ми е исполнет, не ме плаши староста.
Не се плашам. Сакам да дочекам 85 години, да бидам баба со брчки, но витална, да можам сите обврски да ги бркам сама, да не бидам терет на никој. Инаку, правев натална, и она што ми го кажаа, ми се остварува. Се надевам дека ќе биде како што ми рекоа „длабока старост, природна смрт, од старост, не од болест“.
Па не дека се плашам ама жалам што нема цел живот да сум млада и убава како сега, ама јбг тоа е животниот процес.Ќе се згужвам хајахах Ама се пласам од разделување со блиски Со моите, па ја коа ќе остарам со фамилијата..
Не, едвај чекам да бидам пензионер(стара), на планина негде во село, кучиња и мачки со мене, ќе си одгледувам зачини и чај, супер ќе биде..