Форумџика на годината

Се плашите ли од стареење?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од girl23, 20 февруари 2010.

  1. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    27.083
    Пол:
    Женски
    Не, зошто знам дека нема ни да дочекам :rofl:
     
    На fast_and_curious, Ljubova и elimkd им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Не се плашам, ама тагувам.

    Оти не можам да трчам, да направам ѕвезда, да шетам цела ноќ и цел ден на работа да бидам, да имам секс без да ме штрекне нешто кое е опасно да штрекне оти е веќе оштетено, да се радувам како дете на балони од сапуница...

    Премногу болести и искуство се накалемени, а ќе биде се потешко натаму.
    Полесно нема да биде...

    И ко ќе ми текни дека се грижев за тоа како дали сум била 'убава', ми иди да ја фатам онаа 20 годишна Вајлд, да ја затресам за рамена, да и шлакнам една и да и' речам: Свести се шо прајш!
     
  3. M@C@

    M@C@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2017
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Не, и моментално сум во најубавите години од животот. Сакам да уживам, и секој ден си го живеам максимално и не се замарам со ништо :)
     
    На fast_and_curious и Arjanit2021 им се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.549
    Пол:
    Женски
    Не се плаши, ама подготви се. Тоа ми е мотото. Некои работи во животот не можеш да ги контролираш, ама некои можеш или бар можеш да им влијаеш. Нешто треба навреме да се направи за да не биде после доцна. Така да се подготвувам за тоа доба, ако може така да кажам. Си ги негувам телото и мозокот и се трудам да се одржувам психо-физички, ако сакам да потраам во ова тело или т.з. превозно средство :D. Хроничните проблеми кои веќе се појавија низ годиниве наназад, па се трудам да ги контролирам и намалувам. Се трудам да уживам во сегашноста колку можам повеќе, таква каква што сум, кај што сум, со кого и сум зошто само тоа го имам реално.
     
    На senjorita-v, Tanjamm, Arjanit2021 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    10.831
    Пол:
    Женски
    Не би сакала да остарам. Да живеам 39 год., мене ќе ми е доста.
     
    На orxideya му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.572
    Допаѓања:
    25.833
    Како ги прифаќате промените на телото? Не од аспект на убавина, брчки, виснување на кожата, флеки, итн.
    Туку фактот што полека се' "откажува"? Губиш заб? Голема работа, стај си имплант/мост. Губиш вид? Носи наочари/леќи. Ти побелува косата? Фарбај ја. Дископатија? Артритис? Песоци и камења? Замастување? Што год да е, телото се менува, слабее, не функционира како што треба. Ме фаќа депресија кога доживувам нова промена и ме фаќа страв од што носи иднината од овој аспект. Како да се олабавам и да не се мрднам?!
     
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.828
    Допаѓања:
    13.925
    Пол:
    Женски
    Јас не баш добро, некако анкс и депре ме мава на моменти посебно кога ми текне дека времето не се враќа. Најтешко од се ми е кога си ги погледнам родителите и кога веќе ја приметувам ,, староста" на лик кај нив :u: и дека со здравје се помалку издржливи мислам дека ќе пукнам :(
     
    На Vodolija89❣️ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.572
    Допаѓања:
    25.833
    Исто и за тоа, исти емоции, неопислив јад. Полека го завземаме нивното место, тие го завземаат местото на генерацијата што порано беше постара, а сега веќе не се ни живи, помладите го завземаат нашето поранешно место на најмлади, итн. Кругот на животот, додека не престане да врти за нас.

    Ама ме јаде и за сопствените здравствени проблеми, да знам на пример дека засекогаш непоправливо видот ми е намален (и логично со тек на времето ќе се влошува) не би можела лабаво да го прифатам како мнозинството, само затоа што постојат наочари.
    За било што. Како стареам, сè нешто ми се дешава, и сфаќам, па логично е дека само полошо ќе станува затоа што телото старее. Тоа ме плаши. Мислам дека најголем страв имам да бидам инвалид и да ми треба туѓа помош за живеење, поради здраствен проблем.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.