Не се плашам од стареење. Сакам да остарам со внучиња покрај мене, ама сепак неми се прај кефот да се гледам со брчки и со растресена кожа како стариве што се
Не се плашам од стареење тоа е природно ама се плашам од брчките хахаха се шалам иначе кога ке остарам баш би сакала да имам внуци да не останам сама
Многу се плашам од староста, зашто тоа значи и натрупување на здравствени проблеми, а таквите проблеми не можам да ги поднесам затоа што мразам болници и лекари и терапии... А освен тоа не сакам да малтретирам луѓе околу мене. Колку што сакам да видам што повеќеод животот, да бидам што поблиску до моите сакани, толку сакам штоо помлада да умрам, за да не замарам после со болестите, или одеднаш да умрам кога ќе дојде време... Аххх, колку сум меланхолична денес, од секоја тема го вадам најтажното...
Не дека се плашам од стареење ама не сакам да сум стара ама како велат дај боже да остариме, затоа што тоа значи дека ке имаме долг живот... како и да е сите еден ден ќе остариме и ке видиме како е секоја возраст и доба од животот си има своја убавина , па така и староста...
Денес не знаеме да го цениме животот. Не знаеме како да се справиме со него,и многу од нас млади си го погубуваат животот. Јас не знам во иднина што ќе се случе,и како ќе се биде со мене или било кој друг. Сепак би сакала да дочекам старост,брчки не ме интересираат,нема ни да помислам на нив. Сакам да дочекам кога еден ден ќе можам мирно да легнам на постела зашто цел живот веќе поминал пред мене и сите „мисии’’ се изминати.Кога ќе можам да воздишнам мирно,зашто сум завршила со мене.На ред се другите.
Можеби си во право, но нели децата би требало да останат после нас? никогаш не би ни помислила децата да заминат пред мене. а и пораснав во семејство со рано изгубен син, сопруг и татко, растам без него 18 год,се надевам немаш такво искуство и не посакувам на никого.извинете сите што е надвор од тема, но морав да вратам.
Не се плашам од стареење ни најмалку. Тоа ми е најприродно. Па нема бре само јас да стареам сите мои врснички ќе стареат.
нема бегање другари, тоа е природен процес, а оние што користат креми , операции и 300 глупости само се залажуваат себеси.
јас лично не се плашам .. се надевам дека годините ќе ме прават се поубава и поубава како што е тоа пример кај некои жени или мажи - колку повеќе стареат толку повеќе се убави и имаш право ориноко, тоа ти е природен процес нема бегање
Да, се плашам и тоа многу! Ке пробам да ја излажам со креми, третмани, ова-она, може и некој ботокс кога ќе има потреба-зошто да не! Кој знае што уште ке се измисли наредните 10, 20, 30, 40 години...
Се плашам искрено..незнам зошто..ко вчера да беше кога бев бебе,кога бев основно,многу добро се секавам на се,а веке за неколку години ке сум матурантка..искрено се плашам..
Се плашам и тоа како. Се ужаснувам од старост, од збрчкано лице и откажување на послушност на телото, болести и самотија. Да, многу се плашам од стареење. Тоа е мојот конечен одговор.
Море со душа чекам да дојдам до пензија ке си накривам капа со маж ми во кола и пат околу светот...хехехех се зезам да не ме разбере некој погрешно. Не се плашам а и зошто да се плашам, човекот се раѓа, живее и умира. Позади себе остава потомство и сите материјални придобивки што ги направил во текот на живот. Ааааа она брчка, целулит дрн.дрн....и тоа не ме плаши, па и ние треба да бидеме баби, свекрви Ако си нешто оставил позади себе тогаш ти си најсреќниот човек на светот.
Страв од продолжување со животот понатака - од стареење. Имам една личност во животот која ми е премногу драга, која ја познавам со години. Беше весела, насмеана, секогаш спремна да помогне и оптимистична. Не кажувам дали се работи за машко или женско ама ќе кажам дека се работи за личност со 20 и нешто години. Еден период се смени целосно. постави ѕидови околу себе. Постојано седи дома. Постојано се плаши. Од се се плаши. Ги трга луѓето од себе и само сака да е сама. некогаш ако е добро расположена е се во ред а всушност ништо не е во ред. На многу начини се обидов да допрам до неа. и по месеци и месеци трудење тек пред некој ден кога се видовме јас зборував и личноста се расплака ... и ми рече само не можеш да ме разбереш страв ми е. Страв ми е дека ќе остарам, страв ми е дека ќе згрешам, пред секоја постапка и секој кажан збор ми е страв... Сакам да го вратам животот за 15 години. Јас не знаев како да изреагирам и само реков па не постои човек кој не е уплашен. Не постои човек кој не сака да се врати во детството. Ама мораме да бидеме свесни кај се наоѓаме и да знаеме како сакаме понатака. Ми вика јас се знам ама ... и плаче. И јас викам нема ама. И мене кога ми врти некој непознат број си викам леле нешто да не им се случило на моите. И јас понекогаш плачам зашто нагло пораснав. И мене ми фали да сум дете и да ми биде единсствена грижа со која темперна косата на барбиките денес ќе ја бојам. Ама јас не правам ѕидови околу мене. И мене ми е страв од смртта. И реков дека треба кога ќе има 40 -50 години да биде среќна и исполнета со убави спомени од ова време. А вака ако продолжиш нема да е така. Ми вика знам. Викам па се знаеш ама ништо не преземаш. Ми вика страв ми е ама знам дека се ќе биде добро. Но полека сите ќе ги загуби. Имаше цврст однос со родителите а сега тој однос е расклатен. Имаше пријатели а сега ги губи. Ги оттргнува со сила. А јас осетив дека сака прегратка и дека сака да се олесни. Понекогаш во спиење се гуши и не спие мирно. не знам од што е тоа така. Јас не знам зошто толку се заморува и не сака да оди со животот понатака. И врската си ја уништи. Викам зарем сакаш да си сама? Ми вика можеби така е подобро се ќе правам сама и на никој нема да згрешам. Викам што ти е, не смееш така. Зарем не сакаш да дојдеш дома и да те чека некој насмеан? Децата да трчаат да те гушнат ? Вика можеби не сакам не знам страв ми е а животот брзо оди. Луѓе ве молам кажете ми дали имате некое слично искуство. Дали има некој ваков во вашиот живот ... Јас не знам колку уште енергија ќе имам а не сакам да се откажам од личноста. Ми значи и премногу. Викам го сакаш партнерот ми вика да. Викам па зошто го оттргаш од тебе така на тој начин и со лошо однесување и ми вика не знам не знам страв ми е. Многу е тешко и да успеам да го правам муабетов. По месеци зборување тек пред некој ден се отвори олку. Мене ме боли и ми е тешко. Не сакав да и спомнам за стручна помош затоа што сигурна сум дека ќе се навреди. Што мислите вие ??? Дали секој човек во животот има ваков период ??? Постара е од мене и јас не знам како да се поставам. се осеќам како дете кое и труби некои безвезни работи а знам дека сум во право и едвај успевам да ги најдам правите зборови и да ги исговорам со правиот смирен тон. Какво и да имате мислење стварно ми е добредојдено. Барав низ форумов не видов нешто вакво. Ако има нешто слично преместетеми го мислењето и известетеме по лп. А ако нема ве молам не ми ја бришете темата. Барем да добијам нечие мислење. Фала.
Страв од продолжување со животот понатака - од стареење. На 20 и нешто години и такво размислување ми личи на тешка депресија. А и озболно е мислам, и треба стручна помош која ќе допре до неа и ќе го открие проблемот. Не и требаат седативи кој би и ги препишал матичен лекар туку некој добар психолог.
Страв од продолжување со животот понатака - од стареење. Јас имав ваков период кога почина дедо ми. Плачев и стравував од загуба на блиска личност. Бидејќи дедо ми беше првиот најблизок член од семејството што го изгубив. Сакав времето да запре и никој да не старее. Тешко ми беше да се помирам, премногу го сакав. Од тогаш цело време мислев за смртта на сите најблиски која свесна бев дека ќе ја доживеам кога тогаш. На куп го ставив целото семејство, и се плашев и растажував при самата помисла. Сето тоа беше резултат на смртта на дедо ми. Како одминуваше времето, растев и сфаќав дека тоа е неизбежно. Болката за дедо ми стана спомен на кој денеска се сеќавам со насмевка, а не со солзи. Теди мече, оваа личност да не изгубила некого во животот сега во скоро време? Нејзиниот страв мора да потекнува од некаде? Разговарај со неа и обиди се да дознаеш. Ако е во слична ситуација на мојата, ќе и помине кога болката нема да биде толку свежа. Ако е нешто друго во прашање и трае многу долго. Ќе мора да посети психијатар. Објасни и дека тоа не е срамна работа, па побогу на психијатар не одат само луди луѓе. Кај нас посетата на психијатар некои луѓе сеуште погрешно ја толкуваат.
Страв од продолжување со животот понатака - од стареење. Епа да, има претрпено загуба ама на не многу блиска личност. И не знам што е причината за се тоа. Ќе се обидам пак да правам сериозен муабет и некако да начнам муабет за разговор со стручно лице. Ваљда ќе успеам.