1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се плашите ли од стареење?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од girl23, 20 февруари 2010.

  1. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Дефинитно му треба помош од стручно лице и потоа се ке биде во ред.Исто така му треба поддрчка во тие тешки мометни од некога блиска личност.поззз и се надевам дека што е можно побрзо ке си го реши проблемот.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  2. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Од тоа што го прочитав сметам дека и треба морална подршка, бидејќи секој од нас поминува низ тешки периоди во животот и секој од нас различно ги доживува. Потребни се разговори со таа личност за да се отргне од тие мисли или почесто како пријателка да ја покануваш да излезете да шетате итн... ако и тоа не успее тогаш потребна ќе и биде стручна помош за жал.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Нека оди на психијатар,нека не си го упропастува живото со таква тешка психологија кога треба да ужива баш во најубавите години....
    Сите сме гости на оваа планета тоа сите го знаеме,на секој ќе му дојде судниот ден...секој ден ја слушам баба ми вели-еее,сега да се вратам кога бев млада...вечно да живее неможе некој,идното свекорче пак едвај чека да оди во пензија за година две-сакал да ужива во пензионерските денови :lol:
    Сакам да кажам дека секој период од животот е посебен на свој начин,секој си има свои убавини,некои пак не ни дочекуваат старост умираат млади ;( -што велиме за нив-ништо не виде од животот.... :doh:
    Затоа се нека си оди убаво со ред...јас и сега на 25 години сакам да се вратам средно,а знам и дека кога би остарела би сакала пак назад :lol: -тоа е логично..стравот од стареење го има кај секој-помалку или повеќе,ама не треба да размислуваме на тоа,ќе дојде и тој ден па тогаш ќе му ја мислиме...... :)
    Сега мислете на сегашноста,и на она што сте и што сакате да бидете во неа :) :) :)
     
    На teddybear и love23 им се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Јас рабирам дека му треба поддршка. Ама не бара поддршка не кажува на никого. Затворена е како школка. едвај допрев до внатрешноста. Се обидувам и се обидувам ама не е од сега. Трае веќе подолго. И само ми вика не се секирај ако ми е вака знам дека се ќе биде во ред и јас само гледав и се прашував дали. Реков не може да е се во ред ако вака продолжиш и ми вика знам ама се ќе биде во ред.
    Едноставно јас ќе продолжам да зборувам ама се осеќам немоќно. Помала сум здрави 5 години и се осеќам како дете кое не знае што да зборува и како да утеши некој. Не знам како да постапам. Размислувам со денови и си викам можеби во сечив живот има ваков период. Кога го зафаќа човек некое такво чувство. Кога се плаши. Како желка. Кога ќе се уплаши се крие во својот оклоп и не излегува додека не се почувствува сигурна.
    Не сакам да ја изгубам силата и не сакам да се откажам.
    Размислував јас да зборувам со некое постручно лице меѓутоа не знам ни тоа колку е добра идеа.
    Знам и јас дека ќе биде се во ред. Ама не сакам се да биде вака.
    Сака да го врати времето и сака да биде како порано. Како да се плаши од се што го чека понатака. Да зачекори во животот понатака. Посигурно се осеќа да седи затворен и да мисли на што било порано отколку да превземе нешто за понатака.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.088
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Ова е анксиозност,со добра доза на депресија.
    Велиш 20 и нешто години.Осетлив период кога веќе се заокружува еден циклус и кога се доаѓа до големи сознанија.Јас не сум дете,јас имам обврски,сноснувам одоговрност за себе,моите одлуки веќе имаат влијание и секоја моја погрешна одлука може да има и последици,јас сакам да сум безгрижен и да немам обврски, не сакам ништо да се очекува од мене. Тоа е одбивање на реалноста од која не може да се избега и е кристално јасна. Мислам дека нема човек кој не доаѓа до оваа точка на прекршување,само секако различни се условите,различни се факторите под кои се дејствува, различни се нештата кои влијаеле врз личноста во претходниот период, како и грбот кој го има од семејството итн итн,па секој различно го поднесува.
    Постојат луѓе кои со неверојатна леснотија се промакнуваат низ ваквите периоди,па дури и не ги ни сетуваат.Тие имаат силна моќ на регенерација и лесно се мотивираат ,а овие другите секако бараат помош или пак немаат потреба,ама условот е сами константно да ја водат битката,тие се малце повеќе склони на самоанализа со изразена смокритичност,но сепак,знаат да си простат и да се кренат.

    Е сега во случајов,твојот пријател имал еден шок,не му ги знам другите услови под кој се случувало ова,ама сепак велиш имала пријатели,силна врска со родителите,врска,што не е воопшто мала работа,дури е малку и неблагодарно.Мора да разбере дека таа не е единствената со тој тек на животот ,дека се тие-тие работите и нема друг начин, освен да се издигне над споствената малодушност и да почне да живее прифаќајќи се она што носи животот со сите негови фази кои несомнено носат свои убавини. Кажи и дека животот многу побрзо оди кога живееш во страв и без желба да го обликуваш,особено во 20тите години кога се најпродуктивни,најведри и последни од побезгрижните,до душа сите се,ако знаеш да живееш и да ги местиш коцките,а ова не е тој начин со сигурност.

    Како и да е...мора да добие помош од стручно лице,а совет до тебе,не навлегувај премногу затоа што ова ти е вид на зараза.Колку и да си силен,вакви луѓе знаат да те завлечат доле и да почнеш да ползиш со нив. Пробај да ја убедиш да ја обнови врската со родителите и да им објасни низ што минува.Врската им се расклатила затоа што тие не ја разбираат состојбата на другарка ти,а не затоа што не сакаат да помогнат.
     
    На ohi, TeddyGrey, Mygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Во право е Лилит. Пробај да и помогнеш но не се обидувај до толку да навлегуваш во суштината на проблемот, за тоа постојат психијатри. Јас имав сличен пример со моја пријателка која си е таква, депресивна личност, мислам дека пати од анксиозност или не дај боже, од нешто уште посериозно. Се обидував да и помогнам, да ја сфатам, да ја советувам кога ќе добие некој депресивен момент, бидејќи оваа мојава другарка во такви моменти помислува и на самоубиство. Баш заради тоа што е ваква и нема многу пријатели. Е сега, после еден напнат период во кој јас се обидував да и помогнам, ме фати мене депресија. Не таква силна, меѓутоа беше чувство со кое јас не сум се сретнала порано. Немав волја за ништо, чувствував некоја тежина во градите, онака, без причина. Беа зачудени тие околу мене, бидејќи јас, во принцип, сум многу позитивна личност. И после неколку дена поминати во тешко мрзоволие, нерасположеност и тешка болка во градите, добив несопирлива желба да излезам некаде, да почувствувам живот, џагор на луѓе, музика...Беше некаде 2 часот по полноќ. Го натерав дечко ми да излеземе малку надвор и појдовме на кафе во интернет кафето во студентскиот дом. Му кажав како се чувствував и ми помина уште веднаш. Од тогаш ми се нема повторено и знам дека бев под влијание на другарката. Сигурна сум во тоа, како што се шири позитивната енергија, така се шири и негативната и тоа дури и со поголема брзина.

    Не велам дека јас сум немала тешки периоди, кога не знам што ме очекува, кога ми недостига детството и кога се плашам од одговорностите што ги носат годините, но ова беше некако поинаку, непотикнато од ништо посебно, ни јас самата не знаев што ми е. Среќа ми помина за рекордно брзо време.
    Затоа другарка ти мора да посетува психијатар, бидејќи анксиозноста е многу тешка работа, ако еднаш ја совлада, има големи шанси понатаму во животот да и се повторуваат ваквите периоди. Затоа мора да има свој сопствен советник - психијатар кој ќе и помогне полесно да ги поминува ваквите периоди.
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Твојата пријателка (или пријател, ама во женски род ќе зборувам за поедноставно) веројатно се соочува со коренот на сите стравови, со кој помалку или повеќе се соочиле сите луѓе - страдање и смрт. Нашиот ум не може да прифати дека она што го доживуваме сега, во еден момент ќе престане.
    Имав можност да слушам една девојка како кажува за слично искуство. После завршувањето на факултетот (медицина), настапил многу стресен период во нејзиниот живот. Соочена со секакви болести и губење на човечки живот, си створила една црна слика дека сите одиме натаму и дека ништо друго не е важно. Се затворила дома, се плашела од се’, се плашела од смртта и постојано била во некое исчекување на последниот ден. Не излегувала, не се гледала со никого, се оддалечила од пријателите и роднините, буквално се плашела да стане од креветот за да помине уште еден ден. Се’ додека не настанал некој "клик", пресврт во нејзиниот ум, и не сфатила дека со стравот од смртта таа го пропушта животот. Не кажа како настанал тој пресврт и веројатно не било едноставно, но сега таа е одличен доктор и прекрасен човек што ги оставил тие работи зад себе.

    Болката е страдање, но стравот и бегството од болката е исто така страдање, кое е всушност нелогично бидејќи тие воопшто не се случиле. Помогни и’ да се соочи, биди покрај неа почесто и зборувај и’ за убави нешта. Одведи ја на прошетка во убава природа и укажи и’ дека на светот постојат повеќе убави нешта од неубави, но помало значење им даваме. Поттикни ја на некоја активност, дај и’ интересни (лесни и забавни) книги, запишете се на аеробик, пилатес, јога... Кажувај и’ шеги, потруди се да ја насмееш.

    Се слагам дека човек во ваква состојба може и тебе да те повлече надолу, но ти пробај неврзано да пристапиш кон целата ситуација и да ја поттикнеш да побара помош. Ако гледаш дека и на тебе влијае депресивно, не се вовлекувај премногу во целата работа, но сепак посети ја од време на време.
     
    На TeddyGrey и teddybear им се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Сега можам да сугерирам дека станува збор за различни фобии или микс од неколку од нив, депресија и сл.ама онака повеќе лаички и хипотетички, може да е и само кризен период.
    Некаде отприлика на таа возраст се преминува од статус на прилично безгрижен адолесцент кој е под безбедната закрила на родителите,во возрасен човек кој понатаму сам ќе одговара за своите постапки и треба да научи сам да лета.Некој тоа го учи побргу на востановен начин,некој наоѓа свој сопствен стил на летање,некој останува залепен на земја со тажен поглед кон пространството,бидејќи има неколку неуспешни обиди во своето животно искуство,или па никогаш и не го направил првото замавнување со крилцата.
    Јас не бев во депресија,ама имав некој емотивен шити период на почетокот од 20-тите кога почнав да анализирам кои се постапки и избори би ме направиле позадоволна од себеси после 10-тина или 15-тина год.во иднина да речеме.Сфатив како си создавав огромен притисок,дури и престанав да наоѓам сатисфакција во одредени нешта кои порано ми биле забавни и потребни,почнав да станувам рамнодушна и да заземам често и игнорантски став кон околината или менување расположенија ако не со брзина на светлината,сигурно со таа на звукот бидејќи често слушав грмотевици во себе :lol: .Се чувствував ко стак ин а мидл оф ноувер и сама често си бев персона нон грата.Јас се извлеков со пишување на кратки прозни текстови,едноставно на хартија успевав да го пренесам цело мое внатрешно-духовно преживување и тоа ми се покажа како успешна самотерапија,откако добија материјален облик на лист хартија нештата ги согледав на вистинскиот начин,не беа нешто апстрактно кое ме притиска да правам избори,им ја одзедов моќта која им ја даваше токму недефинираната форма на стравот од непознатото и погрешните избори.Кога стравовите и проблемите ќе се именуваат со вистинското име и ќе се видат на светлината на денот,ја губат силата врз нас полека дури не исчезнат или се смалат дотолку да не се веќе никаков одлучувачки фактор.Мене ми помогна тоа,меѓутоа секој си знае што може да биде неговиот начин,ако пак не знае има стручни лица за ваква проблематика.Во секој случај повеќе социјализација,смеење,позитивни мисли и активности се проверени и ефикасни средства против криза.
     
    На mimiiiii, teddybear и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Ако има дваесет и нешто години таа(или тој ајде ќе викам таа) и да зборува така и да толку да се затвара, нејзе и е потребна стручна помош.
    Не не нешто кој знае што,но ако не сака да зборува и сето тоа го држи во себе ќе биде уште полошо! Разговарај со неа отворено и кажи и дека таа има проблем и треба да го реши, нека разговара со психолог еднаш барем па ќе види како и е.
     
  10. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    9
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Претходниот роденден плачев зошто остарев, се надевам дека нема и утре xD Неќам да остарам! па шо?!
     
  11. busavata

    busavata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Срцка, јас не сум сеуште психолог, но ќе бидам, и повеќе ќе ти зборувам од аспект на еден предмет кој го имам на факс, а кој се занимава со овие процеси кај луѓето.
    Сите ние поминуваме од еден стадиум во друг, секој стадиум има своја цел, и секој стадиум има криза која мораме да ја надминеме. Како што во пубертетот важно е покрај физиолошкото, и емотивното созревање, а кризата е -- кој сум јас -- од 20 година веќе знаеме кои сме, и се обидуваме да се привикнеме на тоа што сме. Некои од нас имаат многу позитивни предходни искуства и им се допаѓа сликата која ја имаат за себе, затоа со голема желба и посветеност грабаат од животот и од сето тоа што тој им го нуди, се пробиваат напред се повеќе и повеќе - секој кон својата цел. Нормално е тука да настане криза - дали сум на прав пат - но исто е важно и да се сфати дека во животот не постои прав пат. Постои само љубов и желба за тој пат. Никогаш не знаеме како ќе заврши целата приказна.
    Можеби во животот на оваа личност постои загуба на блиска личност, не мора да е со смрт. Можеби постои случај во нејзината близина и последиците таа дирекно ги согледала, па затоа се плаши истото да не и се случи. А тоа е сосема нормално. Но морате да ја извадите од таа депресија. Се надевам дека студира. Студиите го прават човекот амбициозен, го тераат на прогрес, го тераат да се бори за своето место некаде, да постигне повеќе, да направи повеќе. Но седењето дома и слушањето туѓи приказни не прави депресивни и осамени.
    Нормално е да се плашиме дека ќе остареме. Јас искрено лично не ни можам да се замислам како старица. Но важно е да се согледа тој факт како нешто што мора да се случи, дека е неминовно. Дека сме дел од еден природен циклус.
    Иако сум јас лично атеист, најчесто на лицата кои се безнадежни им препорачувам да се свртат кон некоја религиозна установа. Затоа што религијата влева надеж, дека сега и тука на овој свет не е крај. Ти прашај ја, дали верува во бог, дали би сакала да се посоветува со него (немој да и спомнуваш дека го правиш тоа за да најде надеж). Значајно е да сфати дека е потребна на светов, дека е значајна. Тие стравови секогаш ќе ги има, па сите ги имаме, и мораме да живееме со нив.
    Ако нејзината ситуација е повеќе од кратка депресија, зборувај со некој од нејзините најблиски. Депресијата не е само психичко расположение, таа е и физичка болест. А физичката и психичката болест комбинирано носат страшни резултати. Ако приметиш дека има симптоми на хронична депресија, обиди се да ја убедиш да зборува со некого (психолог, свештено лице). Ако одбива сама, зборувај со нејзиното семејство.
     
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Епа вака.
    Студира, меѓутоа последна година е и е скоро фрлена во вода. Сепак мислам има спас.
    Почнува и се смее повеќе. Јас трубам и трубам и трубам колку што можам и повеќе.
    Не лажам кога кажувам дека се работи за некој што ми значи и премногу.
    Вчера разговаравме повеќе. Се отвори, ми кажа некои работи кои никој не ги знаел и после како да се срамеше од се што извади од себеси.
    Значи смирен е. има чувства ама ги потиснува. Преферира да биде така. Но ете успеав да навлезам подлабоко, и да воочам дека не е се црно и дека длабоко сеуште спие оној што јас го знаев.
    Јас разбирам дека секој има таков момент, таков период и се. И јас самата се плашам од многу работи но не сум дозволила толку да паднам.
    Оваа состојба најточно лилит ја долови. Од типо се плашам да превземам одговорност, се плашам да одам чекор понапред, се плашам да правам постапки и да се сносам со последиците.
    Јас покажувам дека личноста е сакана. Дека е вредна и дека животот е убав.
    Црпам се од себе и зборувам од срце. Работи кои никогаш не сум мислела дека ќе ги кажам. И работи кои никогаш не сум ни знаела дека сум способна да ги смислам.
    едноставно давам поттик а воедно гледам да не западнам и јас. Тоа не е она што го сакам.
    повторува и повторува дека се ќе биде добро и тоа го смета за сигурно.
    Но вчера реков, соземи се, среди се, животот ти оди, не ги потиснувај чувствата, можеби утре некој ќе почине а ти не си му кажал се што си сакал. не знам, многу работи кажав, премногу се потрудив, правам се, и се надевам дека нема да треба стручна помош и дека оклопот ќе се тргне.
    Инаку побожен е, оди во црква, верува во Бога .. и мислам дека баш заради тоа мисли дека се ќе биде добро и дека се ќе се среди.
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Се плашам од стареење и брчки.
    Од сите работи кои ќе си заминат со мојата младост откако ќе натрупам години и години.
    Се плашам од моментот кога сите мои пријатели, вклучувајќи ме и мене ќе ги снема од лицето на земјата.
    Не се плашам од смртта, но се плашам од загубата.
     
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Поише се плашам од стареење него ли од смрт..
    се плашам од загубата на одредени личности .. :)
     
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    никако ! секој човек го поминал тоа па и јас :)
    едноставно се плашам од старост ама доколку ја поминам сама ...
    без деца,без сопруг ... инаку не !
     
  16. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ајде,ајде...на сите ќе ни дојде.Баш сношти в кревет му викам на ммзашто цело време се зезавме нешто, срцка ќе ме сакаш кога ќе остарам, пак ќе се одржавам ама....А ти мене ќе ме сакаш ми вика кога на 90 години ќе свисниме? хахахахах чисто ме изнасмеа. Дај Боже долг живот во здравје и среќа со нашите најмили, та за другото шминки, некои хируршки зафати фала богу постојат.
     
  17. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.488
    Допаѓања:
    2.078
    Најубаво ми е во овие години, и во оваа кожа, но и тоа мора да дојде.
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Тоа е нешто неминовно, но сепак признавам дека премногу се плашам.
    Самата помисла на тоа ме асоцира на нешто страшно.
    Исто така многу се плашам и од смртта. :worried:
     
  19. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    да .........несакам убаво ми е вака :$ :$
     
  20. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Кога подобро ќе размислам се на овој свет е пролазно , се си доаѓа и се си оди па така и ние луѓето. Сега сме млади, полни со живот да лудуваме и уживаме во се што ни доаѓа со овие години, додека пак утре ќе сме стари и полни со сеќавања. :) Сето тоа е еден долг циклус, се раѓаш, живееш и на крај умираш. Сметам дека нема од што да се плашиме, бидејки тоа е животот. ;)