Не воопшто не се плашам од стареење. Секој мора да остари тоа е дел живот. Напротив сакам да остарам со во среќно семејство покрај мене, со дечиња па и внучиња па да им се радувам на нивната младост. Секој период во животот си има своја убавина. Не ме плаши ни менувањето на изгледот при стареење. Единственото нешто што го сакам е дур да остареам да постигнам нешто во животот, и посакувам да имам пари да се прошетам и проживеам дури сум млада, подоцна во староста знам дека нема да биде исто, ама секој со своја судбина.
Не,не се плашам бидеќи секој треба да помине низ тој период наречен старост.Да даде госпот сите да дочекаат.
Се плашам многу,најголемит страв мене ми е тој Не сакам да бидам стара.Гледам по бабами живее сама всело,не сака овде да живее и веќе 17 години негде е сама.не сакам да остарам
Од стареењето не се плашам ,туку од последиците Убаво е да созрееш на ментален план ,но би било подобро кога сето тоа не би било следено со брчки ,кожа со намален тонус ,ослабнати мускулли ,а за болести да не дискутирам.
Како да не се плашам бе ?! Јас ваков човек до сега не сум запознала ... Нормално е . Е сега под стареење не мислам само на изгледот , кога ќе си замислиш сега се нервираш и се дереш за една акна на лицето а за некои 20-30 години ќе имаш брчки кои не ќе можеш да ги преброиш . Ослабнува телото , немаш енергија , елан , стануваш беспомошна треба уште нешто да се додаде ? Да не земам предвид што следува со старењето освен болестите и изгледот . Ќе почнат децата , внуците да се врткат околку тебе за пари за наследство . Па кој ќе те гледа ... Со наредниве генерации имаш добри шанси да завршиш во некој дом за стари лица со Никакви услови Едвај чекаат да умреш ! Па да така е во 80 % од случаите така да кога се ќе се собере СЕ ПЛАШАМ бе
Ух многу , многу се плашам од стареење , незнам зошто толку многу но кога ќе помислам на старост или стареење ми се згорчува животов
Незнам. Не се плашам од стареење, некако природно ми доаѓа. Еден циклус, период, заменет со друг, поинаков. Други приоритети и обврски. Искрено, се плашам од крајот иако и тоа е природно. Само ми е чудно дека се до тогаш си постоел, си дишел, мислел, чувствувал, придонесувал... и одеднаш СТОП, толку од смеата, плачките, чувствата...
Под старост подразбирам бастунче како трета неопходна нога,некои бабински чевли за 3-4 броја поголеми бидејќи нозете ќе ми отекуваат,коса за 50% проретчена,заби(леле мајко од оваа најмногу ми е страв и гроза)вештачки-дај Боже да имам пари да не одам со оние вештачки вилици,туку да се средени-навлаки. Па и ако е ова се што наведов,мислам дека нема да е страшно. Единствено страв од старост ми е некоја болест на нервен систем-МС,Алцхајмер,Паркинс....пупупу,скраја било.Се друго е според очекуваното за годините.
Не ме плаши изгледот, а зависноста од луѓето околу мене и за најелементарните работи, како и тоа дека мозоков ќе заборави на спомените од минатото, се видено, прочитано, слушнато.. ако староста треба да ми биде како она нешто што го видов, не благодарам. Искрено пре би порано, многу порано.
Вечно дете сум, така да и на 100 години, ако ги доживеам, духот нема да ми се смени. Дедо ми има 95, витален е, насмеан, си пие ракиичка, си чита весници, пее на слави, баш, го Слави Животот, зошто поминал се’ и сешто, и уште е тука, присутен. Староста е исто како и се’ друго, state of mind, со таа разлика што телото мора да ја носи. Да ме служи здравјето, убава старост сакам да дочекам, со внуци, да им читам седната на лулашка, да им готвам убава храна, да бидам здодевен пензионер.
Спојлер Како дете толку многу се плашев од стареење што дури си имав зацртано во глава дека кога ќе наполнам 30 години ќе се убијам, зошто нели ќе бидам стара Староста е релативна работа и зависи од моменталната состојба и од тоа како самиот се гледаш себеси. Има луѓе со 70 години и блескаат со енергија и елан, а постојат и такви кои со 40 делуваат изнемоштено и предвреме остарено, така што сметам дека годините не го определуваат тоа туку физичката и менталната состојба и способност. И не, не се плашам од стареење, но се плашам од старост. Стареењето е природен процес кој доколку правилно се одвива може да биде многу убав, но староста (без разлика на периодот кога ќе пристигне) ме асоцира на тешкотии, болести и она неизбежното.
Не се плашам од стареење туку дал ќе доживеам старост. Не сум личност која би се потресла дал кожата ќе и старее, туку умот. Секој период од годините си носи убавини. Ја достигнав фазата кога си имам ќеркичка, кога го почуствував мајчинството, сега сакам да ја достигнам фазата кога ќе гледам како расте. Да доживеам да ја видам нејзината среќа. Да си имам внучиња, да постојам за нив. Сакам да ја доживеам староста за да видам што сум оставила зад себе. На што сум почеток и крај. А духот, убаво кажа Шилеа секогаш можеме да бидеме млади во умот. Зависи од нас, и тоа не би го сменила сакам Мила да ми вика како и сега блесава си мамо, знам дека и тогаш ќе бидам блесава. Ке брлавам со осмеси, ќе штипкам мажи по газот, ќе се шегувам за нејзини Љубови, ќе ја терам да одиме да јаваме коњи, да ме носи во кафич иако бидам закржлавена. Знам дека додека можам ќе патувам и планинарам. Годините можеби ќе ми скратат некои физички активности но не и други задоволства. А најголемото задоволство е среќата и желбата во умот, и мирот и Љубовта во срцето. Не не се плашам од староста и сакам да видам што ќе ми донесе.
Не. Не се плашам. Немам од што да се плашам... Животот е таков, си тече постојано. Сакам да го доживеам секој период од животот, и да го искористам максимално..
Прво мислев да напишам дека не се плашам, но се потсетив кога пред некое време видов 2-3 бели влакна на косата и изразот на лицето пред огледало ми беше како да видов дух...Во секунда се замислив со збрчкано лице и шамија на главата Мислам јас знам дека нема вечно да сум млада но имам некоја замисла во глава дека ќе сум скроз иста како сега до кај некаде 55 год. и тогаш наеднаш ќе ми се случат сите промени на телото а јас ќе бидам една среќна и сталожена бабичка која нема да се замара премногу за својот изглед (за болести не сакам ни да размислувам) затоа што веќе има скоро 60 па нема смисла... Се плашам...по малку!
абе никој не се плаши затоа сите трчаат по теретани,вежбање,диети,козметички студиа на третмани на лице,и ботокси,купуваат разнорани скапи креми за лице итн,од шо ич не се плашат од стареењето,брчките,и килограмите тики ај да си траам јас да не ми се налути некој па да почне да ми раскажува прикаски за убавините на староста,и плетењето покрај камин додека ги гледаш внучињата не дека тоа не е убаво таман работа,ама да може да си витален и здрав како во младоста не би било лошо нели,а не да те мачи ишијас реума и артритис