Како што растам понекогаш ме плаши тоа што доаѓа - се повеќе обврски, повеќе проблеми, повеќе грижи. Но од друга страна сето тоа си има и своја убавина. Не ме плаши староста, понекогаш дури и сум нестрплива за да видам што ќе ми донесе. Дај боже сите да ја дочекаме
Страв од продолжување со животот понатака - од стареење. Јас поминувам низ еден ваков стадиум на животот, не знам зошто така се чувствувам, не можам да спијам навечер и постојано сум во очекување на нешто лошо, се изолирав од сите и со никој не можам да контактрам отворено. Единствен спас барам во музиката, поточно музика која го опишува животот, на некој начин ме прави да се чувствувам дека не сум сама во ова. Сепак кај мене е на периоди и мислам дека е поради тоа што веќе завршувам факултет, немам работа а и немам потенцијал за вработување а секојдневно гледам луѓе кои си ги средиле животите ... па мој совто имаат убавает би ти бил подари и некоја интересна книга на оваа личност или сними и цд со песни кои што имаат порака за животот и борбата за целите во животот, и самата кажа дека постојано е затворена сама со себе па ова би и ја разбила монотонијата и би и дала поттик и надеж. Тоа ми помогна мене
Страв од продолжување со животот понатака - од стареење. Ви ја препорачувам Таблета против стравот-Александар Курпатов прочитајте ја сите што се соочувате со некои стравови во себе.
И јас не се плашам мене баба ми рече вака: Сепак е убаво и тоа да остариш Ќе се измориш од животот и се што ќе сакаш е да се одмориш Ќе ги гледеш внуците како растат, своите деца и тоа ќе те исполнува на некој начин ќе те прави среќен
Колку млади луѓе заминуваат од овој свет што страеењето го сфаќам како привилегија на постарите генерации .Сега скоро секој млад човек вели ее јас да доживам 50 па за друго ќе видиме ..Така да кога ќе ја слушнам баба ми еее си остаеревме , неможам да поверувам , како лета времето , кога си бевме млади итн. , секогаш и велам вие барем сте доживеале старост а многумина од поновата генерација нема да го искусат тоа ...тие не се криви за тоа туку се хранеле здраво и дишеле чист воздух и пред се не дремеле цело време на компјутер но сепак треба да се сфати дека времињата се менуваат и дека секој треба да ја прифати староста ...иако тоа никој неможе да го направи целосно ... но ако духот ти е млад никогаш нема да остариш ...
Се плашам од болестите што доаѓаат од староста. Склезоа, алцхајмерова болест, остеопороза, неподвижност.. А староста носи само спокој, нема поента да се плашам од неа.
Се плашам највеќе од болестите којшто доаѓаат со староста и исто така пополека стануваме и беспомошни Но сепак имам време до тоаа
Не се плашам.Секој дел од животот носи своја убавина. Незаменливо е чувството да станеш мајка,понатака баба. Животот е убав,од почеток до крај!
Не се плашам од стареење, секое доба си носи свои убавини Би сакала да дочекам да видам свое потомство, да родам деца, па да дочекам и да си исчувам и внуци. Сигурно и староста е убава на свој начин, не за џабе сите баби и дедовци душа даваат за своите внуци и едвај ги чекаат да ги видат, да ги почуваат Би сакала да дочекам старост, да го видам сето горенаведено, но се разбира сето тоа под претпоставка дека здравјето добро ќе ме служи и на стари години, сепак тоа е она што е најважно
Не се плашам. Стареењето е составен дел од животот, никој не може да го спречи или избегне. Ионака ништо не трае засекогаш, иако кога ќе помислам на старост мислам и на она неизбежното, кое повеќе ме плаши. Секој период од животот е убав на свој начин, ништо не би било интересно ако постојано е едно те исто.