Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се плашите ли од стареење?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од girl23, 20 февруари 2010.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    :nod: :(
    Многу. :emo: :doh:
     
  2. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    Од една страна би била среќна ако дочекам старост, од друга страна многу ме плаши тоа. Едноставно неможам да гледам стари луѓе како се мачат, не слушаат, едвај одат... Несакам да бидам и јас таква и да бидам терет на некој.
     
  3. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Многу ми е страв од стареење. Не само од аспект на убавина, туку и болести, страв ми е дека телото ќе ми попушта, ќе ја немам таа сила и ентузијазам се да правам, ќе зависам од други... Ми се чини дека премногу брзо и овака ми поминува времето, па во староста ќе жалам за се што не сум направила...
     
  4. Vladus

    Vladus Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    120
    Па не се плашам ама ако ја дочекам се надевам убаво ке си се дружиме :D
     
  5. tina-kiki

    tina-kiki Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    1
    Не се плашам...
    Но секако во својата старост се гледам со голема фамилија и со многу внучињаа :) :) ;)
     
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Не се плашам, во смисла од брчки и тие работи. Баш гајле ми е. Сакам да се смеам многу и брчките да ми бидат од смеење. Баш би сакала да дочекам една старост, да го видам крајот на моето патување. :)
    Мислам дека ако една личност вложува во себе, спортува по малце-немора којзнае што, колку да се биде во форма на стари години ќе и биде полесно.
    Не би сакала да се разболам, да неможам да станам на пример и да им бидам терет на моите деца.
    Би сакала и на стари години да бидам колку-толку подвижна.
    Супер бабичка сакам да бидам бе. :nod:
     
  7. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Мојата најголема фобија. :lol:
    Тоа може да се примети во потписот. :wasntme:

    Знам дека имам уште многу за живеење и затоа се обидувам да го живеам животот на најдобар начин. Го имам детето во себе,тоа го знам и тоа ми е најбитно. Затоа знам дека ќе си останам млада засекогаш. 8)
     
  8. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    И мене многу ми фали детството, и луѓето што беа со мене тогаш, што за жал сега ги нема и ми фалат секој ден. Баш би сакала да се вратам на онаа претшколска возраст кога не ми беше гајле за се. Станував наутро и на масата ме чекаа крупни црвени превкусни цреши што мојата баба ми ги береше секое утро. Таа беше цел ден со мене. И си имав една другарка неразделни бевме нон стоп заедно се игравме со кал со кукли, им шиевме облека. Се сеќавам дека многу се качувавме по дрвја, еднаш јас се качив и ми беше страв да се симнам па мораше другарка ми мајка ми да ја викне за да ме симне. Си имавме куќарки направени во нив куп играчки и по цел ден се игравме, исто така имав и многу мачиња по дворот и со нив се игравме. Поради тоа го испуштив забавиштето, си седев со неа и си се игравме по цел ден. Исто така и кога завршив осмо за прва кога бев летото. Колку лудории сме направиле ни самата не се сеќавам. Моите не фатија како пушиме цигара. Тогаш бевме три другарки јас стефана и стефанија(ддругарка ми од мали што се дружиме). Ама тоа е како што раснеме повеќе обврски и се се менува. А од стареење не ми е страв, само ми е страв да не биде полошо од што е сега, како што растам така и животот ми се одмилува. Кога си бев мала најубаво ми беше, ниту пак тогаш брзав да пораснам.
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Мојот најголем страв :lol: секојдневно велам дека сакам да застане времето каде што сум моментално,или не би ми се слошело и некоја година на назад :lol: си има свои убавини и да созреваш и остареш,ке имаш свој дом и семејство твое поколение,ама да си дете со безгрижно детство е незаменливо :)
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.782
    Допаѓања:
    169.592
    Пол:
    Женски
    Страв од продолжување со животот понатака - од стареење.

    Мојот најголем страв, од стареење и од смрт. Порано сум се мрднала од мислење и преоптеретување во врска со ова, сега полека „прифаќам“ дека се` мора да се случи и дека неможиме да избегниме. Не се плашам што ќе биди ако ме нема мене туку ако нема некој што многу го сакам. Неможам да замислам моја иднина без нив. Кога бев сосем мала загубив личност што ми треба, не роднина, кум. Многу го сакав, многу бев приврзана за него и ден денес кога идам да посетам неговите родители после тоа пак ми идат оние мисли „Што ќе биди утре?“, „Што ќе биди ако изгубам некој кој сакам?“, „Што ако ми се случи нешто мене?“ ... И после пак почнувам наново, на почетната точка и кога ќе ме прашат од што се плашиш најмногу, прва работа на ум ми паѓа „од иднината“ :| :tmi:
     
  11. FeminkaDoKraj

    FeminkaDoKraj Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    49
    искрено да кажам, страв ми е од стареење,бидејќи животот се менува,потежок е и помачен,повеќе не сме истите кои што сме биле како млади...
     
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    леле исто и јас
    како да си ми читала мисли
     
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Јас за болести ич не мислам, повеќе се плашам од брчки :( секој ден се гледам во огледало и жалам што со секој изминат ден, си поминува времето и немам веќе 10 или 18 години :D
     
  14. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Јас се плашам за изгледот.Сакам да бидам фит и да успеам во тоа.Се надевам.
    Исто и од тешки болести се плашам.Ахх оваа старост,зошто не сме вечно млади.
     
  15. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Можеби малку :|
     
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.959
    Допаѓања:
    90.252
    Пол:
    Женски
    Не... тоа неможе да се смени и секој период од животот си носи своја убавина така да ќе гледам да уживам колку што можам и кога ќе сум стара :D :D
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Не се плашам, барем сега за сега
     
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Не се плашам од смрт толку колку што се плашам од стареење . Денот кога нема да можам да станам од столица без болка во грбот или пак ќе се движам ко желка , денот кога ќе морам да ги викам внуците и синовите да ми ја симнат теглата или да ми помогнат нешто тешко да се намести или премести...

    Али тоа ќе биде дури за 40та години , има време , иако времето поминува многу брзо .....
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    Малку повеќе се плашам и се ежам коа ке ми текне дека ке остарам незнам зашто од мала ме плаши тоа :D сакам да си останам на овие години колку шо сум сеа
    Ама нема ! и тоа ке мора да дојде јадни мои деца како ке ме трпат како ке се помирам со тоа :lol:
     
  20. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.597
    Пол:
    Женски
    Не воопшто не се плашам, бидејќи тоа е една од природните работи кои му се случуваат на сите луѓе :) , само тие на старост кога се сеќаваат на младите години мислат на тоа дека не се убав, едноставо дека не се како порано. Исто така ако си го одржуваш телото во правилна форма, значи вежбање ,здрава храна, тогаш ете ти го рецептот на младоликост. Една работа која мн ме чуди е тоа дали ќе дочекаме 60 години :?: , бидејќи скоро секој ден се повеќе и повеќе млади луѓе го напуштаат овој свет :( , кој не го изживеале онака како што го замислувале, али судбина тоа е тоа. И уште нешто од мене: Староста е доказ за исполнета животна мисија. :)