Не, барем сега за сега Но, сепак мислам дека има убавина во секој период во животот. Единствено за што се плашам, поврзано со староста е да не ме напушти умот
Искрено,се плашам по малку,бидејќи на постарите здравјето им е многу нарушено и изгледот се менува многу,ме плашат последиците од староста...
и јас не се плашев се додека не почнав да приметувам физички промени на моето лице....омалаксаност во телото. Сепак јас сакам да остарам, да остарам покрај оние кои ги сакам.
Не се плашам и нема зошто .Едноставно уживам во сите фази од животот...Лошо е кога на некој нешто му недостастувало (не материјално ) .Едноставно се се прилагодувам и правам да ми биде пријатно во своја кожа
Ma ne se davam bre Zenata vo 30tite i 40tite go dozivuva svojot zenit. Se uste ja ima svojata ubavina, a iskustvoto zad nea ja pravi uste poaktraktivna i posamouvrena
Малку незрело од моја страна.. но да, се плашам. Воглавно поради губењето на свежината и убавината. Посебно последново..
не не, животен процес. секој треба да биди благодарен што воопшто стасал до тој процес, затоа што како што иди млади луѓе губат животи
Па понекогаш, ама не од староста како старост, се плашам да не останам сама во староста без мојот сопатник, се плашам децата, внуците да не ме посетуваат. Колку ми се мили кога видам стари луге сеуште заедно се почитуваат, сакаат, шетаат . Некој ќе рече ауу какви се, јас во ваквите луге гледам вистинска љубов а не во младината која ниту знае што сака ниту знае што прави.
Се плашам да не не ја доживеам, од тоа се плашам толку многу, многу... Сакам да ја доживеам, сакам да го иживеам животов до максимум, сакам да осетам како стареам, и да бидам стара, да си дочекам внуци, правнуци, да се радувам и да уживам и во староста колку ќе можам, сакам да го доживеам и тој период од мојот живот, а не, не се плашам од стареење, неизбежно е, но ме плаши како лета времето и како деновите ми бегаат низ ракав се побрзо, и побрзо...
Не, како било пишано така. Некој ќе ја доживее, некој и не. Ама дај боже секој да си ги надживее сите години. Стареењето е општ процес во човечкиот живот.