Не се плашам. Не доаѓа преку вечер, полека се случува. И се радувам да остарам. Многу болести, многу несреќи, многу млади луѓе одат. Ќе бидам среќна да дочекам старост.
Се плашам од ден на ден се повеќе, нејќам да сум стара. Додуша не сум за фрлање ама годиките, уф леле кога би можела да го одложам ова стареењево, како испит на факултет. Знам кога тогаш пак ќе ме стигне.
Се олашам, несакам да дојде.. Кога ќе ми текне дека еден ден нема да постојам повеќе, дека еден ден ќе си одам на оној свет..ахх
Дефинитивно НЕ ! А и не гледам зашто некој би се плашел, кога тоа е природно и не доаѓа преку ноќ ! Па да така сега сме млади и да уживаме у младоста. А и староста си има свои убавини, али се во свое време.
Се плашам, но и се учам да престанам да се плашам да го променам она што до сега никој не успеал да го промени. Хмм и да дај боже да остарам и да дочекам старост
Премногу се плашам од стареење а со самото тоа и од смртта. Неми е толку страв од тоа што ќе остарам, туку од тоа што со староста доага и смртта, а посебно се плашам, од губењето на драги луге. Иако сум млада но оваа тема многу ме депримира, и често размислувам. Некој ќе рече, млада си ти тек треба да живееш, но времето толку бргу поминува дури да трепнеш отишле години.
Не се плашам од староста. Се плашам од непознатото, од тоа што незнам што ќе доживеам, низ што ќе поминам и со какви чувства и спомени ќе ги минувам деновите од неа. Исто така еден од најбитните фактори по мое мислење е кој ќе биде до мене во тие моменти ( и дали воопшто ќе биде ). Што значи се плашам од осаменост во последните години од животот.
Не се плашам од брчките, се плашам од правење глупави муабети како сите старци издувани... Се прашувам дали ќе останам во форма, или ќе се изматуфам и јас на старост.. Една желба имам за тие денови.. да си бидеме со либето заедно живи и здрави, и да имаме внучиња, ќе ни биде интересно
Да. Се плашам од стареење. Каков ќе ми биде животот тогаш? Со кого ќе живеам? Можеби ќе живеам сама. Премногу прашања имам на оваа тема, затоа се обидувам да не размислувам.
Не се плашам од стареењето како процес, повеќе ме плаши помислата дека некогаш за сметка на тоа би ги изгубила моите најсакани. А тоа дека ќе добијам брчки и седа коса не ме плаши воопшто, зашто сепак е најмалото од сите зла.
Не се плашам. Природно е. Имам неколку седи влакна иако не сум стара, ама не се оптоварувам. Кога ќе бидат повеќе од 5-6 ќе ја фарбам косата.