Некa се живи и здрaви бебенцaтa и гoлемки дa пoрaснaт сo мнoгу среќa и љубoв @okcenzi , @ilipili i @ane-sk
Мамички, еве ме мене, гордата мајка на едно прекрасно девојче кое уште нема име! 3860 гр.53 цм. царски рез во 7:20 утрово! Кокосче остана уште на патолошка и незнам што се случува со неа! Штом добијам информација ќе ја споделам со вас!
честитам мила да е жива и здрава и да си расне со родители. Гордост цел живот да ви биде. А зошто царски имаше нешо проблем или дека поголемко бебето ?
Благодарам за честитките кај сите сѐ најубаво да се враќа! На 27 ми протече по малку воденикот, а вечерта на 28 ме примија поради поизразено течење. Бидејќи до утрово не добив болки и не се отворив, направија царски!
Живо , здраво и к'сметлио да ти е ќеркичето , цел живот среќа да ги прати и на двете ќеркички , а и вам....засекогаш да им се радувате и да сте најсреќни сите заедно. Од срце ви го посакувам ова. Гушкајте се сега со лепотичето и ти посакувам што полесно опоравување
@Sunshine_1979 ЧЕСТИТКИ!!!!!! Живо, здраво, големо да расте момето и за брзо да си добие именце големата сестричка верувам ќе помогне тука! А тебе лесно опоравување и многу убави моменти со двете твои принцези!!