Цеки, Калиас и Роза живи и здрави да ви се бебенцата, големи да растат и цел живот среќни да ве прават.
Ви благидарам на сите, Господ да ги израдува сите што сакаат да имаат бебенца и да ни ги чува да ни се здрави и живи заедно со родителите Ве поздравувам сите
Ви благодарам драги мои на сите за убавите честитки, само здравје и господ нека дава на сите што сакаат, а сеуште немаат. Ние сме дома денес не пуштија од болница и сме супер Поздрав на сите драги мамички
Колку нови мамички и бебиња....честитики Ивановичка, Цеки, Роза, Калиас и Љубичица...да Ви се живи и здрави и големи да растат. И да Ви спијат
честитки до сите нови мамички да ви се живи и здрави бебушите на сите, ви посакувам се најдобро и најубави моменти
Честитики Ивановичка, Цеки, Роза, Калиас и Љубичица и големи и здрави да ви раснат бебушките.. Уште малку и јас ќе ви се придружам па таман ќе се дружиме и ќе разменуваме идеи..Голем поздрав..
Честитки Роза, жива и здрава да е Јована. Што убав датум......Знаев јас дека ти ни се криеш а си породена. Со среќа нека ви е , и брз опоравак.
Фала ви на сите за честиките се најубаво на сите Јас ќе ве читкам на форумов ама нема да можам често да пишувам,цело време лежам два пати ми прокрвари и распрсна раната од епизиотомијата и сега само треба да мирувам, среќа сите околу мене ми помагаат околу малава јас само ја дојам
честитки Роза, да е зива и здрава и да ве радува, и не чекајте многу за братче Силк, ти изгледа на сите им пустас пат да се породат, ајде и тебе те чекаме имај лесно породување
Жива и здрава бебушката на мама и тато гооолема да расте!!!И нормално мамичка побрзо да се врати во форма па да ни напише една убава породилна приказна позз