Ајде @forumce главата горе со мислата биди си дека ќе си се видите очи во очи со бебушко ќе си се запознаете и дека таа е таа љубов најголема и најискрена и вреди се за тоа човече мало.Ќе си се гушнете и се ќе се заборави.Страв нема зошто да имаш таму има доктори цел персонал нема да си самичка ќе си се олесниш и се со лесно ќе помине скарај му се на страв и кажи му да не ти се наметнува непокатен...Те гушкаааам
@kukla21 @fana @pile30 Имам среќа овде што ме знаат на ГАО и сестри и акушерки. Знам дека нема така да ме остават. Им верувам на акушерките, сите се со 30+ год.работно искуство, си ја знаат работата. И многу убаво се однесуваа спрема мене кога стажирав, освен една, ама таа спрема сите е таква, намќор, не дај Боже она да ми се падне на пораѓај. Овде тие го водат пораѓајот, докторот е тука надгледува ама само ако има потреба интервенира. Добри се и гинеколозите иако се сите млади. Да не се фалам ај, ќе видеме уште малку како ќе биде.
@SophiaBella душа милааа , дојде и тој момент . Колку ми беше исплашена . Сега ќе уживаш . Ве гушкам и двајцата . hug:Пиши како помина
Да таму се пораѓав со царски рез, супер поминав кај др Николина. Изненадена сум сите се фини се е ок.
Не е страшно верувај. Кога ќе ги видиш тие прекрасни мали очиња секоја болка ќе исчезне. Јас дури не се сеќавам на се за да си напишам породилна приказна. Порано кога ќе прочитав некоја мајка како има пишано дека заборавила на болките и маките од пораѓајот не верував, си велев не е можно да се заборават такви болки, и еве сега сама се уверив навистина се заборава се вреди за тие прекрасни мали очиња, ќе плачиш од среќа кога ќе ја гушниш малата.