Операциjата воглавно помина добро, малку крварев и ми ставија дрен Се породив со целосна анестезија во 34 недела. Девојчето беше замотано околу папочната и за време на операцијата почнала да губи пулс и едвај ја спасиле.Засега е добро. Ми рекоа да сум почекала уште малку ќе се угушела. Добро што навреме закажав царски. Баткото се роди со килажа 2400 Девојката со килажа од 2250 Мерењата претходно во глобала точни биле, некој грам повеќе покажале.Да се роделе за 2-3 недели покасно над 3 кг би имале. Не се малите во инкубатор, туку на топлење или како се вика тоа правилно не знам. Од време на време примале кислород и антибиотик
Честитки да е живо и здраво синчето големо да расти Ајде мамичке да се живи и здрави друшичките мали битно се е во ред баш се израдував и јас имав крвавење на матката кога ги гледаш на сета мака ќе заборавиш побрзо да се опоравиш ти пуштаме бацки со давид
ЧЕСТИТКИ, да се живи и здрави бебушките цел живот радости да ви носат. Ве гушкаме лелеле тета панделка ни се олеснила, оправдано е не бев денес тука . Да ви е жива и здрава Софија најубавото име да ве радува и до година и братче да си има. . П.с Плачам да знаеш моја поддршко
Икиииии мајчеее храбра мами си ајде тешкото помина а допрва доагаат најубавите моменти Да ви се живи и здрави бебушките да ви се гордост и радост на мама тато и даде убавини цеч живот.Побрзо домче на гушкање Супер килажа си имаат Честитки уште еднаш
Честитки Ики, да се здрави и живи, добро е чим се завршило најдобро. Сега гушкајте се а тебе побрзо опоравување П.С - ако не е инкубатор тоа на топлина се вика " Топла соба"
Да, во "топла соба" се. Да не знаеш која улога ја има? После ќе ме станат,се надевам ќе ги видам малите покасно.
Па улогата не им ја знам, знам дека и на јатрвами малото беше така. Тоа беше 9ти месец ама мало се роди, немаше потреба од инкубатор ама беше сместено во топла соба.. Вероватно да ја одржуваат температурата на телото
Вормер го викат тоа, ако мислиме на исто. За одржување на терморегулацијата на бебињата се користи и веднаш после раѓање таму ги стават новороденчињата. @iki26 Ќе бидат добро, не им се сеќирај.
Честитки мајка. Бебушите да ви носат само среќа. И не се секирај. Синко што дека дочека деветти месец се роди 2400 и исто некое време беше во вормер, топлс соба или како и да се вика. Ништо страшно. Ве гушкаме со синко.