Честитки, да ти е живо и здраво! И јас синко пред 1 година го родив 3600 со 51см Честитки до сите мами!
Честиткиии, жива и здрава да е Јована. Многу убаво име сте одбрале Честитки, жива и здрава да е типката, да ве направи многу горди родители
Девојки да ве поздравам само, бебчо конечно се реши да излезе. Многу лесно поминав освен болките цела вечер, пораѓај лесен како песна со еден напон. На сите ви посакувам вака лесно да поминете!
Со среќа нека ти е да е живо и здраво бебчетоКаде се пораѓаше и кога отиде накај болница?Знам читав дека цела вечер со болки па ме интересира кога осети дека е време за да одиш?
На ГАК се породив, отидов првиот пат околу 19 не ме примија, на ЦТГ не покажувало болки, кај 22 часот отидов пак бидејќи болките ми беа посилни и на 5 мин. Едвај ме примија немало јас да раѓам сум немала болки (на цтг пак ништо),не сум била отворена ни прст. Цела вечер со болки и до сабајлето 9 прста сум се отворила и директ на бокс.
Лелее знам другарка ми се нервираше со тоа цтг ми рече дека не е точно и на неа така не и покажуваше и не ја примаа дека немало кревет па среќа за малку фалеше дома да се породи ужас...среќа што се кај тебе завршило супер