Машала еден куп мајски бебиња,нека се множат. Честитки до новите мамички,да ви се здрави и живи бебушите. Уживајте во најубавата улога од животот!!!
Мили мои ви благодарам од срце, сите да дочекате и да понинете мноооогу полесно од мене. Јас само да ви кажам дека и двете сме добри. Малечката е во инкубатор и е стабилна, борец на мама е она. Ќе пишам детали наскоро, имам проблем со вените па не можам мн да го држам моб да куцам. Чувајте се, галете ги мешињата, зборете им и бидете спремни да го доживеете најмагичниот момент во животот
Ке бидете добри мила, мора да бидете, а Мила е и поголем борец од колку што ние замислуваме, за брзо ке се гушкате дома.
Ви благодарам на сите за честитките, да сте живи и здрави. Знам дека многу доцнам но се уште се обидувам да се прилагодам на новата улога и на тоа да најдам за се по малку време. Ве поздравуваме сите со синко.
Женички ви благодарам од срце на сите. Вие на форумов ми бевте огромна поддржка во најтешките моменти и сите до една ве гушкам најсилно. Јас сеуште не сум свесна што се случи, можеби дека бебка уште не е со мене, само таму ми се мислите. Ама битното е дека е добра и одлично напредува. За брзо ќе се гушкаме дома
Се породив!!! Си родив совршено машко бебе, се заљубив . Наскоро детаљи од породувањето. Бебе Мартин и јас се гушкаме сега, најубаво ни е.