Душа моја Последно кога те проверив газеше длабоко на крај и да не те плашам дека ќе седиш до крај оти таква ти е ѕвездата си поќутев Важно малиот господин пристигна и сега те чекам во темата доле да ни се жалиш од се. Држи се првите денови и плачи се ќе помине, те гушкам
@marchi-cool @Yowannty @Septemvri @Flower123123 @Мариаа. Мамички Честитки да ви се здрави и живи бебушките
Девојки има ли некоја скоро породена со близнаци, да ми каже каде се пораѓаше и дали царски или природно. Јас планирам во систина да се пораѓам но на последниот преглед докторката ми рече дека секако ќе сум царски тие како приватна клиника не ризикувале да пораѓаат природно близначка бременост. Секое искуство е добредојдено
Не е скоро, ама јас се породив во Систина со близнаци, природно, кај Панчевски. Зависи како се поставени, ама ако првото е со главата надолу, тогаш обично пробуваат природно.
Епа мене докторката ми рече едното може ќе излезе природно но може да се случи на другото да му заглави раче или ноже и да се оди на итен царски и тие не превземале таков ризик сепак биле приватна клиника, така само на клиника
Па да, она те следи и знае како е најдобро да се постапи кај тебе. И кај мене почна спонтано, ама во меѓувреме се припремија и за царски во случај на потреба.
Здраво мешиња и мамички. Во 18:15 пристигна мојата палчица. 2600 грама 47 см Ваква среќа и радост и лесен пораѓај на сите ви посакувам.