@BirMelek честитки,жив и здрав да е бебушот,многу среќа да го прати Тебе ти посакувам да си безгрижна и поскоро да се гушкате сите на купче
@Kaetana Велат дека е добар, одам го посетувам постојано . Носи маска за кислород и прима антибиотици. Јас на моменти добра, на моменти ужасно психички паѓам и така...Од утре ќе се борам за млекото, не ми дошло се уште, а како и би, на оваа лоша моја психичка состојба.
Честитки сваќе, јас дури разбрав дека си трудна ти се породи! Нека е живо и здраво синчето и многу да ве радува! Сè ќе биде во ред не се секирај! Честитки и на @flower30 и на @Sesil
Сеска лиии Ааа напокон Честитки душоо Живо здраво и весело маљото Честитки и до другите мајки. Да ви се здрави и живи бебушите
А ти кажаа ли нешто што е работата? Како помина? Природно се породи колку што сфатив и претпоставувам сѐ тргнало само од себе? Нема психички паѓање. Само храбро. Мисли дека ќе е сѐ супер. Ако имаш услови и ако можеш, почни со нежни масажи на градите и со одмолзување. И тоа е стимулација која одлично функционира по породување. Најважно е да сте двајцата добри. А верувам ќе биде за брзо до тебе.
Честитко мајкичке мила, живи и здрави да сте, што поскоро да се гушкате и со големата дадичка Без гајле, сѐ ќе биде во ред
@BirMelek, @Sesil, нека се живи и здрави, да ве направат горди родители! . . Инаку и јас се породив во средата, царски, дечкото машала 3 950г, на мајка! Кај сите Господ да дарува! Моментално се мачиме со млекцето. Дечкото цица, ама мама нема млекце Поздрав мајчиња*