Ми се роди Хелена, сабајле во 8 и 55 дојде на свет нашата принцеза. Ви посакувам на сите со лесно да си поминете.
Здрава и жива да е голема да расти Па нели вчера беше на цтг и бебе беше високо абер немаше да излези или те помешав со друга?
Фала ви на сите за честитките. Да јас бев таа што беше горе бебето и абер немаше. Ама ете со еден напон дојде бебушка. Да се соземам па ќе ви пишам во породилни приказни
Честитки од срце, жива и здрава да ви биде Хелена, среќа да ја следи цел живот, прекрасно име сте одбрале
Супер мило ми е што со лесно си помина а не да си под стрес па паднал чеп па болки со денови па лажни се или вистински...не очекуваш и наеднаш оп го имаш целиот свет во раце...Дај боже кај сите идни мами да е со лесно