И јас сакам да им честитам на новите мајки. Да ви се живи и здрави бебињата и многу радости да ви донесат.
Честитки @Jana06 и @babyboy1 ! Живи и здрави да ви се бебенцата, а вас ви посакувам брзо и лесно опоравување. Цел ден ја немав прегледано темава, сега пред спиење ме израдувавте!
Мајкииии честички! Да ви се здрави и живи бебушите, Бог со вас да е и да ве чува! @Jana06 @babyboy1 @Jana06 колку кг ти се роди бебушко и дали конечно се гушкате?
Да, да се изгушкавме ама не сум способна уште за ништо, баш имам болки во стомакот на моменти, пак како гасови (јас и гасовите историја си имаме ) и се надевам побрзо ќе помине. Иначе, бебушка пред сам пораѓај го измерија 3.5кг,а се роди 3900г и 52 цм
Честитки мами. Знаев дека брзо ќе биде чим прашуваше за болките Многу гушкања, мазење и брзо закрепнување
@Jana06 машала! Крофна Знам дека те боли раната, ама колку порано станеш , толку побрзо ќе ти помине. Јас за два дена се оправив скроз по совет да се движам. И да си прдиш. Обавезно да си прдиш зашто гасовите мора да излагаат оти цревата се местат. И бебе ќе цица, ставај го секој ден на града и иако млеко не ти е дојдено ќе дојде. Колострум ќе дојде и тој е ептен здрав за бебуш.
@Jana06 @lavinija28 @babyboy @Veki4kaa нека ни се живи и здрави бебињата на сите. Јас почнав да доаѓам на себеси ма да не сум комплетна. Ми се враќаат бебешки спомени, де на синко ми личи, де на ќеркичкава, некој микс сладок со црна фризура. Уште на старт ме болат градиве, не можам да му фатам ритам. Цица, ќе се умори и ќе ми се испружи на рака со негови раце на стомак.Го ставам во креветче одма се буди пак бара да цица па ај одново. Сака да ми спие на раце или да го легнам со стомачето на мене, така најцврсто се успива и го ставам во кревет. Сега тоа бебешко прдење, какање и мочкање кога ќе му тргнам пелена ми се смешни, ќе переме теписи и прекривачи. Па она некоординирано смеење и плачење, мрдање со очиња, уста додека спие ми се непроценливи. Ноќта пред да ме породат почнав да добивам болки и ми падна мукозниот чеп. А мојов крофничка над крофните, не можеше да дојде природно,па си го почека договорениот доктор следното утро. Се породив царски со спинална и многу ми беше страв,ама се помина многу полесно од првиот пат, како да беше друга гак, па и персоналот не беше ист. Само пофални зборови за докторот и другите доктори и среден персонал. Може звучам како платена политичка реклама,ама вистина е. Нема врска тежината,не гледам ништо премногу на него, уште првиот пат кога го видов си реков зар ова бебенце е толку тешко. Не можам да го одвојам од раце ама да почнам да се движам без болки ќе морам да наоѓам време и за поголемите две, цело време им кажуваме дека сите ги сакаме,ги гушкаме ама кога ќе ме видат како го бакнувам и гушкам бебето како да не им е сеедно. А времево денес се мрдна, ноќеска ми беше ладно и почна повеќе да ме боли раната и стомакот. За цревата да не правам муабет,како да ми прди стомакот од внатре. Еве дечково поцица па легна,како што вика сестра му -мамо ме фати дремка. И дреме и прдка.
Фала ти Си прдкаме да ти кажам со беба синхронизирано Што да правам, мора Станав веќе и катетерот ми го извадија, еве си седам на столче. Многу сакам да се избањам ама ќе оставам за утре. За цицање се препотив денеска, немам млеко ама ја ставам на града, едвај ја фати и сега не сака да повлече. И сестрите помагаат, и со силиконска и нејќе. Мрзливко. Ама тоа е, ќе бидам упорна нема откажување. Не ве оставам, ве читам ептен, ептен ми бевте поддршка. Којзнае колку ќе бев изгубена без форумот П. С. Сите што боцкате клексани, боже жени како ги боцкате капа ви симнувам. Ми се плаче колку болат.
Клексаните болат, ама тие инфузиите за стегање на матка беа врв, среќа што ставаат и нешто за болка, ме потсеќаа на менструалните болки од тинејџерски години. Првиот царски тие инфузии до пола ги примав,ми се блокираа вените,ми истекуваа надвор и никој не го интересираше. Сега ги примив цели, ама болката беше јака, и уште си крварам еве од време на време. Инфузии даваа само три дена,после ако сакаш нешто за болка интрамускулно ставаат.Еднаш се решив за таква,ми ја стави странично и тоа беше најболната инекција против болки. Пет минути болеше јако ама барем цела ноќ спиев без болка. А клексаните таму ми ги ставаа во стомак и ми беше езиво непријатно ама помалку ме болеа. Дома мм ми ги става во рака, така повеќе болат ама ни тој ни јас не можеше да се решиме за во стомак. Димерите ми беа качени на 7000 и ми рекоа по два клексани и на 08.05 на контрола на димери. Вас како ви се димерите после царски?
Јас искрено не ни прашав зашто не ни сфатив дека се клексани прво, не очекував дека болат толку. Ама еве пред малку дојде друга сестра ми стави и помалку боли од вчера. Ваљда е до тактиката. Ми рече превентивно пост оперативно ми ги ставале. Иначе, мене само инекциите ме болат, од инфузии не ме болело може и дека многу аналгетици ми дадоа. А осеќав вчера многу болки баш како што викаш во тинејџерски години.
Ви благодарам на сите за честитките и за поддршката која ја добив овде...Со новите мамички ќе се дружиме во другиве теми а вас кои уште малку ви останува ќе ве поддржувам тука и ве чекам во тема БЕБЕ..Да сте здрави и живи...не се плашете не било толку страшно колку и да боли поминува ко ќе го слушните тоа ангелско гласче и ќе ги видите тие мали очиња кои освен вас друго ништо нема да гледаат..доста ви е ајде оти хормониве ми се хаос па само си плачам...и ситуацијава со вирусов ме доотепа тато неможи да ја види бебка не го пуштаат и тоа баш тешко ми падна...ама ајде здравје утре ако е се во ред си одиме дома па ќе го имаме сето време само за нас тројца...Ве гушкам и бакнувам сите hug:
Moite ddimeri se kacija po carskiot rez i morav uste tri nedeli od poroduvanjeto da primam fraksiparin
Дали некоја се породила со провокации? Каква постапка е? Си закажав преглед , и ми кажаа во четврток во 7ипол да одам, за ако има потреба во петок да ме породат. А знам дека имам нормална бременост, без никакви компликации, па ме интересира ваше искуство.