Плодност. -Се јавив да закажам за преглед, ми закажаа за 15.05, арно ама тогаш ќе сум скоро 39та недела. И пишав на докторката дали е ок, пошо толку касно е. Ми кажа дојди у четврток сабајле, ќе напраиме цтг и ќе видиме, ако треба за да те породиме во петок..
Здраво женскииии И јас се породив вчера сабајле со царски рез во Систина и на свет донесов живи и здрави син и ќерка
Да ти се здрави и живи! Најголема желба моја близнаци па машко и женско браво! Брзо опоравување на тебе мајка!
А имаш причина за да се пораѓаш со провокации без поминат термин? Инаку, јас се породив со провокации на ГАК, 2 дена примив 3 провокации, ама барем се породив природно. Иако може протоколот да е различен, едно е заедничко за провокацииве, може да дејствуваат и се да се заврши ок, а може и да искркаш болки и на крај бебето да не ти се симне, ова е најлошо сценарио со кое би завршила на царски. Ама затоа што си во приватна болница мислам дека можеш епидурал да бараш, па да не е залудно се.. Исходот зависи од човек до човек..
Ај да пишам... Мешиња, јас се породив Супер сме и јас и бебето, се гушкаме и галиме, тој трга напразно бидејќи немам уште млеко, но супер сме Го гледам и се прашувам дали е можно да е мој, дојде денот кога ќе се топам од убавини од најубавите очиња што ме гледаат збунето. Ми заспива во прегратка и мирно спие, а бе не знам каде сум од среќа, срцево ми знае како ми е Во моментов не знам да одберам зборови за да опишам сè.
Хеј, се породив и јас, станав мајка! Не ми се верува дека пишувам во темава Не можам да се соберам од емоции