@Kate Rina 93 @elcezelce Да ви се живи и здрави малишаните, големинда растат и да ве прават најсреќни Вас побрзо опоравување ви посакувам
Девојки, ви немам пишано, јас се породив претходниот вторник, на 30 јуни, во 07:33. Се породив предвреме, со полни 33 недели. Се роди нашата Јана, нашата долго очекувана принцеза . Мома излезе тешка 1810 гр. во стабилна состојба, Беше во инкубатор 6 дена, но без кислородна подршка, самостојно си дише од раганје, само за одржување на температура. Потоа уште три дена во топло креветче, и утре си одиме дома Породена сум со хитен царски рез, многу беше драматично зошто постелката која што беше плевиа маргинале, пукна на спиење и се разбудив во локва крв, со многу обилно крварење. Фала му на Бога, што бевме блиску до болницата, по пат и се јавив на докторката (ја разбудив во 6 сабајле), дојде за пола сат, се растрчаа доктори, сестри и за кратко време, веке бев во операциона сала. Со мажот ми, скоро бевме изгубиле надеж, дека на тоа обилно крварење ке бидне нешто од нашето бебе, но ете фала му на господа, се се заврши добро, и јуначето мамино си дојде на свет, жива и здрава. Сега малку сме малечки, но ке пораснеме . Извинете ме, за долгиот пост, но имав желба да ви раскажам се .
@eta мајче ти се изначудив и восхитувам на надчовечката сила. Господ ве сочувал и тебе и бебушката. Бидете благословени. Да сте живи и здрави! Честички!
@eta честиткии мамида ви е здрава и жива ќеркичката Јанапреубаво име сте и дале. Побрзо опоравување и на двете, и да си се гушкате дома. Херои сте и двете
@NanaMia , @Tsukinory , @Alishan30 , ви благодарам многу за искрените честитки, господ нека дава здравје и срекја и кај сите да се вракјаат вакви убавини