Да задоволна сум Ако имаш можност и Ако има слободен апартман земи си обавезно А иначе и вака е ок само гужва е,ама има ред дисциплина и најбитно чисто е
Ако земам апартман сама во соба ќе бидам така? Даваат ли таткото да го види бебето? Извини вака што те нападнав со прашања
Не даваат татко и нема посета поради Корона Сама си во соба имаш твој тоалет,тв,фрижидер,клима и бебето со тебе е цело време
Не даваат посети? Ништо Чаир пропага, мене тогаш без мм ќе полудев тој ме тушираше се ми помагаше , а и ептен гужви има и доста другарки ми се жалеа гледам сега мн Санте ги фалат па таму ваљда ќе идам..
Никаде не пуштаат на жал заради коронава. Искрено и да видам дека се шетаат мажи и посети би се побунила. Не е времето за тоа. Не знаеш кој со кого бил и кој што може да донесе. Не мора лично тебе, доволно е една сестра да заболи и отиде се.
Ама не е крај на светот па и без помош, поарно така отколку секој да ти влегува на посета. Јас баш во екпт на короната се пораѓав, страв во коски и јас и сите во болница, само за тоа зборуваа кога минеа низ ходник, ништо друго не слушаш освен корона. И јас 3 дена сама бев, без помош, ноќеска сама, дента сама, маж ми само на пораѓај беше и си отиде после и не го пуштија веќе. И поарно. Супер си поминав сама 3 дена, беба мирна среќа ми беше цела вечер ја спиеше таму, милина
Не пуштаат нигде? Па сега моја познаничка се породи во Систина маж и е цело време со неа.. Освен ако не се тестирал. Ај се надевам до Јануари ќе се смири ситуацијава барем
Ко што ми кажаа, а еве и @elcezelce истото го потврди, таткото може само 2ч во денот да дојде. Треба и ние во ситуацијава да сме со осет малку. Сепак, ретки се тие кои се во апартмани, а повеќето бар во двокреветни соби. Од кај знаеш мажот на „цимерката“ што носи и со кој се гледа? Може баш тој ќе биде од оние што организираат мекици со по 100+ луѓе. И мм прошлиот пат ми правеше друштво подолго време и ми се најде. Сега ќе се снаоѓаме. Ќе преживееме неколку дена.
Јас бев сама во соба па маж ми доаѓаше само по два саати во времето одредено за посета ,у право е кукла дека ние првенствено треба осет да имаме .Зар мислиш има толку луди и прават мекици прослави во време на епидемија
Нели во Охрид имаше кластер наречен Мекици. Прават прослави, и повеќе од што знаеме Мене во целава ситуација ме радува што нема гости ненајавени да ми идат. Кај нас е адет најблиските со благо да дојдат кај бебето, па со првото еден куп луѓе пречекав од ко излегов од болница. Е сега, фала богу нема да примам никој, па нек бидам и најлоша
Да сега ми текна на тоа во Охрид што беше.Не ми се верува чудни се луѓево ,кај мене мајка ми и татко ми уште не дошле да го видат бебево ,а не па прослави да тераме .
Таков став и треба да имаш,а и што е тоа од болница искочен ти не знаеш за себе болки уште гости да чекаш божеее па и да е таков адетот луѓево со осет треба да се(али работава е кој знае за осет) да ви кажам коронава ептен се погоди за да не се прават гужви по дома па и за мекици што прават по 100+ души што викаат
А вие што сте породени, како го одбележавте тој чин со мекиците? Си размислувам од вчера, ај дома свекрва ми ќе си направи и золва ми ќе и дојде. Кај мајка ми исто, сестра ми ќе дојде. Кај мене дома ај што нема кој да направи мекици, туку како да се испочитува кумот, старосватот, еве и едни баба и дедо имам... Па име се кажува се наздравува... Да им спакуваме некако да пратиме, не знам немам идеа. Некој да предложи нешто?