и тоа како прослави од секој вид се организираат во помалите градови посебно тука кај нас со 50+ луѓе , жално е каков постана народот
Не сум породена јас сеуште. Ама, здравје боже не планираме прослава. Единствено кумот и моите би дошле на една пијачка колку да се обележи, а можда нема ни толку, зависи како ќе е ситуацијава. Не е време од терање адети и почити.
Тоа ако си во заедница ок, вака ние сите поделени...не знам ни кој каде да оди и кој кого да пречека работава...
Ништо не правевме свекрва ми дома замесила мекици чисто колку за адет каснале домашните мајка ми исто дома,нит кум ,старосватица никој не викнале таква е ситуацијата никој нема право ни да се лути ни да замери.Ќе има подобри денови за прослави здравје само.
Има некој идеа како да го испочитувам кумов на пример, да не излезе ало, здраво се роди бебево, така сакаме да се вика ок? Ај здраво. Ќе се видиме догодина. Пошто освен разум и осет да не се заразиме меѓу себе мислам дека треба да најдеме нов начин да испочитуваме некого, да се даде на значење дека се случило нешто убаво, неповторливо. Да излезе радоста од луѓето. Си мислев дали да отпечатиме нешто да им пратиме...
Па само со частење ли радост се дели?! Нит ќе частам, нит планирам специјални третмани. Има дана за мегдана. Да сме живи и здраво само!
Не него нејќам да излезе дека кум е само за поклон и пари давање,а кога ќе треба да се испочитува кој го врти, ако ме разбираш што сакам да кажам. Затоа барам начин ем никој да не се изложува на опасност ем сите да бидат испочитувани.
Прати му корпа со вино,мекици,баш имам видено една цвеќара што прекрасно имаше аранжирано,со цвеќе со се. (Идеава)
Ако е он разумен ќе ја свати целава ситуација крај краева кога ќе го крштевате детето само вие и кумот/кумата седнете дома почастете се и ајт...ако направиш и голема прослава и ако не направиш нема разлика на некој пак нема да му чини. Гледајте си здравје пред се вие да бидете живи и здрави
@anitka-fifa честитки мајка, да е живо и здраво бебето ти мислам беше неколку дена пред мене, кога ќе можеш пиши во породилни приказни
Во Систина дозволуваат само сопругот да дојде на посета, секој ден од 10 до 12 часот. Јас бев сама во соба, мажот ми си остануваше и по неколку часа. Не му кажуваа ништо сигурно дека немав цимерка.
Кога ќе заврши ова ќе има време за се... Сега е таков моментот и нема замерки. И шо знам некако не ми оди да му праќаш нешто