Не е само на приватните. Општо во цела наша држава. Матичниот ми е и другар приватно, стално разговараме на оваа тема. А немам ни една другарка природно породена, тоа кажува све
Точно, и некои мајки што се породиле и природно и царски преферираат царски пример кога ќе видат како е со двете опции. Ама сепак, јас мислам дека доктор треба да одлучи како е најдобро да се породи мајката. Минатата година мои 2 другарки на приватно се породија природно..
Јас малку бев сечена, ама ептен ми беше тешко првите 2 недели, ме болеше раната, па дека лето често се потев долу, не можев да седнам добри 5 дена, хемороиди имав плус. Катастрофа. Сега не можам да споредам со царски. Не знам каква е болката. Да се редактирам. Јас во државно се пораѓав, Една недела бев 2 прста отворена, се породив 5 дена после термин . Золва ми 2 прста отворена ја задржија во приватна, со провокации да ја породат. Не можела да ги издржи болките барала царски. И бидна царски. Немала потреба ни за провокација ни за царски. Можеле да почекаат после термин па да пробуваат после со провокации.
Ќе додадам дека кај големо бебе кое би поминало низ потесен канал може да настанат модрици и отекувања на главчето, да се напие плодова вода и да изгуби кислород. Затоа се мери бебе/кралица и сé да е во ред ако не ја бива не е убаво да се стават под стрес мајката и бебето па макар и 5 пати шиена со лесен помин после.
Јас па обратно сите ми се природно породени немам царски породена, освен сестра што не можеше ниеден лекар да ја убеди за природен пораѓај нејзин избор.
Точно да, треба да се процени. Мене пример не ми мереа карлица. Ме видоа голема си немаш гајле. А бебето среќа мало беше, јас испаднав многу тесна. Ама не ме мереа.
Се породив јас Да си дочекаш сите лесен порагај Јас се породив во Ремедика, супер поминав, царски рез, задоволна е се тука. Поздрав и со лесно
Честитки мајка, живо и здраво да е бебувчето, големо да расте. Гордост ваша да биде. И тебе ти посакувам поскоро опоравување. Гушкајте се сега.