Честитки, да е здрава и жива Јована, исто се викаат со мојата ќеркичка за патешествијата не коментирам, оти голем проблем си направив и јас со епидуралот.сега и веќе никогаш Уживајте, се ќе помине, убавите спомени само памти ги
Ајдеее, со Беладона23 те измешавизвини многу, и на двете честитки упатувам, тебе за синчето, неа за Јована Јас ги побркав лончињата, не ми замерувајте, не сум спиена убаво
Ке сакаш ли да споделиш каков проблем имаш со епидуралот? За второ дете би сакала со епидурал па ме инт
Многу побавно се отварав од кога ми ја ставија, одвај 1 прст за 4-5 часа, а без неа на секој час по 1 прст се отварав. Со тоа ми се пролонгира пораѓајот, заради чекањето, ми се покачи притисокот. На крај не чувствував болка освен тегнење, не знаев колку да дозирам сила за да напнам. Ја прекинав епидуралот, се отворив веднаш 2 прсти до 10 вкупно, и се породив за 15 минути. Претходно олеснувајќи си ја болката, се измачив повеќе. Немора да значи дека кај вас ќе биде вака, јас читав многу убави искуства пред пораѓај за епидуралот. По моето искуство, јас никогаш не би ја побарала повторно.
Леле женска си се изнамачила. И јас сакав да барам епидурал ама ќе си ќутам. Како ќе биде така. Со Господ напред и само со лесно и со убаво. Првиот пораѓај ми беше природен и без ништо. Како прворотка се отворив 8 прста за 6 саати, дури и неверојатно. Само на бокс се измачив, не слегуваше бебето оти со врвцста беше замотано. Болките беа јаки искрено тие 5 саати додека се отварав само за железата од креветот се држев и се молев што поскоро да биде. Па сега мислев да си олеснам на себе ако побарам епидурал за нареден пораѓај, ама најпаметно ми е да си ќутам. И така и ќе биде. Не сакам Недај Боже додатно да си комплицирам.
Што прават во случај да е бебе замотано со папочна врвца околу врат, а се породуваш природно? Се гледа на ехо тоа пред пораѓајот? Од овие работи ми е многу страв, може ли да се загуши, скраја да е?
Мислам дека цело време му ги следат тоновите на бебето и каква позиција има завземено. Јас сум била замотана со папочната врвца и затоа мајка ми итно царски ја оперирале. Не се секирај, доктори се, си ја знаат работата. Ама ти не мисли на вакви работи, како треба да биде-ќе биде. Само позитивна мисла, а инаку нормално е да не фаќа паника, сепак сето ова ни е нешто ново (претпоставувам дека си прворотка, како мене).
Епа згрешија што на ехо не ме видоа пред пороѓај. Вечерта кога ме примија освен вагинален преглед и ЦТГ ништо друго не ми направија. Ме сместија во предродилна да ме фатат поголеми болки, и тоа беше. Во 6 утрото само ме проверија пак вагинално бев 8 прста отворена и ми го пукнаа водењакот. Оттогаш почнаа најјаките болки и напони. Ме сместија на бокс, туркај туркај бебуш се враќаше на горе. Еден од докторите ме укл на ЦТГ да ги пратат срцевите тонови, другиот туркаше од горе на стомакот да се спушти бебе. А бабицата чекаше да се спушти доле во канал да го фати. Ме измачија и мене и бебето. Ама тоа е, се роди скоро модро и не заплака одма. Ама среќа се беше ок. Фала му на Бога.
Јас бев со 3 различни провокации цел божји ден. Бебето го следеа цело време. На сите провокации лошо реагираше и тоновите паѓаа. Последната провокација беше во вид на инфузија, и тогаш скроз ги изгубија тоновите, не можеше да се регистрира. Така завршив на итен царски. Автоматски ми ја допреа провокацијата и ми пуштија серум за бебето и да се смири матката од контракции, додека ја припремат салата. Бебето реагираше одма на серумот и потоа го извадија царски. Папочната врвца му беше измотана околу врат и преку раце, затоа лошо реагираше на провокациите. Бебето се следи цело време, докторите се спремни да реагираат во секоја ситуација, немој да се секираш. Ваше е само да соработувате и да дишете правилно. Со лесно до крај.
Леле јака ти душа, се ова Струга на одделение? Аман бе ете зошто не сакав Струга да се пораѓам во државната. Ти и покрај ова викаше дека добро помина. Јака си била!
Да таму. Епа ако го гледаме исходот дека родив здраво и право бебе, значи добро беше. Тоа е само фаза кај некои е добро кај некои не баш, ама откако ќе си го видиш чедото, се поминува. Се некако како низ магла е потоа. Така да и сега низ исто би поминала ако треба, само да родам здраво и живо бебе. Џабе не се рекло жена -мајка -кралица (јас би додала и лавица).
Женски на сите од срце ви посакувам да сте здрави и живи , вие и вашите бебенца! Да се гушкате и сакате и да си имаат бебушите безгрижно детство