Се породив ноќта на 24-ти кон 25-ти , во 02:20 по полноќ ( официјално на 25-ти октомври ) . Се роди здраво женско бебе , тешко 3.6 кг , високо 50 цм . Вака почна . Термин надминат , се јавувам кај докторот да му закажам за 25-ти дека сакам да ме породува со провокација , бидејќи терминот веќе помина . Докторот вели - јас сум вечерва дежурен , доаѓај на породување . Се ова се случува денот на 24-ти октомври . Ајде се средив , и околу 22:30 навечер , отидов . Таму .. веднаш ме ставија на ЦТГ , болки ни за лек . Ниту чувствувам , ниту ЦТГ регистрира болки . Ајде потоа на бокс и вагинален преглед . Отворена 3 цм , докторот проба да ми пукне водењак , но не успеа , водењаков никако не пука . Ајде на инфузија со провокација . Додека течеше инфузијата , може сто пати бев по мала нужда . Извади-стави ми правеа со инфузијата , по што веќе ми беше срам да ги погледнам во очи сестрите . Два часа подоцна , имав многу јаки болки , па повторно на бокс , каде овој пат веќе бев 8 цм отворена и докторот успеа да ми го пукне водењакот . Од бокс на уште едно последно ЦТГ , кое не успеа ниту да почне со работа , само што го вклучија добив болки со напон , толку силни што едвај до родилна стигнав . Во рок од половина час , се роди бебчето . Имам огромен рез , госпожата излегуваше со глава и рака истовремено , странично свртена беше и одвај излезе , мислев дека ќе ја задушам од што немав доволно сила . Среќа се заврши добро . Сега сме дома , се гушкаме и се вардиме заедно со бато и дада .
@CrazyGirl15 жива, здрава и од Бога благословена да е принцезата. Уживај сега со три најголеми љубови
Женски конечно и јас се породив и се олеснив. Се помачив малце од провокацијата ама вредеше за јунакот мој Јован.