Честито и тебе нека е живо и здраво големо да расте. Нека ви даде Господ сила Се сеќаваш кога се породи ти што ти реков? Се надевам и јас ќе имам вака големо бебе хаха, и си добив. Не го собираат ми кажаа и сестрите тука. 57цм е долг се што имам 50ка нема да го собира.
Епа да ти кажам полесно за тебе. Нашиве у школо од одма. Како се осеќаш? Движи мн раната побрзо ќе ти заздрави Знам ќе боли, ама со повеќе движење до излагање од болница (плус некој ден може дека си тегнета доста верувам ко и јас ) ќе си ко нова. Си ме прерадувала
Да не му се мали и 56ките? BTW живо и здраво, големо да расте! Тебе побрзо опоравување Навистина големко бебе, не ни можам да замислам колку ти тежело во стомак На една цимерка ѝ го придржував бебето кое беше 4400g, а моето беше 3800, и богами се осеќаше БАШ разлика
Како успеаа цело 1кг да утнат мислев таму понапредна технологија имаат Се надевам добри си собирај сили сега те чекаат убавини
@Cholipam честитки,да е жива и здрава.Уф кога ве читам вака јануарските дека почнавте да се пораѓате ме фаќа некоја еуфорија дека ми се ближи времето
Па добро ете вчера доста се движев до вц и назад, пробав и малиов сама да го земам во раце од во креветче, денес ми дозволија да се туширам. Многу е фрустрирачки понекогаш паѓам во депресија, не сакам да зависам од други, ама тоа е што е. Да да готово брадичка да им излезе Иначе да многу полесно со поголемо бебче, не се плашиш за ништо како израснато е. Многу е мило
Имаат технилогија ама не знам што глумат. Еве и цимерка дојде синоќа и таа исто форсирале до крај природно, 30 сати на пораѓај, болки трпела до некаде па земала епидурал за на крај да и речат не може бебе да слезе во канал 4кг ти е. Викаше следен пат за второ одма ќе земам епидурал значи одма, ризици има од се не само епидурал. Искрено и јас го променив мислењето за епидурал. Кој е во можност нека става не мачете се џабе болките се неподносливи.