Тазе породени, ради коронава, дали кога си одевте од болница носевте бонбони или др нешто? Исто и за докторот што ве пораѓаше
Јас на секоја втора контрола носам по нешто на гак... нема пандемија што ќе ги запре да си земат нешто благичко, алкохолно....
Не, мене досега не, но кога те гледа вон термин, крај на работно време, ја/го замараш и на вибер "ваму ме боли, овде ме боцка" само некако ќе ти дојде, ете од благодарност да кажеме... и тоа се знае симболично, никогаш повеќе од 500-600 ден... за мене зборувам...А за породување не знам како оди... ќе ми кажете поискусните
Денар не сум дала за частење а и нема да дадам а и не ја гледам потребата за да дадам. Немам личен контакт со никој доктор туку си одам на закажан преглед за кој он е задолжен да ме прегледа и зима плата за тоа. За малиот кога бев бремена на два пати ја почастив сестрата што ми завршуваше работа за прегледи ама нејзе си ја знаев од порано. Кога ме земаа од болница, донесе маж ми од бонбонерите од мекиците и дадов на сестрите на оделение. Докторката што ме пораѓаше не ја ни видов.
Мм сакаше да ги почасти сестрите од нео оти го учеа како да држи бебе Ја реков ако носиш за тие, носи и за сестриве мене што ме гледаа. Донесе 2 бонбоњери на ден на излегување од болница. Кога требаше да идам за симнување конци решивме и двајцата дека сакаме да го почестиме и докторот што ме пораѓаше, се осеќавме како богатството наше он да ни го дал Му однесов флаша виски. Се беше во знак на благодарност, ние така се осеќавме, не дека моравме.