Женски се породив и јас Во недела на 13.02 во 38+ гн терминот ни беше на 21ви. Нашата Инес тешка 3050 и 50цм ни ја донесе најголемата среќа што не се ни опишува
Мене ми се случи тоа времево дојде ако немаш пари фрли го животот кој те праша да земиш кредит за да си го спасиш детето и себе си
Девојки се породив и јас после 10 годишна борба на 21 02 2022 на свет дојде и нашата принцеза 3330гр 50 см долга душа мајкина сите да си дочекате ваква среќа
Честитки за бебчето,да е здраво и живо. За оваа прашање, можам да споделам искуство на една моја колешка, која се породи исто во 38 недела. На ултразвук, сите наоди супер, но бебето 2700 со 44цм при пораѓање. За среќа, гинекологот забележал дека плацентата била мала во однос на гестациската недела на детето. Ја испратиле на хистолошко испитување, се покажало дека плацентата одговарала на 33г.н. Од одредени причини, не се развивала повеќе, така да, бебчето не добивало повеќе хранливи материи. Затоа најчесто, при ултразвук се препорачува следење на самата плацента со исклучување на знаци на предвремено стареење, доплер на крвни садови кои ја васкуларизират плацентата, како и на самата папочна врвца. Оваа е посебно важно, за лица кои имаат гестациски дијабет, бидејќи шеќерот може да ја "остари" пред време плацентата.
Se sekjavam na tebe od vontelesno oploduvanje (eden period zaedno vodevme ista borba). Milo mi e mnogu shto si se ostvarila kako majka Ziva,zdrava i golem da raste kerkichkata Chestitki
Вчера дојде на свет мојата втора среќа Денис 5 дена по термин. 3 640 тежок и 50 цм долг. Ист како брат му е кога се роди.