Ми требаше време да си дојдам на себе за да пишам…се породив пред 27 дена. се породив царски и поминав супер фала на Господ. Многу се плашев од породување, ама се поминува и мајки немојте да се плашите. Брзо поминува, болки не се осеќаат, само мала непријатност и како тегнење. За околу 10минути ми го дадоа бебе до мене и уште околу 20минути траеше шиењето, вкупно се на се мислам траеше околу 45 минути. Инекцијата не ја осетив мислам дека, од паника само чекав да помине се. Родив машко бебе 4300тешко, 52cm. Следниот ден станав заедно со сестрата на нозе, беше многу болно првото одење, чекор по чекор. Потоа секое наредно станување е посигурно и после третиот ден полесно е одењето. Многу ме болеше додека да станам од креветот да се кренам, одењето ми беше полесно. Лежев на грб цело време и едвај станував. Болките после три недели се помали, освен кога подолго го држам бебе и деновиве поготово може и од времево осеќам болки, ама сепак се издржува. Во глобала не е страшно. Сепак доколку не сте плашливи и немате проблем породете се природно затоа што со царски отпосле се болките и подолго е заздравувањето. Со лесно на сите мајки.
Честитки. Малку ме утеши напишаново,иако бев еднаш царски,сега ми е многу страв. По цел ден мислам дека кога ќе дојде денот за тоа,ја ќе изгубам свест во сала,или ќе ми се качи притисокот 200,па ништо од раѓањето нема да биди.Многу ми е страв,преплашена сум..
Јас имав висок притисок во бременост до последен момент, па ете се породив. За се има решение, не оди со такви мисли. Претерано се плашев и јас, си правев секакви филмови. Ќе поминеш супер ќе видиш. Со лесно!
Живо и здраво да е бебчето Уживајте сега заедно. Болките исчезнуваат со тоа кога ќе го видиш синчето И јас многу се плашам од пораѓај
Ако ти кажам дека паѓам во несвест од игли или ми се слошува… не можам да си поверувам дека изгурав цела бременост, со 100 пати боцкање, инфузии, за на крај царски да се породам и уште толку боцкање после во болница и дома. Му викам на маж ми горда сум на себе, јас што језа имам од игли поминав низ се тоа. Поготово царскиот, прва бев дента, се тресев кога отидов во сала.. знам им зборев таму ко навиена колку ми е страв, и само кога го извадија бебето прекинав, дури и докторот ми рече, абе некако прекина да збориш од кога го извадивме бебето, знам му вратив си го видов бебето. И еве 3 и пол недели како помина, уште не ми е верно. Не се плаши, некако баш храбар си во тие моменти.
Super, sve zavrsi sega mozes da se opustis e loso e vaka so golemo bebe malce kicmata ke ti strada od drzenje plus ranata carski ako te naboluva
Јас сум решена за природен пораѓај т. е и докторката така вели па здравје ама страв ми е при самата помисла. Мислам дека не би можела да издржам природен пораѓај, само видеа гледам и се повеќе тоа ми излага за гледање, болки, пораѓаи... штом замислам ми е лошо и страв ме фаќа...
И јас така мислев, дури кога дојде др и викам носи ме во сала и ми се измасмеа. Кога ќе дојде моментот, тас сила што доаѓа е нешто што незнам како да ти опишам. Опција и за спинал имав, али моја госпожа се брзаше да искочи, па немавме време за тоа. Не гледај видеа, пораѓаи. Секој е различен. Жени викаа, се дереа, беа со болки, а јас болката ќе ја споредам малце посилна од кога сум имала добиено, не се дерев, ја родив за една минута во два напони. Опушти се и дозволи , времето да си го направи своето.
Колку ни требаше на сите нас што нѐ чека допрва пораѓај да прочитаме вакво нешто. Фала ти жено што цело време нѐ охрабруваш, ем со бебе, ем пак си тука да ни дадеш совет. Мене уште не ме фатило некој голем страв. Ми излеваат видеа на тикток често за пораѓај ама скролам и нејќам да гледам, нејќам да знам што ме чека, сакам да видам тогаш и во моментот само. Верувам дека Господ ќе ни дади сила, како и на сите жени до сега што се породиле. Ќе ги издржиме и ние болките. И на сите жени им посакувам ваков пораѓај како твојот.
Јас заспав на царскиот. Чекав само да го извадат бебето, да ја видам и бакнам. Не беше ни 10 минути во сала, на маж ми му ја однесоа веднаш. Јас бев без душа веќе, претходно имав 16 ч контракции, од кои 6 часа на бокс бев качена. И епидуралот не ми фати, а 6 пати ме боцкаа - 6 пати во коска. Пукнав... Последниот саат пред царскиот мислам дека веќе бев во некоја состојба на конфузност, не се ни сеќавам од болка што како беше. И така си заспав на царскиот. После напнувањето да се породам природно, баш царски ми се виде. Скроз на крај се разбудив, почнаа гласно да зборуваат што да нарачат за јадење во сала. Знам кога се разбудив, докторот ми вика доста спиеш, кажувај кој му е бројот на маж ти да му вртам да те слушне, чека загрижен. Првото станување е тешко... Мене болничарката ми кажуваше како прво во кревет да се размрдам, па како да станам. И мислев пострашно ќе биде. После веќе сама си станував. Совет до сите - почесто одете во вц. Многу повеќе боли да стануваш со полн мочен меур.
Јас многу подобро поминав со втор царски одшто со првиот имав многу болки до 6недели ,а со второто никакви болки ...
Priroden poragjaj kako ste pominale em mi e vtoro em nezdrava panika me fakja so prvoto rodiv bukvalno za 5 minuti ne se ni sekjavam na bolkite i si vikam taka kje bide i sega ama ne pak nekoja panika od utre sum vo 38 i sekoj den povise se nerviram neznam kako kje pomine..
Mnogu lesno,ne osekjav tolkavi bolki a imav kontrakcii duri cudno..otidov 9 prsti otvorena za pola saat se porodiv..Jas bev panika ziva pred da se porodam a kolku lesno pominav...kje bide i kaj tebe taka vikaat so vtoro bilo polesno i stvarno
А дали има некоја што за прв пат се има поеодено царски а по втор природно? Ако може искуства? Мене по дифолт ме спремаат за царски. Еднаш царски, цел живот царски хаха
Licno iskustvo nemam no bliska prijatelka se porodi taka prvoto carski vtoroto prirodno doktor rekol deka moze sepak konslutiraj se