1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се сакам себеси поради...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Avril.09, 23 мај 2011.

  1. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Однапред се извинувам ако темата е дупла или не е на соодветно место

    Многу девојчиња и девојки ја губат својата самодоверба. Биле многу дебели, биле многу грди, ноктите им биле широки и сл. Во нив спаѓав и јас.

    Во оваа тема истакнете ги вашите позитивни особини. Пишете зошто вие сте си најдобри.
    Така правев јас и многу ми помогна.

    Еве ќе почнам:
    Се сакам себеси поради мојата одлучност.
    Се сакам себеси поради мојата интелигентност.
    Се сакам себеси поради дупчињата на образите. :$
     
    На love-cat19, verica94 и kitfox2010 им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Поради тоа што сум Јас, и никоја друга.
     
    На iloveyou29, teakaulitz, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Аврил добрааа тема :) :up:
    Се сакам себеси што можам и сама да истраам .....
    Се сакам себеси поради мојата амбиција , високите цели кои ги имам постигнато и врвовите кои треба да ги искачам и не се плашам :)
    Поради моето заразно смеење :D и позитивната енергија која и ја пренесувам , тоа што секој може да се потпре на мене не да се фалам ама пријател како мене мнооогу ретко се наоѓа :$ :)
    Поради непокорноста во мене .... гордоста која ја носам можеби и претерана :tmi: :) . Поради тоа што не паѓам на колена успевам да издржам , не дозволувам да ме видат поразена ;)
    Што не потпаѓам под туѓи влијанија , што имам свое ЈАС и свои принципи од кои не се откажувам па макар се завртел светов наопаку ....
    Не ја бирам победничката страна не ми е проблем да работам и против сите ако сум уверена дека оној МОЈ пат е вистинскиот !!!
    Најмногу се сакам себеси што брзо преболувам поразите ме болат но не ме убиваат , умеам да изглумам умеам да ја ставам мојата лажна насмевка кога ми е најтешко но не можам да дозволам да ме видат скршена .Што и во натешките моменти ги издржувам стоечки .... И никогаш не ја губам вербата ... :)
     
    На presiosaP и kitfox2010 им се допаѓа ова.
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.080
    Се сакам себе си зошто знам да најдам задоволство во најмалите ситници.
    Се сакам себе си поради тоа што сум единствена, разумна и емотивна во едно.
    Се сакам себеси, зошто врската која ја имаш со самиот себе си е многу поважна од врската со некој друг.
     
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    ...-бојата на косата
    -големите гради :$
    -снаодливоста моја...
    -паметта моја...
    -работите кои ги сакам...
    -тоа што сум различна од другите
    Се сакам себеси поради тоа што сум јас, ваква каква што сум, со сите мои маани и доблести!
     
  6. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Се сакам самата себеси затоа што сум разновидна на некој начин - можам да се прилагодам на секаква ситуација.
    Се сакам себеси бидејќи..
    - се научив да бидам фајтер во животот, никогаш да не прифаќам помалку од тоа што навистина заслужувам, да поднесам пораз и да извлечам поука и нешто позитивно дури и од најлошата случка.
    - објективно ги гледам работите, успевам да видам под површината кај луѓето и тоа ми помага полесно да сфатам некоја работа и подобро да се поставам спрема неа.
    - независноста, желбата да си бидам своја со сопствените квалитети макар тоа да отскокнува и да не биде прифатено од средината.
    - интелигенцијата
    - издржливоста во секој поглед и оптимизмот кој се трудам да го задржам и покрај тоа што животот честопати ми носи многу повеќе лимон отколку што ми е достапна текилата да неутрализирам :D

    и.. се сакам себеси затоа што сум си уникатна на свој начин и не се плашам тоа да го покажам. :)
     
    На Justinna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dragannah

    Dragannah Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Поради тоа што сум!
    Поради тоа што имам цврт карактер и став и затоа што работата ја земам во мои раце и не очекувам помош од другите. Затоа што сум горда на себе и снаодлива. Ако самите не си се цениме, никој нема да не цени.
    Исто така, луѓето ме сакаат затоа што сум секогаш расположена за разговор и да помогнам :) Без разлика за што и да се работи, на некој на кој што му значам, безусловно сум спремна да му помогнам.
    Од надоворешниот изглед искрено си ја сакам устата, стомакот и нозете :lol:
     
  8. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    Се сакам себеси поради моите убави трепки :lol:
    се сакам себеси поради мојата креативност и снаодливост
    се сакам себеси поради бојата на косата
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    ... не се сакам себеси. :|
     
    На FeminkaDoKraj, Bok и mecheto им се допаѓа ова.
  10. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    се сакам себеси поради
    - храброста,
    -решителноста
    -истрајноста
    -амбициозноста
    - тоа што знам да сакам
    - тоа што им помагам на оние на кои им требам и секогаш сум тука за нив
    - поради тоа што и кога ми е најтешко знам да се насмеам
    - и поради убавите црти на лицето
    доста е :lol:

    П.С. :clap: за темата
     
    На bubica13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    ^ Wild Child е за ќотек! |(

    Онтопик :

    Се сакам себеси поради смислата за хумор. Можам да ги насмеам сите а и јас си се смеам притоа. :D

    Си се сакам затоа што можам да се снајдам во различни ситуации, кога треба добивам бреинсторминг. ^_^

    Затоа што имам способност да ги учам лесно странските јазици.

    Затоа што постапувам разумно, трезвено и одговорно.

    Затоа што сум успешна во тоа што го работам. Или ќе биде како што треба, или подобро воопшто да не го правам.

    Затоа што иако во еден период потклекнав, ми дојде паметот и сум многу подостоинствена од тогаш.

    Затоа што можам веднаш да се поправам 5кг во рок од една недела, ама и да ги ослабам за две. :D

    Затоа што кога сакам можам се. :bow:

    Умре циганката, па да се пофалам јас. :emo:
     
    На lolyta777 и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    434
    Се сакам себеси поради
    - сопирањето на солзите кога најмногу сакат да потечат;
    - конечното истерување на топчето што ми стоеше на грло и не ми даваше да дишам;
    - поради моите јапонски и по малку(повеќе) ќоравки очи;
    - поради усните;
    - имањето сопствена свест;
    - потребата секогаш да помогнам некому;
    - она што го ветувам, секогаш го исполнувам.
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Вајлд поминува само низ таков период :P за некое време има да се засака, со сила ако треба ццц

    Се сакам поради мојата способност да ја контролирам секоја ситуација во животот, макар и најголемите кризи и да поминам низ нив неосетно, барем за околината.

    Мојата способност да самостојно решам секаков проблем, без да бидам во ситуација да побарам туѓ совет, мислење или најмалку слушател за моите маки (макар што сакам да сум слушател на туѓите маки, во крвта ми е)

    Мојата сештологија во главата. Познавања од какви ли не области, знаења за работи за кои ако некој не ме праша нема ни да ми текне дека некаде во неа има и такви информации.

    Мојата способност експресно да се адаптирам на секоја промена, да вираам на секаква клима, да останам своја и да не променам ништо кај себе, само бидејќи нештото станало тренди кај грото луѓе, т.е мнозинството со јуриш тргнало напред.

    Мојата способност да без да се наметнувам и бодам нечии очи со двава прста да се изборам за тоа што го сакам. ;) Тивка вода или вуду девојка, не на празно ми велат така.

    Што секогаш знам кога е време да се почне нешто од почеток. Што умеам да ставам крај и да пресечам кога се бара од мене да изберам. Што сум одлучна и непредвидлива.

    Што сум праведна до степен да понекогаш се себе жртвувам за доброто на другите, но сепак, преферирам да сум таква отколку кучка, без да има потреба некого да повредувам.

    Мојата способност за перцепција, анализа. Способност да се ставам во кожата на другиот или да излезам надвор од својата кожа кога треба нешто да направам, а од мене се бара професионализам а не мои лични гледишта, симпатии, несимпатии кон некого или нешто.

    Мирната и бунтовна во исто време нарав. Веселата моја фаца, која е весела и кога е уморна и кога е тажна. И да, тоа што не се срамам да глумам дворски шут пред другите за да им го разубавам денот, макар ризикувала се и не добила ништо од сиот влог.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Зошто да не се сакаш ?!?!!? Сега со тој твој пост добивам поразлична слика од онаа што ја имав за тебе !
    Според коментарите кои ги даваш ми створи многу убава слика за тебе,дека си упорна,одлучна,многу пати имаш помогнато на многу феминки,имаш смисла за хумор,паметна,интелигентна...и ред други позитивни особини кои можев да ги доловам за тебе. Зоштоо не се сакаш себеси ?!?!?

    извинете за оф топикот



    А сега да си кажам јас - се сакам себеси заради тоа што сум.Сум единка како и сите други,ги имам сите потреби,желби како другите,но сепак со нешто се одвојувам од сите нив,а тоа е индивидуалноста,Јас сум јас,се сакам самата себе,порадио својата упорност,големата желба и потреба да бидам опкружена со животинчиња :inlove: се сакам поради тоа што сум истрајна,се што наумам го правам без разлика какви пречки имам пред мене!
    Се сакам поради тоа што секогаш успевам да најдам некоја средина меѓу црното и белото,меѓу желбата и стравноста,меѓу среќата и тагата.
    Највеќе од се се сакам поради онаааа особина што ја имам да не се замарам многу и да не ставам се на срце...има уште многу работи за кои се сакаам самата себе,а секако пред сите тие свој особини па и вашите,прво треба да се сакаме самите,за потоа да не сакаат и другите ;) :*
     
  15. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Поради самодовербата, хуморот, снаодливоста и импровизирањето. :)
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    ... поради мојата реално приземјеност дење и мојата настроеност кон фантазерско сонување ноќе.
    Поради тоа што сум свесна за моите маани и недостатоци и не се дрзнувам да облекувам нешто што не ми одговара, тесни припиени парчиња од кои моето салце ќе патува километар пред мене.
    Смислата за хумор, сарказмот, насмевката + оките. :wasntme:
    Поради фактот што не дозволувам мозолка или дожд да ме изнервира и да ми го расипе денот...

    тра ла ла, темава е слична со Опиши се, и Вашите доблести и недостатоци, така нешто беше.
    Заклучок - самобендисани сме у пм, можеме до утре сабајле да си набројуваме врлини.
    Бре, жени. :D
     
    На lolyta777 и Smilly им се допаѓа ова.
  17. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Браво за темава, многу влијае за самодовербата кога ги гледаме позитивните нешта кај нас. :clap:

    Некаде во овој период сум многу проментила, се сакам си се восхитувам, среќна сум полна со самодоверба па наредниот ден ќе седнам пред огледало и ќе си ѓи гледам само недостатоците, ќе си поплачам како да се срушил светот.

    Се сакам себеси
    - поради добриот метаболизам кој ми овозможува да не се здебелам
    - поради добро оформените нокти
    - поради мојот успех на училиште
    - поради сите пријатели кои ме опкружуваат
    - поради моето најдобро дело - уредувањето на детската :lol:
    - поради точноста за навремено стигнување
    - поради инатот мој кој ми помогнал многу
    - поради сите обиди да направам убави уметнички фотки
    - поради висината и забите
    - поради паметот кој и мене ме зачудува :lol:
    - поради сите глупости акнати без врска
    - поради сочуствителноста со другите
    - поради мојот избор на фустанчиња за полуматура :D
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Си ги сакам очите-шарени, понекогаш сини, понекогаш зелени зависи од светлината и околината, косата-црна и мека, my freckles-ме правјат сладка како дете, креаитвост-добро цртам, добро готвам, друштвото ми е убаво :P си ги сакам забите, многу се бели и прави и ми прави насмевката убава, си ја сакам тетоважата на раката, си ги сакам нозете, си го сакам хуморот, понекогаш е малку црн ама е смешен.. има и многу нешта кои не ги сакам во себе...ама темата е „се сакам себе поради...“ ;)
     
  19. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Се сакам затоа што сум паметна , лоша :angel: , амбициозна .
    Си го сакам лицето , телото , носот очите и устата ..... :P
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    - оти сум тврдоглава, упорна, храбра, и не се откажувам така лесно
    - физичката убавина
    - заразното смеење
    - брзо учење на странските јазици
    - желбата за помош на оние на кои им е потребно