Се сакам себеси најпрво затоа што секогаш сум спремна да им помогнам на другите за било што да се работи.Се сакам себеси затоа што секогаш сум личност од доверба и што она што ќе ми го доверат никогаш не го изнесувам.Се сакам себеси затоа што и во негативните работи знам да го извлечам и она малку позитивно што другите воопшто не го гледаат.Се сакам себеси затоа што знам да се насмеам и тогаш кога во душата плачам.Се сакам себеси затоа што колку и да ми е тешко и да се чувствувам тажно секогаш сум силна за мојата фамилија.А секако си го сакам и надворешниот изглед.
Се сакам себеси затоа што си делам совети и на сама себе. се сакам себеси поради моите математички способности . се сакам себеси затоа што сум различна од останатите. Се сакам себеси и дури сега го откривам тоа
1*затоа што тоа сум јас 2*затоа што ги ценам малите работи 3*затоа што сум чувствителна 4*затоа што имам доолги нозе 5*затоа што сум паметна 6*затоа што имам стил 7*затоа што верувам во себе 8*затоа што помагам на сите 9*затоа што прифаќам и критики не само пофалби 10*затоа што знам дека има луѓе кои ме сакаат
Се сакам себеси поради тоа што размислувам подруго од моите соученици, се сакам себери поради тоа што издржувам многу, а сепак, не набивам комплекси или не навредувам некој за да си олеснам, се сакам себеси поради тоа што Господ ми го дал убавово тело и убавиот издржлив организам, такашто можам да јадам колку што сакам, а сепак да не се здебелам. Но, јас не се сакам само себеси и се гордеам со тоа!
Се обидувам на сите можни начини да се засакам себеси, ама некако тешко ми оди поради тоа и неможам да живеам среќно...се надевам дека некогаш ќе се засакам и ќе си ја зголемам самодовербата барем се трудам за тоа да биде..
се сакам поради тоа што сум: - одлучна - искрена - доверлива - и многу други вакви позитивни особини што за разлика од некои се продаваат за лајкови на фб ((( многу ми е жал за таквите кој ради тој што го сакаат немаат свое ЈАС како што јас имам значи кога ќе кажам не така ќе биде
Се сакам себеси поради тоа што: - сум единствена - не дозволувам некој да ме натера да мислам дека не вредам - знам да ценам, иако не го добивам тоа за возврат - се викам Мила - телото при вежбање лесно ја прифаќа промената и бргу ослабнувам, иако и бргу се здебелувам - имам добра душа.. - сум оптимист - сум упорна - знам дека одредени луѓе едноставно зависат од мене
Се сакам затоа што -Знам да цртам,пеам,шминкам -Мразам неправда -Кога ке одлучам и така ке биде -Што сум креативна -Знам англиски
Искрена сум се што мислам си кажувам ... се сакам себеси поради тоа што знам да простувам.. сум добра другарка за оние кои ме ценат ... по мојата гордост која никогаш не си ја имам прегазено.... Чувствителна сум многу но умеам да не го покажувам тоа ... Се сакам себеси поради начинот на кој размислувам... не сум нарцис во секој случај но знам да ги ценам моите квалитети
Се сакам себеси затоа што не попуштам,имам дупче на образот , моите долги трепки,знам да ги сочувам солзите тогаш кога е најтешко.. Се сакам затоа што сум јас и никој друг неможе да биде како мене
Поради тоа што се разликувам од другите. Не верувам на се и сеште, си имам изградено ѕид околу мене и дозволувам да поминат личности кои ми значат и на кои им верувам. Исто така поради тоа што може да проценам каков е човекот според тоа како се однесува со мене, доволно ми е да бидам еден час со некој за да дознаам каква личност е и што уствари му се целите. Физички да не зборувам..
Поради мојата спонтаност Бидеји тоа ме прави да сум поразлична од другите. Се сакам себеси поради мојата упорност,издржливост кога го работам тоа што го сакам.
Едноставно и јасно: се сакам себеси поради тоа што сум различна од другите, што не сум дволична, знам да ценам, сум вистински пријател, снаодлива.. знам да сакам, знам да кажам не...