Се сакам себеси поради себе, и колку и да сум лош повторно ќе се сакам, затоа што неможам да бидам некој дрѕуг. А, сега да си лепам етикети ми е малку смешно и јадно. Немам намера да се тешам и да си го кревам егото што ќе ве убедам дека имам неверојатен карактер, дека сум многу добар, многу убав.... Сите ние се сакаме заради тоа што немаме право на избор, сите тие кои го користат карактерот колку да пишат во секоја тема, први би се менувале да можат да бидат некој друг. Поентата ми е, смањите доживљај кога си лепите епитети во супер лати, а и малку оригиналност нема да шкоди, не за друго туку ќе ви е излиже карактерот, во секоја тема само карактерот па карактерот.
Се согласувам. На крајот на краиштата ние сме тие коишто треба да се чувствуваме удобно во сопствените изглед и однесување. А за карактерот ... ќе почнам со нешто што навидум нема врска со ова. Читав многу одамна за еден експеримент, правеле слика на совршен маж/жена. Го искористиле најубавиот нос, најубавите усни, тен и тн... и на крај според повеќето испитаници тоа не била убава личност (мислам дека за слика на жена стануваше збор, слично нешто и скоро најдов на интернет како клип мислам). Јас верувам дека е исто и со карактерот. Ако некако успееме да ги споиме најдобрите карактерни црти од повеќе луѓе во една личност, не верувам дека би излегла личност којашто би била допадлива на многумина. Затоа што убавината е во нашата индивидуалност и различност, а дел од нејзе се и мааните.
Се сакам поради тоа што успевам да ја надминам турулентноста на животот. Поради силата што ја имам. Не во физички смисол туку во психички.
Па малку нарцис сум си ама ја знаете онаа ако не се цените самите себе нема да ве ценат ниту другите. Ама баш многу си се сакам поради мојата прилагодливост и способноста брзо да се вклопам во секое друштво или ситуација како и поради способноста на ги насетам намерите и чувствата на луѓето.
Си се сакам себеси поради убавите очи , дупчињата на образите , да го осознаам каква е личноста уште од прво гледање , мојата духовитост има уше али ме мрзи да мислам
Поради свесноста за сопствените несовршености и начинот на којшто се носам со истите... којшто е исто така несовршен. That's the beauty of it.
Се сакам себеси поради инаетот во мене кој досега ми помогнал да не испаднам будала пред небитни створења.
Поради праведноста и искреноста кон секој , и поради тоа што секогаш им помагам на сите кога им сум потребна
си се сакам себеси зошто во секоја ситуација знам да направам да биде убаво со тоа што ке треснам некоја зелена и ке ги насмеам сите хихихии
Се сакам себеси зошто прилично лесно можам да се помирам со се што се случува и да се однесувам и буквално да ми биди исто како ништо да не било и тоа дека ако наумам нешто го добивам по секоја цена, ок, можеби и да не го добијам, ама тоа дека давам се од себе за да го добијам.
Се сакам себе си поради тоа што: -имам убаво тело -имам убави очи -сум решителна -сум интелигентна -научив да не се нервирам за ситници -јас сум јас, и сум различна од другите.
Се Сакам себеси пред се затоа што незнам да лажам, незнам да се извадам во некои ситуации и од пуста искреност одма солзите на очи како детенце .. исто така нешто што сакам и ми значи и што неможам да се воздржам а да не изгушкам и изнагњавам некој што ми е мил и ми значии .. многу сум досадна напати ама мене ми е убавоо. Сакам сите да знаат колку ги сакам
Поради подготвеноста да ислушам и помогнам, искреноста и самокритичноста кон кои се стремам секогаш, а и проникливоста и читањето меѓу редови во односите со луѓето. Поради склоноста кон фантазирање и неконвенционалност на моменти. Поради оптимизмот, смислата за хумор, среќата која ми ја предизвикуваат малите нешта. Поради способноста да не се нервирам за ситници и да го стиснам она невидливото внатрешно игнор копче за туѓата негативна енергија. И пред се` поради свесноста за своите несовршености, која не ме спречува да останам своја.