Па се сакам себеси заради тоа што сум ладнокрвна(мразам да плачам и кенкам), заради трпеливоста и смиреноста (не избувнувам лесно), човечноста и разбирањето(секогаш спремна да помогнам),дирекноста(не дозволувам да ме газат), заради ведриот дух и оптимизмот(во секое време насмеана и шеговита)...и ред други работи.И повторно да можам да бирам повторно би се одбрала себе си
Се сакам себеси поради цврстината на карактерот, иако болат моментите кои толку го зацврснале. Поради детскиот дух и постојаната позитина енергија и покрај сите глупости кои животот ни ги приредува. Поради искреноста, директноста (иако може на некој тоа му смета ) и истрајноста. Ете тоа, така накратко
Поради истрајноста и снагата да го издржам невозможното и кога се распаѓам на милион парчиња. Поради тоа што ги согледувам грешките и се трудам да ги совладам наместо да очајувам. Поради тоа што се помирив да го прифатам тоа што не можам да го променам.
Се сакам себе си зашто сум многу лабава личност. Се сакам себе си зашто немам срам, можам се да направам додека повеќето мои другарки незнаат како да се справат со тоа. Се сакам себе си зашто многу добро можам да сокриам чуства. Се сакам себе си зашто можам многу добро да лажам.
Затоа што нема слична на мене ! Се разликувам во се од другите девојки и тоа ме прави навистина горда. Весела , самобендисана, снаодлива , за тоа што на 21 година се грижам сама за себе и за керками и не чекам ништо од никој Ах и физички сум супер целосно се сакам!
Се сакам себеси поради претчуството што го имам и тоа многу често се случува кога кажам нешто дека ќе биде така и навистина е, се сакам себеси поради способноста да ги читам луѓето и одма можам да препознаам кој какви намери има и каков е доволно е само еднаш да го видам, се сакам себеси поради што сум верен пријател и верна на мојот дечко и дека никој не би изневерила и забила нож во грб.
Се сакам поради: Директноста Немањето влакна на јазик Храброста Искреноста Верноста Интелигенцијата Скромноста Умешноста да сакам Успешно исполнетиот сон
Се сакам себе си поради: *тоа што сум способна да стојам гордо позади секоја моја одлука и став *тоа што сум храбра за превземање на нови предизвици *тоа што знам да ценам тоа што го имам покрај мене *тоа што ме служи добра интуиција .. *тоа што имам долги извиткани трепки *тоа што имам убава фигура на тело( барем така јас мислам хД )
Чекaјте и јaс дa се пoфaлaм, бе! Шaлa нa стрaнa... Пa се сaкaм себеси пoрaди тoa штo имaм рaзбирaње зa другите. Се сaкaм себеси штo сaкaм дa пoмaгaм кoлку штo мoжaм. Се сaкaм себеси пoрaди искренoстa. Се сaкaм себеси пoрaди тoa штo сaкaм дa се шегувaм. Се сaкaм себеси пoрaди скрoмнoстa. Ае, дoстa е. Ептен се испoфaлив.
Poradi toa sto sum svoja,poradii toa sto ne igram kako sto mi svirat si imam svoe mislenje i sekogas se drzam do nego,sto sekogas sum iskrena,sto sum humana licnost sekogas spremna da pomogne,sto sum mn hrabra i nezavisna,ambiciozna
Својата чиста, наивна душа и срце со детски трепет кое верува во чуда, вистинска љубов, Божја воља па чак и Дедо Мраз
Поради упорноста, храброста, искреноста, трудољубивоста, задникот , усните, заразната насмевка и начинот на хумор
Се сакам зошто сум праведна,горда,своја,добронамерна,со чисто срце.Сакам да помагам,поради тоа најмногу се сакам.Има уште работи али ајде..
Поради тоа што немам влакна на јазикот... кажувам што мислам без пардон и кај што треба и кај што не треба и кога грешам се извинувам.