1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се сакам себеси поради...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Avril.09, 23 мај 2011.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    -Искрена сум и не знам да глумам и да правам лице
    -Паметна сум
    -Духовита сум и ги засмејувам сите другарки
    -Чувствителна сум иако тоа не го покажувам
    -Не сум самобендисана или нарцис но знам да ги ценам моите квалитети.Нешто што долго време ми требаше да го научам.Ако не се сакаш самиот себеси не очекувај да те сакаат другите :)
     
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Се сакам себеси поради :

    -Секогаш сум спремна да му помогнам на некого во било кое време
    -Што се борам за вистинско пријателство
    -Што давам СЕ' за вистинската љубов
    -Што се трудам и имам цел во животов
    -Затоа што и другите ме сакаат ваква каква што сум :)
     
  3. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Се сакам поради
    -Паметот што си го имам хихих
    -Решителноста
    -Со лошите сум лоша,со добрите добра
    -Снаодливоста
    - Прегласното смеење
    -
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Вајлд знам како изгледаш. :devil: Насилна сум! :D

    Се сакам поради својата развиена логика, поради својата снаодливост и способност за адаптирање каде било.
    Ми се допаѓа што можам да се извлечам сама од проблеми, и тоа какви...
    Се сакам бидејќи ако сакам и те како можам да прелажам некој, без да се појави сомнеж.
    Се сакам бидејќи анализирам и сама заклучувам без помош.
    Ја сакам својата одлучност и умешност да запечатам тек на нешто што лошо ми влијае.
    Ја обожавам својата издржливост и организираност.
    Се сакам карактерно и физички (освен ликот).
    Се сакам бидејќи што и да облечам ми стои совршено. :wasntme:
     
  5. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Се сакам затоа што сум своја
    затоа што сум паметна
    затоа што сум згодна :$
    затоа што сум добра (некогаш и премногу па се каам, затоа што луѓето таквите ги искористуваат)
    затоа што сум искрен пријател
    затоа што сум најдобар чувач на тајни
     
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    -знам да се снајдам во многу ситуации, без разлика дали се служам со лаги, вистини, факти...
    -ми се допага тоа што на смеа, на шала со помош на мојата другарка Иронијата, знам да симнам некого на земја иако неретко потоа ме замразуваат.
    -израсната сум во семејство во кое моралот и доброто понашење е на прво место. горда сум на тоа што не сум израснала во валкано оро***јче, и што имам 3 годишна врска.
    -давам на секој шанса да се покаже, и 2-3 муабети се доволни да одлучам дали понатаму ке општам со него/неа или оди на игнор. Понекогаш не треба воопшто и муабет да ми направат за да проценам дали нечие друштво ми одговара или не.
    -сум искрена пријателка ако истото го добивам за возврат. Ако не по брза постапка прекинувам пријателство и фино лепо пак ме бараат :angel:
    -тоа што фала богу знам како да се облекувам и кои парчиња облека ми стојат убаво, знам што да носам за да истакнам она што е убаво и да го прекријам несовршеното.
    -имам убав лик, тело, коса, и ОЧИ :inlove: . (можеби звучи самобендисано ама баш ме брига, таква сам. :D )
    -го имам најубавото семејство на свет, посебно сестра ми која има во повеке наврати кажано многу убави мисли и дадено многу убави совети кои премногу ми помогнаа! :P
    -лажам со стил, само ако е навистина неопходно. :)
    -ми останува само уште една година за да завршам факултет, и во план ми е да запишам втор. :)
    -а најмногу се сакам кога гледам како некои посматраат со љубомора. е тогаш навистина знам дека вреди да се сакам :wasntme:
     
  7. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    ...заради тоа што верувам и навивам за љубов без оглед на се`, и луѓето секогаш кога се на ивица на губење секаква надеж, точно мене ми се обраќаат ако не за совет тогаш за муабет. Затоа што сум емотивен човек, и колку и да сакам и пробувам да глумам лудило и ладнокрвна и индиферентна во животов, секогаш, секогаш постои некое микроскопско делче што не ми дава да се претворам во такво нешто. Буквално секогаш има процент од мене што останува човечен и животен, без оглед на моите обиди од петни жили да се напраам камен и да ме боли за се`. :o
     
  8. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Се сакам:
    - затоа што сум интелигентна
    -затоа што сум паметна
    -затоа што знам да се сожалам на туѓите страдања
    -затоа што сум секогаш безрезервна поддршка на тој што му треба
    -затоа што знам да бидам добар другар
    затоа што не сум лицемерна и дволична
    -затоа што пораснав во чесна личност,а не во валкана ку.ва
    -затоа што сум борец,а не кукавица
    -затоа што поминав многу во животот и повторно сум на нозе
    -затоа што имам стил и знам што ми стои :D
     
  9. Independent147

    Independent147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    53
    Се сакам затоа што ...
    - Имам големо срце и знам да простувам.
    - Не го кажувам она што не го мислам,туку сум искрена и не сум лицемерно суштество.
    - Сум борбена и амбициозна.
    - Сум позитивна.
    - Друштвена и комуникативна.
    - Сум згодна.
    - За разлика ОД МНОГУ ДЕВОЈЧИЊА не сум фалбаџика ( Еј види ми ги патките Најк ми се,бла бла) ...
    - Сум интелегентна.
    - НЕ ги кријам своите недостатоци и маани ( СЕКОЈ ГИ ИМА :!: )
    - Имам добар вкус.
    - Сум љубовџика.
    - Сум добра другарка.
    - Не се замарам за некој што не вреди.
    - Истата грешка не ја повторувам два пати. ;)
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Се сакам себеси поради 1000 причини.
    Не сум најпаметна, најубава, најдобра, најзабавна, најдобра, најзгодна, највредна, најинтелегентна, немам најубава насмевка, ни нокти, ни коса, ни облека, ни заби, ни сум најдобра другарка на свет, ни најдобар љубовник, ни најдобар партнер, ни најдобра сестра .... не сум совршена нималку, немам ништо со она НАЈ.
    Но си ги сакам сите мани, си го сакам карактерот кој сум го создала и сеуште си го надополнувам кој има толку многу недостатоци кои ме живцираат ама тоа е она што сум и си се сакам баш таква.
    Доволно е да станам наутро да се насмевнам со најубавите криви полужолтеникави запчиња, со дупчето на левиот образ, да си речам дека сум спремна за уште еден убав ден.
    Си се сакам секој ден, некад повеќе, некад помалку. :)
     
    На Missy16 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Се сакам затоа што:
    -Сум интелегентна.
    -Знам да бидам вистински другар кога треба.
    -Знам да се снаоѓам во многу ситуации, без ничија помош.
    -Лесно се прилагодувам во друштво.
    -Затоа што имам смисла за хумор, и можам да ги расположам сите околу мене.
    -Си ги прфатив моите недостатоци, и имам доволно самодоверба.
    -Позитивна личност сум.
    -Доволно сум храбра и имам сила да издржам многу работи, можам да се смеам пред сите и кога ми е најтешко, но во никој случај нема да покажам слабост.
    -Не се откажувам додека не ги испробам сите можни начини за да успеам.
    -Знам да ги проценувам луѓето, и пред се ИСКРЕНА сум, едноставно неможам да преќутам за некои работи.
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Се сакам себеси поради тоа што сум тачка :D
    Поради тоа што секое сабајле се будам со смеење.
    Поради тоа што не се плашам коа ќе се видам во огледало од сабајле.
    Поради тоа што ако не сум јас другарките цел ден ќе бидат намурени.
    Поради тоа што ништо не сфаќам сериозно.
    Поради тоа што успеам да добијам се што сакам.
    Поради тоа што имам многу удварачи :P
    Поради тоа што обожавам да се зезам :lol:
    Поради тоа што сум своја и откачена.
    Поради тоа што ништо сум хиперактивна.
    Има многу :) ...
     
  13. Marence.D

    Marence.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    16
    Пред се, се сакам себе си затоа што јас сум јас, задоволна сум од себе и од тоа што го имам! Не сум совршена, никој неможе да биде, НО задоволна сум и од надворешен изглед и внатрешен, НАЈМНОГУ се сакам затоа што сум упорна, по секоја цена ќе биде тоа што сакам да биде. Затоа што сакам да успеам во животот... :)
     
  14. anonermous78

    anonermous78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Поради тоа што имам мој став и мое мислење и цврсто стојам позади тоа!
     
  15. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Поради:
    -тоа што сум вечен оптимист
    -знам да ги насмеам и развеселам другите и кога е најтешко
    - тоа што сум јака личност и успевам со насмевка да го пребродам и најтешкото
    - тоа што секојдневно ме потсетуваат многумина дека сум супер другарка и човек
    -тоа што сум природна и едноставна личност,знаат и мали работи да ме израдуваат
    -тоа што се радувам и на туѓата среќа,без злобна љубомора
    -тоа што сум пред се човек!!
     
  16. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.139
    Пол:
    Женски
    Последен пат кога се потсетив дека се се сакам себеси беше кога утврдив дека непредвивидени катастрофи,крш околности,Марфи и компанија,и моите "бубачки" не се доволно моќни да ми ја скршат волјата и да ме натераат да се откажам од зацртаниот план.Кога успешно го реализирав планираното,а ми текна колку блиску бев за да се откажам поради горенаведеното,посакав да се бакнам себеси од толку што се сакав. :lol: :$
     
  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Се сакам себеси зошто јас сум јас! Единствена, таква каква што сум! Некогаш тажна, некогаш весела. Некогаш решителна, некогаш незнам што понатака. Некогаш знам да уживам во тоа што ми го пружил Бог, некогаш го злоупотребувам истото-но секогаш стојам цврсто на земја! Ширам позитивна енергија исто толку колку што понекогаш знам да ширам негативна енергија. Знаат да ме мразат, знаат да ме сакаат, кој како си заслужил така и ќе си добие, секој има право на се што сака па така и јас! Простувам, но не заборавам ...до негде можам да кажам дека и заборавам од проста причина затоа што премногу личности ме повредиле...некој вака некој така битно ме повредиле-тоа јас не сум го очекувала од нив! Јас сум таква, благодарна на моите родители што ме подржуваат и што биле строги кога требало да бидат, што ме натерале да сфатам колку вредам јас и не само јас туку секој човек околу мене, што ме натерале да прифатам и лоши периоди во животот...да одам напред со помислата дека после дождот изгрева сонце!
     
  18. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Се сакам себеси:
    -затоа што сум оптимист
    -затоа што сум упорна
    -затоа што сум амбициозна
    -затоа што имам самодоверба
    -затоа што сум горда
    -затоа што знам што сакам и како да го добијам
    -затоа што знам да ислушам и да давам совети
    -затоа што знам да се забавувам
    -затоа што сум секогаш насмеана колку и да боли
    -затоа што никогаш не се откажувам
    -затоа штоо едноставно сум ЈАС!
     
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.084
    Допаѓања:
    6.786
    Пол:
    Женски
    Се сакам себеси поради тоа што сум храбра во овие тешки семејни моменти,истрајна сум и со ладна глава размислувам како да го решиме проблемот сите заеднички.
    Порано бев поемотивна,сега сум похрабра и порешителна.
     
    На zhap4e, julie77 и sesilija им се допаѓа ова.
  20. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Се сакам себеси бидејки сум интелигентна , искрена личност ,совесна и најмногу бидејки сум порстувала и станувам после секој пораз и сум посилна :)