Се сакам себе си поради: моето најубаво газе тоа што кога нешто сакам нема таа сила да ме спречи да го постигнам тоа мојата снаодливост тоа што не се плашам и да тргнам на крај на свет сама тоа што верувам во себе тоа што ме бива за јазици тоа што знам на прв поглед да ги проценам луѓето околу мене...
Се сакам себеси поради тоа што имам разбирање за сите луѓе што ги сакам во животот,а за жал тие немаат за мене
Се сакам себеси поради тоа што се трудам да бидам една од најдобрите и секогаш успевам во тоа.Се саакам себеси бидејќи имам убави долги нозе.Се сакам бидејќи се трудам да направам нешто за кое што моето семејство би се гордеело, и за се останато што постои кај мене.
Се сакам себеси поради: - искреноста - хуманоста - интелегенцијата - ненаметливоста - амбициозноста - истрајноста - бунтовноста при неправда - одлучноста да ставам КРАЈ кога некој ќе ми ја премина црвената линија - способноста да ги разберам чувствата на другите - способноста да се ставам на ''другата страна'' и да ги погледнам работите од повеќе страни - Фактот што паднав на дното и изгубив се и повторно станав но овојпат како веќе изградена личност - градбата на телото - очите - насмевката
Се сакам себеси поради *преголемата толеранција *тоа што е замислено го правам,никој жив неможит да ме спречит *храброста *поради све што имам проживеано *самодовербата *лудиот начин на кој го поминувам животот
што најчесто ги развеселувам другите (и кога внатрешно сум најразочарана и осамена) интелегентна сум донекаде мислам дека со некои поинтелегентни, подлкабоки машки суштестава би била многу добар другар практична сум умов ми е вистинска енциклопедија секогаш се надевам на подобра иднина бо можела да работам голем број на разлиќни умствени работи и занимања физички сум ок, некогаш убава, некогаш не толку, ама во принцип убавка
Поради тоа што сум посебна. Поради тоа што сум цврста. Поради тоа што останувам кога сите заминуваат, поради тоа што сум искрена. Не ги кријам моите преголеми апетити и амбиции, и немам лажна скромност, истовремено присебна. Се сакам зашто сум праведна. Си ја сакам смислата за хумор и сарказмот. Се сакам кога ги кажувам вистинските зборови кои ја пецкаат душата кога јас тоа го посакувам. Се сакам зашто сум искулирана и позитивна, после се...
Поради тоа што сум една и единствена јас на овој свет (како и секој друг човек што е уникат на овој свет и посебен сам по себе), и затоа што не сум совршена, си ги сакам сите свои мани и доблести. Без нив не би била јас. Кој ме има во својот живот нема да зажали...се надевам
СЕ САКАМ ПОРАДИ самодовербата, интелигентноста, посветеноста кон луѓето, хуманоста, изгледот НЕ СЕ САКАМ ПОРАДИ тоа што не знам да кажам НЕ, премногу трпам, премногу работи премолчувам...
Се сакам себеси поради начинот на кој размислувам Се сакам себеси поради мојата коса и тело Се сакам себеси затоа што умеам многу добро да зборувам англиски јазик
Се сакам себеси заради карактерот.Сметам дека имам иградено силен карактер на издржлива и упорна девојка,така да најмило ми е што сум таква јас. Ах,и поради добро изграденото тело и очите... Спојлер сини Спојлер Инаку не сум нарцис
Никогаш не признавам пред другите дека ми е тешко Секогаш ја собирам последната сила да ја кренам главата.....
кој рече дека се сакам себеси ? хахаха па шо знам се сакам себеси бидејќи не сум некој оптимист,ниту песимист