поради тоа што сум слободна во духот и умот...никого не осудувам,не буричкам во туѓи животи...се смеам и ме прават среќна малите работи како првотот утринско кафе ,нежниот ветар во овие жешки денови,птиците и мн др работи
Аналитичноста, способноста во глава да размонтирам било која ситуација и проблем. Не се плашам од, туку напротив, барам предизвици. Тенденцијата да се форсирам и физички и психички. Тоа што сум директен и без цензура, а и тоа што знам да ги исконтролирам тие мои страни кога мислам дека е потребно. Смислата за хумор. Околу мене луѓето секогаш се смеат. Заштитничкиот нагон кон тие што ми се драги. Многу лесно потемнувам летно време.
Затоа што знам со кој да сум добра со кој не. Искрена сум премногу. И многу добро знам да ги проценам луѓето според изглед. А да, и ради телото, иако иам кило плус. Секси е .
Поради тоа што нема откажување кај мене . Секоја цел си ја остварувам. Нема невозможни работи. Си намислив да го фатам да ми е мој , ете мој ми е. Дури и понекогаш ми здосадува што све си исполнувам
Поради тоа што сум вреденбрзо учам, прифаќам совети кога треба да научам нешто што не знам и поради тоа брзо и ги совладувам работите.
Се сакам себеси поради мојата Несрамежливост Се сакам себеси поради мојата убавина,се зафркавам поради мојата посветеност кон работата што ја работам!!
пред се поради мојата искреност од каде што сметам дека започнува се...а после тоа и тоа што сум добра личност.можеби неблагодарно-но јас тоа го сметам а и си го знам,и други ми кажале...потоа поради тоа што безмилосно се посветувам на пријателите и тие што ми значат нешто. а доколку зборуваме за физички изглед,се сакам заедно со моите дупчиња на образите и блескавата насмевка
Се сакам себеси заради издржливоста од сите удари кои ми ги зададе животот,и заради тоа што се борам до крај за она што го сакам.
Се сакам себе си зошто сум паметна, лична( ), внимавам како се однесувам со другите и на нивните чувства и искрено мислам дека ради тоа и највеќе се сакам...